МЗ: ДСЗИ не констатира недостатоци во модуларните болници
МЗ: ДСЗИ не констатира недостатоци во модуларните болници
Тензии на косовско-српската граница поради регистерски таблички
Тензии на косовско-српската граница поради регистерски таблички
(ВИДЕО) ПОЧНА ДУЕЛОТ НА КАНАЛ 5: ЗАЕВ И МИЦКОВСКИ ВО ПРЕДИЗБОРНО СООЧУВАЊЕ
(ВИДЕО) ПОЧНА ДУЕЛОТ НА КАНАЛ 5: ЗАЕВ И МИЦКОВСКИ ВО ПРЕДИЗБОРНО СООЧУВАЊЕ
ГРАД СКОПЈЕ ПРВ ВО РЕГИОНОТ СО СТРАТЕШКИ ПЛАН ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА РИЗИЦИ ОД КАТАСТРОФИ
ГРАД СКОПЈЕ ПРВ ВО РЕГИОНОТ СО СТРАТЕШКИ ПЛАН ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА РИЗИЦИ ОД КАТАСТРОФИ
(ВИДЕО) Општина Ѓорче Петров одбележува 25 години самостојна локална самоуправа
(ВИДЕО) Општина Ѓорче Петров одбележува 25 години самостојна локална самоуправа
(ВИДЕО) МЕНАЏЕР ЗА ПРИМЕР: ЖИВКО МУКАЕТОВ СЕ ПОКЛОНИ ПРЕД СИТЕ СЕГАШНИ И ПОРАНЕШНИ ВРАБОТЕНИ НА ФАРМАЦЕВТСКИОТ ГИГАНТ АЛКАЛОИД КОЈ СЛАВИ 85 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ
(ВИДЕО) МЕНАЏЕР ЗА ПРИМЕР: ЖИВКО МУКАЕТОВ СЕ ПОКЛОНИ ПРЕД СИТЕ СЕГАШНИ И ПОРАНЕШНИ ВРАБОТЕНИ НА ФАРМАЦЕВТСКИОТ ГИГАНТ АЛКАЛОИД КОЈ СЛАВИ 85 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ
(ВИДЕО) „АЛКАЛОИД“ слави 85-години јубилеј: Нашите брендови се супериорни, рамо до рамо со светските!
(ВИДЕО) „АЛКАЛОИД“ слави 85-години јубилеј: Нашите брендови се супериорни, рамо до рамо со светските!
(ВИДЕО) ПОВЕЌЕ ПОРТАЛИ И НОВИНАРИ ЈА ИЗВРТУВААТ ДЕНЕШНАТА ИЗЈАВА НА ПРЕМИЕРОТ, СЛУШНЕТЕ ЈА САМИТЕ И ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА НЕ СЕ ТОЧНИ МАНИПУЛАЦИИТЕ
(ВИДЕО) ПОВЕЌЕ ПОРТАЛИ И НОВИНАРИ ЈА ИЗВРТУВААТ ДЕНЕШНАТА ИЗЈАВА НА ПРЕМИЕРОТ, СЛУШНЕТЕ ЈА САМИТЕ И ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА НЕ СЕ ТОЧНИ МАНИПУЛАЦИИТЕ

КОМИЧЕН ПРЕС НА ЗАХАРИЕВА ПОЛН СО ЛАГИ И НЕБУЛОЗИ: ТАЗИ ВЕТО НЕ Е ВЕТО, ИСТОРИСКАТА КОМИСИЈА РАБОТИ ПО ПОЛИТИЧКИ ДИКТАТ ИАКО ТИЕ СЕ МЕШААТ ВО НЕЈЗИНАТА РАБОТА, ВЕТОТО Е ПОРАДИ НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ, ИАКО ОНИ БАРААТ АНЕКС И НОВ ДОГОВОР, ОБВИНИ ЗА АНТИ БУГАРСКА ОМРАЗА ИАКО ОНИ НИ ОПНАА ВЕТО И ИЗЈАВУВААТ ДЕКА СМЕ КОМИНТЕРНОВСКА ТВОРБА И ЈАЗИКОТ НИ Е БУГАРСКИ ДИЈАЛЕКТ?!?!

Бугарија е подготвена да ги продолжи разговорите со Република Северна Македонија за решавање на споровите меѓу Скопје и Софија. Ова го соопшти министерката за надворешни работи Екатерина Захариева по средбата со специјалниот претставник на Скопје, Владо Бучковски.

