Тренчевска: Ги повикувам општините да аплицираат на јавниот повик за развој на социјални услуги на локално ниво, кои се во интерес на сите граѓани
Тренчевска: Ги повикувам општините да аплицираат на јавниот повик за развој на социјални услуги на локално ниво, кои се во интерес на сите граѓани
Николовски на жетва на јачмен во светиниколско - Постигнавме висока откупна цена и очекуваме добар принос од 140 000 тони
Николовски на жетва на јачмен во светиниколско - Постигнавме висока откупна цена и очекуваме добар принос од 140 000 тони
Николовски на средба со Мрежа на земјоделски задруги по повод Меѓународниот ден на задругарството
Николовски на средба со Мрежа на земјоделски задруги по повод Меѓународниот ден на задругарството
7. ГОДИНА ПО РЕД – 100 БЕСПЛАТНИ ПРЕГЛЕДИ НА БЕНКИ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“
7. ГОДИНА ПО РЕД – 100 БЕСПЛАТНИ ПРЕГЛЕДИ НА БЕНКИ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“
Потпишани договори со ЕБОР за финансирање на изградбата на автопатот Скопје-Блаце и фотонапонските електрани Осломеј 2 и Битола
Потпишани договори со ЕБОР за финансирање на изградбата на автопатот Скопје-Блаце и фотонапонските електрани Осломеј 2 и Битола
(ВИДЕО) ПОЈАСНА ПОРАКА ОД ОВА ЗДРАВЈЕ: ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ, МИНИСТЕРКАТА ЗА ОДБРАНА ПЕТРОВСКА И АМЕРИКАНСКА АМБАСАДОРКА БРНЗ ДЕНЕСКА ЗАЕДНО НА НОСАЧОТ НА АВИОНИ НА НУКЛЕАРЕН ПОГОН, ХАРИ ТРУМАН
(ВИДЕО) ПОЈАСНА ПОРАКА ОД ОВА ЗДРАВЈЕ: ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ, МИНИСТЕРКАТА ЗА ОДБРАНА ПЕТРОВСКА И АМЕРИКАНСКА АМБАСАДОРКА БРНЗ ДЕНЕСКА ЗАЕДНО НА НОСАЧОТ НА АВИОНИ НА НУКЛЕАРЕН ПОГОН, ХАРИ ТРУМАН
Приведен криминалец од струмичко, пронајдени вредни археолошки предмети
Приведен криминалец од струмичко, пронајдени вредни археолошки предмети
Откажан концертот на ,,Whitesnake” во Скопје!
Откажан концертот на ,,Whitesnake” во Скопје!

Кондовски ја има поддршката од НСДП и битолскиот огранок на ДУИ

Христо Кондовски ја има целосната поддршка од нас како партија, за кандидат за градоначалник на Битола, порача претседателот на НСДП Тито Петковски по средбата со Кондовски.

“ Сакам да ја искажам нашата поддршка за заедничкиот кандидат Христо, бидејќи ги има сите предиспозиции да го води градот. На овие избори ние бираме локална самоуправа, луѓето што ќе го водат и менаџираат градот. Значи не лидерите на партиите, туку еден човек ќе го менаџира градот. Ако сакате фото робот за тоа како треба да изгледа еден градоначалник на еден голем град ,како што е Битола, тоа е Христо. Прво е сопруг, татко, родител, ваш сограѓанин без дамка на себе. Зад себе има богато искуство како бизнисмен и професионален живот”, рече Петковски правејќи споредба меѓу Христо Кондовски и противкандидатот од ВМРО ДПМНЕ Тони Коњановски. Па, Петковски се прашува од каде толку лекари пројавија желба да се занимаваат со политика наместо за помагаат во здравството.

“ Наспроти Христо имате човек лекар и толку, тој треба да помага на луѓето од сферата на здравство, и тој ги нема тие способности и потенцијалот да менаџира со градот подобро од човек што менаџира фирма, вработува и обезбедува со плата голем број на семејства како што е Христо. Не знам каде толку испаднаа мераклии лекарите за политиката, не велам само за Битола, туку општо?! Значи од одличен лекар испаѓа просечен политичар”, рече Петковски.

Според него битолчани имаат шанса да го изберат најдобриот градоначалник.

“ Граѓаните ако се лути на централната политика на власта не треба да го казнуваат Христо, туку треба да го изберат како најдобар градоначалник. Партиите не треба да се мешаат во водењето на градот, туку да се гледа квалитетот на човекот кој што ќе го води градот”, рече Петковски.

Претседателот на НСДП смета дека Зоран Заев како лидер на СДСМ го направил вистинскиот потег кога одлучил наместо политичар за кандидат за градоначланик на Битола да избере човек од бизнисот и реалниот сектор.
“ Изборот на Христо е еден од најуспешните потези на Заев, што се определи за таков човек. Во некои скандинавски држави е забрането градоначалникот да има партиско и политичко искуство. Тој ќе биде татко на градот на сите граѓани”, рече Петковски.

„ Особено ги почитувам ставовите на претседателот Тито Петковски околу тоа како треба да се одвиваат и како се одвивале локалните избори во нашата држава, посебно во нашата општина. Тој е еден искусен и државотворен политичар и затоа какао што кажав ги ценам неговите ставови. Во нашиот фокус во периодот е обединувањето, со ова даваме јасна порака дека се обединуваме, дека сме еднои прогресивни, конститутивни и државотворни сили, кои во иднина ќе ја менаџираат Битола заедно со сите коалаициони партнери“, рече Христо Кондовски, кандидат за градаоначалник од СДСМ и коалицијата.

Кондовски денеска се сретна и со Претседателот на битолскиот огранок на ДУИ, Љутфи Ахмети и со советничката во Советот на Општина Битола, Мерита Исмаили. На средбата беше потврдена заложбата на коалицискиот партнер на СДСМ за обединување кое ќе донесе победа во Битола.

loading...

go88 đặt máy chủ ở đâu go88 game go88 info

sunwin nghia la gi