Ова се нашите совети:
Се наоѓате пред најголемата инвестиција во животот – купување на вашиот прв стан. Поради тоа направивме список на работи што не треба да ги заборавите кога ја носите одлуката.
Легализација, документација, соседи, на која страна се завртени прозорците, дали инсталацијата и изолацијата се како што треба… милион работи на кои мора да се мисли кога се купува станот.
Дали имате доволно средства за свој стан?
Ова прашање сигурно досега сте го решиле и можеби изгледа како вишок на списокот. Сепак, не е доволно само да се купи станот зашто секој кој го имал искуството со „осамостoјувањето“ знае што значи тоа.
Чистење, варосување, кредити, бела техника, кујна по мерка, мебел… Списокот изгледа како да е бескраен и дека секој момент ви треба уште нешто „за дома“. Доколку имате обезбеден фонд за најнеопходните работи за станот, можете да се впуштите во авантурата наречена нов стан. А ако ви е потребна дополнителна поддршка, секогаш можете да ги проверите нашите станбени и потрошувачки кредити.
Гледавте некој поинаку решен простор што многу ве привлекува, но не заборавајте дека тука ќе поминете голем дел од животот. Подобро е да се одлучите за едноставен простор со складни димензии на собите што одговараат на вашиот начин на живот. Затоа, никогаш не заборавајте ги своите приоритети.
Една насока за љубителите на цвеќиња: доколку ги имате во поголем број, тогаш е подобро да барате стан кој се наоѓа на источна страна за да биде изложен на поголема количина светлина. Ако сепак станот е завртен на друга страна, за тоа може да послужи и тераса на која ќе ставите две столици и неколку саксии.
Доколку ви пречи надворешната бучава, подобро е да пронајдете стан кој ќе биде подалеку од прометни улици.
Важно е следниве работи да се наоѓаат блиску до вас, по можност на неколку минути одење пеш:
🔵 Маркет
🔵 Аптека
🔵 Автобуска постојка (иако имате автомобил)
🔵 Амбуланта
🔵 Училиште
За сѐ друго не е проблем малку да повозите или да пешачите. Би било убаво и работното место да не е премногу далеку – внимавајте и на времето што ви треба да стигнете дотаму. Доколку постојат и други места што ви се важни во секојдневниот живот – вклучете ги и нив во пресметките.
Проверете дали во близина се гради нешто или некој има намера нешто да гради, бидејќи тоа може да ја одземе светлината од вашите прозорци.