Ова е прва официјална посета на Специјалниот пратеник на Владата на Република Северна Македонија на главниот град на Бугарија. Утре Бучковски ќе се сретне со премиерот Бојко Борисов и претседателот Румен Радев. Се очекува да разговара и со министерот за одбрана Красимир Каракачанов, како и со лидерот на социјалистите Корнелија Нинова.

– Ние продолжуваме со разговорите за изнаоѓање на одржливо и конечно решение за преостанатите отворени прашања во билатералните односи. Како и изнаоѓање излез, да и се отвори патот на Република Северна Македонија за рамката за преговори и почеток на вистински преговори за членство во ЕУ – рече Захариева.

Таа истакна дека продолжуваат разговорите за изнаоѓање решение за преостанатите билатерални прашања со С. Македонија, како и излез за патот на нашата земја кон преговарачката рамка за нејзино членство во ЕУ.

– Ова погрешно се нарекува вето, затоа што всушност е неодобрување на рамката за преговори. Ние сме во деликатна фаза од нашата врска. И обете страни сме разочарани, поради фактот што рамка за преговори не беше одобрена во овој момент – додаде минисерката.

– Убедена сум дека единствениот прагматичен, искрен и добронамерен пристап ќе доведе до надминување на акумулираната недоверба и достигнување на изгубеното време во последните најмалку 18 месеци – додаде таа.

– Ние ќе подадеме рака на Северна Македонија да најде заеднички прифатливи и трајни решенија и да го отвориме патот за нови односи засновани на доверба. Да се ​​биде членка на ЕУ значи дека треба да се придржувате кон вашите билатерални или мултилатерални договори – заклучи Захариева, повикувајќи ги двете страни да разговараат повеќе меѓусебно, отколку со медиумите, а исто така повика на ставање крај на употребата на историската комисија за политички цели.

Таа нагласи дека бугарската позиција за неодобрување на преговарачката рамка се должи на, како што рече, неспроведуваењето на Договорот за добрососедство од 2017 година.

– Ги предупредуваме нашите соседите за ова веќе година и половина. Тие се неколку работи. Блокирање и политизација на работата на Комиисијата за историски и образовни прашања, административни пречки за бугарскиот бизнис, неофицијална поддршка на поединци и организации со тврдења за посотење на македонско малцинство во Бугарија и недостиг на напредок, односно значително одложување на Коридорот 8, додаде Захариева.

Таа потенцира дека Скопје и Софија покажале оти може да имаат добра координација за време на копретседавањето со Берлинскиот процес и треба да се искористи тоа искуство за враќање на загубената доверба чекор по чекор и за „запрање деструктивниот пристап“.

– Видливо е до каде се стигна со антибугарската кампања, обидите да се дискредитира Бугарија во сите организации, тврдењето дека ставање вето или дека поради нас и Албанија ќе биде запрена и други невистинити работи. Секако ова не помага, но го попречува градењето доверба. Оваа стратегија е неприфатлива за нас, но исто така непродуктивна, убедена сум дека само добронамерниот пристап ќе доведе до надминување на акумулираната недоверба. Ние навистина ви пружиме рака да најдеме решенија кои се заемно прифатливи и трајни и да го отворите патот за нови односи, додаде Захариева.

Таа нагласи дека изградбата на довербата им дала сила на премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов да преговараата и да го потпишат Договорот за добрососедство.

– Се надевам, господине Бучковски, дека работите за кои разговаравме денеска ќе бидат вреднувани и ќе најдеме начин да го направиме заедно она што преостанува, истакна Захариева обраќајќи се кон Бучковски.

Според неа, да се ​​биде членка на ЕУ значи дека треба да се почитуваат склучените билатерални или мултилатерални договори.

– Кога сакате да станете членка на едно семејство, апсурдно е да сакате да се зачлените, а единствена задача е да ви биде дискредитирање на членовите на тоа семејство. Целта на проширувањето е да се направи ЕУ посилна, а не послаба, порача Захариева.

loading...

Website https://animetv.cc: Watch Dokidoki! Precure Movie: Mana Kekkon!!? Mirai ni Tsunagu Kibou no Dress animetv Episode Full watch anime free

WCOStream: Attack No.1 (1970) anime episode Full online free at https://wcostream.cc wcostream dragon ball z

The Mysterious Cities of Gold (Dub) (https://animekisa.in/m/jvZK) Episode 39

GoGoAnime: Gaiking II (Dub) anime episode Full online free at https://gogoanime.be anime online

Kissanime6 doodlekit: https://kissanime6.doodlekit.com/home#

Wordlab: https://www.wordlab.com/forums/users/animefreakws/