Ненад Периш во солзи: Матеј ја заврши својата приказна на оваа земја
Ненад Периш во солзи: Матеј ја заврши својата приказна на оваа земја
Средба Ковачевски - Савада: Заинтересираност од Јапонија за инвестиции и силна поддршка за евроинтеграциите и обединета Европа
Средба Ковачевски - Савада: Заинтересираност од Јапонија за инвестиции и силна поддршка за евроинтеграциите и обединета Европа
Економскиот институт - Скопје, како единица на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на 18.5.2022 година со пригодна свеченост одбележа 70 години од своето постоење
Економскиот институт - Скопје, како единица на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на 18.5.2022 година со пригодна свеченост одбележа 70 години од своето постоење
Самит Македонија 2025: Дигитализацијата, регионалната соработка и вложувањето во иновации клучни за закрепнување на економијата
Самит Македонија 2025: Дигитализацијата, регионалната соработка и вложувањето во иновации клучни за закрепнување на економијата
Музејот „Матка“ повторно отворен за посетители - Меѓународниот ден на музеите одбележан со работилница за обновливи извори на енергија
Музејот „Матка“ повторно отворен за посетители - Меѓународниот ден на музеите одбележан со работилница за обновливи извори на енергија
Грант од 2,2 милиони евра од германската КФБ банка за Кавадарци: Градот ќе биде градилиште со месеци, но добива трајна инвестиција
Грант од 2,2 милиони евра од германската КФБ банка за Кавадарци: Градот ќе биде градилиште со месеци, но добива трајна инвестиција
САД бара ЕУ да воведе царини за руската нафта
САД бара ЕУ да воведе царини за руската нафта
МВР: Санкционирани 40 возила за јавен превоз на територија на цела држава, 16 со неисправни сопирачки
МВР: Санкционирани 40 возила за јавен превоз на територија на цела држава, 16 со неисправни сопирачки

Комерцијална до Јовески: Не ја кажуваш вистината, ОЈО се согласило за гаранцијата на Мијалков, банката се обезбеди со дополнителен имот, на крај апелација го ослободи Мијалков, а не банката

Апелациониот суд донесе одлука со којашто го ослободи поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, а не Комерцијална банка, реагираат од банката откако во јавноста се отвори дебата како банката и дала предност на државата на дел од имотот што го даде Мијалков како гаранција и по интервјуто на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески во кое тој изразува сомнеж на согласноста што ја дала банката.

–По барање на Бест Веј како хипотекарен должник за гаранцијата за Сашо Мијалков, а и по барањата на Обвинителството, во два наврати, во мај и во октомври 2021 година, Комерцијална банка само се согласи државата да има прв приоритет над понудениот имот (наместо приоритетот на Комерцијална банка) и Комерцијална банка да стане доверител од втор ред.

На товар на тоа што одобри државата да има прв приоритет, Комерцијална банка од хипотекарниот должник побара и доби ново дополнително обезбедување во хартии од вредност (акции) и градежно земјиште, објаснуваат од банката.

Тие го демантираат тврдењето на Јовески дека Обвинителството во целата постапка што се водела за понудената гаранција зазело цврст став да не се прифати понудената гаранција.

-Едноставно, ова воопшто не е точно. Впрочем, уште во мај 2021 година, Обвинителството се согласи да ја прифати понудената гаранција.

Всушност, Обвинителството го прифатило понудениот имот со прв приоритет на државата како гаранција. Доколку денес извадите имотни листови од Катастарот за понудените недвижности и опрема, ќе видите дека државата е запишана како доверител од прв ред, а Комерцијална банка од втор ред и затоа сега нема потреба од никакви замајувања и дезинформации, додаваат од банката.

Тие реагираат и на тоа што Обвинителството прво побарало од Комерцијална да даде согласност државата да биде доверител од прв ред. – А кога Комерцијална банка ја издава таа согласност, тогаш Државниот јавен обвинител бара Народната банка да испита дали некој во Комерцијална банка излегол вон рамките на своите службени овластувања. Навистина мора да се признае дека ова делува „шашаво“, а дали ќе функционира – ќе видиме, порачуваат од банката.

Според нив, ваквата специфична согласност за давање приоритет во хипотеките е предмет на редовно работење и законска надлежност на Банката.

–Одлуката за одобрување прв приоритет на државата, согласно Кредитната политика и овластувања на Комерцијална банка, е предложена од Секторот за кредитирање на стопанството, одобрена од сите надлежни нивоа на одлучување (Управниот одбор, Кредитниот одбор, Одборот за управување со ризици) и на крај потврдена и од Надзорниот одбор на Банката како орган со најголеми кредитни овластувања, по што е издадена соодветна Изјава–Согласност од страна на надлежни лица од Секторот за кредитирање на стопанство и Секторот за правни работи. При тоа, ниеден службеник не излегол вон рамките на своите службени овластувања, потенцираат од банката.

Фокус претходно побара одговор од Комерцијална банка зошто банката се откажала од хипотеката, но во одговорот од банката тврдат дека тие не се откажале од хипотеката, туку само дале согласност државата да има прв приоритет во случај не бегство.

–Комерцијална банка во овој случај, кој што е редок од ваков вид, не се има откажано од хипотеката, туку само дозволи државата да има прв приоритет на хипотеката единствено во случај на бегство. Основен критериум во ваков случај е дали Банката има во хипотека и друг имот кој би бил доволен за да се намират нејзините побарувања, се вели во одговорот на банката до Фокус.

Од Народната банка пак за Фокус одговорија дека во овој случај ќе постапуваат согласно со своите законски надлежности како супервизорски орган на банките.

Минатата недела Апелацискиот суд донесе одлука Мијалков да се брани од слобода откако неговата одбрана поднесе жалба на решението да му биде одреден притвор за „Плацевите на Водно“.

Претходно Мијалков на неколку часа доби слобода откако Апелација му ја прифати понудената гаранција од 11 милиони евра и го ослобди од притвор за случајот „Трезор“. Но, Обвинителството веднаш побара да му биде одреден притвор за другиот предмет „Плацеви на Водно“. Сепак, Апелација повторно го ослободи и Мијалков од пред Нова Година правосилноста на двете пресуди за масовното прислушување и за „Трезор“ ги чека на слобода.

Откако Мијалков беше ослободен, Јовески во интервју го спореше тоа што на дел од имотот што Мијалков го понудил во гаранцијата, била воспоставена хипотека од Комерцијална банка Скопје.

– Во постапката Комерцијална банка Скопје даде согласност дека сака да биде доверител од втор ред, додека државата да биде доверител во делот на гаранцијата од прв ред, потоа таа согласност ја повлече и одново даде таква согласност.

Со оглед на тоа што за одобрување на кредитите има посебна постапка и интерни упатства и процедури, а Народната банка се грижи за функционирање на банкарскиот систем во земјата, сметам дека Народна банка треба да испита дали со оваа согласност некој излегол вон рамките на своите службени овластувања, или пак се доведени во прашање интересите на другите комитенти на банката, порача Јовески.

loading...

Aniwatch - Free Anime Streaming Online - Aniwatch Official. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

BANANA FISH Episode 16

Demon Slayer: Entertainment District Arc Episode 1

online anime WONDER EGG PRIORITY

animes online Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation

anime streaming Josee, the Tiger and the Fish

tải go88