(ВИДЕО) ЗАЕВ ЗГРМЕ ОД БРИСЕЛ: Ние сме народ со гордост - никој не смее да си игра со македонскиот индентитет!
(ВИДЕО) ЗАЕВ ЗГРМЕ ОД БРИСЕЛ: Ние сме народ со гордост - никој не смее да си игра со македонскиот индентитет!
СО ВАКВИ ЛИ ЌЕ ИДЕМЕ ВО ЕВРОПА, СО ВАКВИ ЌЕ ИДЕМЕ САМО ВО ЏУНГЛИТЕ ВО ЦЕНТРАЛНА АФРИКА: ПА ДОБРО БЕ ЧОВЕЧЕ ДАЛИ СИ ТИ НОРМАЛЕН?!?!
СО ВАКВИ ЛИ ЌЕ ИДЕМЕ ВО ЕВРОПА, СО ВАКВИ ЌЕ ИДЕМЕ САМО ВО ЏУНГЛИТЕ ВО ЦЕНТРАЛНА АФРИКА: ПА ДОБРО БЕ ЧОВЕЧЕ ДАЛИ СИ ТИ НОРМАЛЕН?!?!
(ВИДЕО) ИСТОРИСКА УТАКМИЦА: ЦРВЕНА ЅВЕЗДА ПРОТИВ БАЕРН МИНХЕН НА МАРАКАНА ПРЕД 100 000 НАРОД ВО 1979-ТА, ПУБЛИКАТА Е ТОЛКУ ГЛАСНА ШТО ТВ ВОДИТЕЛОТ СЕ ДЕРЕ И ПАК НИШТО НЕ СЕ СЛУША!
(ВИДЕО) ИСТОРИСКА УТАКМИЦА: ЦРВЕНА ЅВЕЗДА ПРОТИВ БАЕРН МИНХЕН НА МАРАКАНА ПРЕД 100 000 НАРОД ВО 1979-ТА, ПУБЛИКАТА Е ТОЛКУ ГЛАСНА ШТО ТВ ВОДИТЕЛОТ СЕ ДЕРЕ И ПАК НИШТО НЕ СЕ СЛУША!
(ВИДЕО) ИСТОРИСКА УТАКМИЦА: ЦРВЕНА ЅВЕЗДА СО НАШИОТ КИРИЛ ДОЈЧИНОВСКИ ГО ПОБЕДУВА ЛИВЕРПУЛ 3 СПРЕМА 1 НА ЕНФИЛД ПРЕД 45 000 ПУБЛИКА!
(ВИДЕО) ИСТОРИСКА УТАКМИЦА: ЦРВЕНА ЅВЕЗДА СО НАШИОТ КИРИЛ ДОЈЧИНОВСКИ ГО ПОБЕДУВА ЛИВЕРПУЛ 3 СПРЕМА 1 НА ЕНФИЛД ПРЕД 45 000 ПУБЛИКА!
(ВИДЕО) ПИКСИ: НАМЕСТО ЈАС ДА ДАДАМ ГОЛ, ПОУБАВО МИ БЕШЕ НА ДУШАТА ДА МУ НАМЕСТАМ НА ПАНЧЕВ ДА ЗАБИЕ ГОЛ, АМА ТОЈ ПА СЕКОГАШ МИ ВИКАШЕ ФАЛА ЗА АСИСТЕНЦИИТЕ
(ВИДЕО) ПИКСИ: НАМЕСТО ЈАС ДА ДАДАМ ГОЛ, ПОУБАВО МИ БЕШЕ НА ДУШАТА ДА МУ НАМЕСТАМ НА ПАНЧЕВ ДА ЗАБИЕ ГОЛ, АМА ТОЈ ПА СЕКОГАШ МИ ВИКАШЕ ФАЛА ЗА АСИСТЕНЦИИТЕ
КОМЕДИЈА ДЕЛ АРТЕ НА СУДСКИОТ ПРОЦЕС ЗА БОНЕВА И ПАТАРИНИТЕ: Удар во зајак и куче, исечени гуми, обиди да ја истуркаат од патот: 9-те сообраќајки на Бонева
КОМЕДИЈА ДЕЛ АРТЕ НА СУДСКИОТ ПРОЦЕС ЗА БОНЕВА И ПАТАРИНИТЕ: Удар во зајак и куче, исечени гуми, обиди да ја истуркаат од патот: 9-те сообраќајки на Бонева
ПАДНА ДОГОВОР: АРМИСКИТЕ И ПОЛИЦИСКИ ХЕЛИКОПТЕРИ ЌЕ СЕ РЕНОВИРААТ СО НАЈСОВРЕМЕНА ОПРЕМА ВО ЧЕШКА
ПАДНА ДОГОВОР: АРМИСКИТЕ И ПОЛИЦИСКИ ХЕЛИКОПТЕРИ ЌЕ СЕ РЕНОВИРААТ СО НАЈСОВРЕМЕНА ОПРЕМА ВО ЧЕШКА
ЛЕТЕЧКАТА АМЕРИКАНСКА ТВРДИНА AC-130 НАОРУЖАНА СО МИТРАЛЕЗИ РАКЕТИ И БОМБИ ДЕНЕСКА СИМУЛИРАШЕ ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА НА ВОЕНИОТ ПОЛИГОН КРИВОЛАК
ЛЕТЕЧКАТА АМЕРИКАНСКА ТВРДИНА AC-130 НАОРУЖАНА СО МИТРАЛЕЗИ РАКЕТИ И БОМБИ ДЕНЕСКА СИМУЛИРАШЕ ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА НА ВОЕНИОТ ПОЛИГОН КРИВОЛАК

