Во подружницата „Енергетика“ за време на грејната сезона на потрошувачите на топлинска енергија на располагање се ставени следните контакти:
-Дефекти и протекување, 24-часа и седум дена во неделата на тел.бр.071 313 405.
-Центар за грижа на корисници: (понеделник-петок) од 07.00ч. до 19.00ч. на тел.бр.02 3104 816,
-Рекламации за квалитет на греење: (понеделник- петок) од 07.00ч. до 19.00ч. на тел.бр.02 3104 872. Лица за контакт: Мустафа Рустеми, Ванчо Панчевски, Харбин Рамадани и Јагода Стојаноска.
-Пријава на дефекти:(понеделник-петок) од 07.00ч. до 15.00ч. на тел.бр.02 3104 879. Лице за контакт: Зоран Димитровски.
,,Енергетика” почна со испорака на топлинска енергија на 15 октомври за корисниците во скопските населби Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром.
Парно греење добија 3700 домаќинства, детски градинки, основни и средни училишта и деловни субјекти