Шефот одговорен за Суецкиот Канал, адмирал Раби денеска изјави за медиумите дека бродот е свртен за 300 стапки од брегот и се очекува со плимата која ќе се случи денеска бродот да се крене од дното на каналот и да почне да плови и да го отвори пак Суецкиот канал по една недела блокада која предизвика над 300 бродови да чекаат да поминат низ каналот.
Ако останеше бродот уште една недела ќе имаше опасност за кревање на цените на берзите за нафта и хартија затоа што низ каналот поминува нафтата од Саудиска Арабија и суровината за хартија и тоалетна хартија од Бразил како и многу други суровини и производи кои се прават на југот од земјината топка и потоа се носат кон Европа, Турција и Русија.