КОНЕЧНО НЕКОЈ ВО ЕВРОПА ЗАСТАНА ВО НАША ОДБРАНА – НЕПРИФАТЛИВА Е ИДЕЈАТА ДЕКА МАКЕДОНИЈА ИМА ОБВРСКА ДА ГИ ИСПРАВИ НАВОДНИТЕ ПОГРЕШНИ ТОЛКУВАЊА НА ИСТОРИЈАТА, ВЕЛАТ ЧЕШКА И СЛОВАЧКА

Министрите за надворешни работи на Чешка и Словачка Томаш Петричек и Иван Корчок. (Фото: Фејсбук)

ЕУ не треба да биде судија за историските прашања, велат министрите за надворешни работи на Чешка Томаш Петричек и на Словачка Иван Корчок, во заедничкиот текст објавен денеска во ЕУ Обзервер. Министрите во текстот ја објаснуваат позицијата на своите земји кои лани во декември се спротиставија на предлог-заклучокот за проширувањето на ЕУ на Европскиот совет, со аргумент дека така со тоа спречиле процесот на проширувањето да се вовлече во историски прашања, а ЕУ во улога на арбитер.

На 17 декември лани, обајцата министри излегоа со заеднички став дека нивните земји нема да дозволат Европската унија „да биде судија за нашата заедничка историја, како се идентификуваме или на кој јазик зборуваме“, откако во завршниот текст на заклучоците, на барање на Бугарија беше ставена фразата „погрешно толкување на историјата“, а Чешка и Словачка сметаат дека тоа е штетно и ќе предизвика компликации.

Во денешниот текст, тие велат дека нивниот фокус сега е на земјите од Западен Балкан со цел да се осигура стабилност на нивните најблиски соседи. Во таа смисла, тие сметаат пристапот кон Северна Македонија е пример за тоа како ЕУ праќа мешани сигнали кон земјите аспиранти за членство во Унијата.

„Во 2019, одлуката на Европскиот совет за почеток на преговори со Северна Македонија беше одложена не еднаш туку двапати. А потоа лани, Северна Македонија се соочи со уште една препрека, и повторно од неа се бара да прифати барања поврзни со нејзиниот национален идентитет. Уште повеќе, лани есента, беше поставено ново и навистина изненадувачко барање – ЕУ да стане колективен судија на историските интерпретации – за тоа што е исправно, погрешно, вистина или лага во последните стотици години на историјата на Балканот. Пред сè, на крајот на годината имаше барање овој суд да стане формален дел на пристапните критериуми. Ова ќе ја претвори ЕУ во арбитер на националните истории“, велат министрите Петричек и Корчок.

„Поради тоа не поддржуваме каква било насока која ќе санкционира интерпретација на историските прашања. Неприфатливa е идејата дека Северна Македонија има обврска да ги исправи наводните погрешни толкувања на историјата. Дополнителни услови ќе отворат пат за идни билатерални барања кои потенцијално ќе го комплицираат целиот процес во наредните години, па и децении“, велат двајцата министри.

Тие укажуваат дека проширувањето на ЕУ последниов период стана нешто што треба да се држи настрана додека Унијата не ги реши своите проблеми. Сметаат дека таквата амбвалентност ќе им користи на националистите и изолационистичката реторика во нивното соседство, што нема да биде во интерес на ЕУ и што за возврат може да предизвика бројни опасни триења и конфликти. Министрите велат дека на ЕУ ѝ требаат конкретен и догледен процес за проширување заснован на мерливи критериуми, јасни обврски и политичка волја, а дека мора да се избегне воведување елементи кои имаат висок степен за интерпретација и емоции.

„ЕУ не е тука да утврди кој е во право, а кој не за прашања во врска со историјата, јазикот или идентитетот. ЕУ е заснована на разновидност, не на судење и категоризација. Отворените историски билатерални прашања терба да се решат билатерално. Тоа не е лесен или кус процес, но може да се направи. Го знаеме тоа од нашето лично искуство. Убедени сме дека како и секогаш пречките ќе се надминат, и дека ќе може да преминеме на следните чекори, односно да работиме под претседателството на Португалија за консензус за преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија“, заклучуваат министрите Петричек и Корчок.

loading...

AnimeDao watch anime: Watch Attack on Titan Final Season Episode 6 (https://animedao.nl/m/1zrO/ep-6)

4Anime persona 4 the animation online: Watch One Piece (Dub) Episode 603 (https://4anime.biz/m/924/ep-603)