БРАВО ВЕНКО ФИЛИПЧЕ, ПРОДОЛЖИ ВАКА - НА КЛИНИКАТА ЗА ОРТОПЕДСКИ БОЛЕСТИ ПРВПАТ НАПРАВЕНА ЕКСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКИ И КОСКЕНИ ТКИВА ОД ПОЧИНАТ ДОНОР
БРАВО ВЕНКО ФИЛИПЧЕ, ПРОДОЛЖИ ВАКА - НА КЛИНИКАТА ЗА ОРТОПЕДСКИ БОЛЕСТИ ПРВПАТ НАПРАВЕНА ЕКСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКИ И КОСКЕНИ ТКИВА ОД ПОЧИНАТ ДОНОР
Можност повеќе за сите оние кои во иднина сакаат да студираат на најелитните универзитети во светот - ПСУ "Јахја Кемал" објавува конкурс за доделување на стипендии за средно образование.
Можност повеќе за сите оние кои во иднина сакаат да студираат на најелитните универзитети во светот - ПСУ "Јахја Кемал" објавува конкурс за доделување на стипендии за средно образование.
(ВИДЕО) ЗА ИМИТАЦИИ НА МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ФАЦИ, ЖАРЕ Е НЕНАДМИНАТ, ПОЧЕСТО ТРЕБА ОВА ДА ГО ПРАВИ...
(ВИДЕО) ЗА ИМИТАЦИИ НА МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ФАЦИ, ЖАРЕ Е НЕНАДМИНАТ, ПОЧЕСТО ТРЕБА ОВА ДА ГО ПРАВИ...
Семејството Стајиќ донира 1 милион денари на семејството Белчовски кои изгубија ќерка а потоа ги донираа нејзините органи за да се спасат животи
Семејството Стајиќ донира 1 милион денари на семејството Белчовски кои изгубија ќерка а потоа ги донираа нејзините органи за да се спасат животи
ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ: ЗА АФЕРАТА СО ПАСОШИТЕ ТРЕБА ОДГОВОРНОСТ И ОД ПОЛИЦИСКИ НАЧАЛНИЦИ И ШЕФОВИ НА ОДДЕЛИ ВО АГЕНЦИИТЕ ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ И КОНТРАРАЗУЗНАВАЊЕ!
ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ: ЗА АФЕРАТА СО ПАСОШИТЕ ТРЕБА ОДГОВОРНОСТ И ОД ПОЛИЦИСКИ НАЧАЛНИЦИ И ШЕФОВИ НА ОДДЕЛИ ВО АГЕНЦИИТЕ ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ И КОНТРАРАЗУЗНАВАЊЕ!
ЌЕ СЕ ПРОВЕРУВААТ АНТИТЕЛА ЗА КОВИД-19 НА ДРЖАВЕН ТРОШОК, НО ЌЕ ИМА КАТЕГОРИИ КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ИСПИТУВА, КАЖА ФИЛИПЧЕ
ЌЕ СЕ ПРОВЕРУВААТ АНТИТЕЛА ЗА КОВИД-19 НА ДРЖАВЕН ТРОШОК, НО ЌЕ ИМА КАТЕГОРИИ КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ИСПИТУВА, КАЖА ФИЛИПЧЕ
ОБИД ЗА УБИСТВО ВРЗ КАЈМАКОВСКИ: Пренесен во болница, поранешната сопруга му дала кафе и му се слошило
ОБИД ЗА УБИСТВО ВРЗ КАЈМАКОВСКИ: Пренесен во болница, поранешната сопруга му дала кафе и му се слошило
ОРЦЕ КАМЧЕВ СО СВОИТЕ АДВОКАТИ И БЛИСКИ НОВИНАРИ КАКО ДА ЗАГОВАРА НОВ УСТАВ - ГРАЃАНИ ОД ПРВ И ГРАЃАНИ ОД ВТОР РЕД ВО ЗЕМЈАВА?!?!
ОРЦЕ КАМЧЕВ СО СВОИТЕ АДВОКАТИ И БЛИСКИ НОВИНАРИ КАКО ДА ЗАГОВАРА НОВ УСТАВ - ГРАЃАНИ ОД ПРВ И ГРАЃАНИ ОД ВТОР РЕД ВО ЗЕМЈАВА?!?!

КОРОНАТА СКАПО ЌЕ НЕ ЧИНИ: Издадена е осмата еврообврзница од 700 милиони евра со каматна стапка од 1,625 отсто

Република Северна Македонија денеска ја издаде осмата по ред еврообврзница. Еврообврзницата е во вредност од 700 милиони евра со рочност од седум години и е издадена по историски најниска каматна стапка од 1,625%. Ќе се искористи за рефинансирање на третата еврообврзница од 2014 година во вредност од 500 милиони евра. Нето-повлекувањето по основ на оваа еврообврзница е 200 милиони евра, соопшти Министерството за финансии.

„Исклучително поволната каматна стапка, и покрај ковид-кризата, е резултат на прудентните макроекономски политики и зачуваниот кредитен рејтинг на земјата. Задржувањето на кредитниот рејтинг, а со тоа и довербата на инвеститорите, се должи на преземените политики и четирите пакети мерки за соочување со ефектите од кризата. Високата доверба на инвеститорите се манифестира и преку големиот број на инвеститори кои беа заинтересирани за купување на еврообврзницата, односно над 130 инвеститори сакаа да запишат двојно повисок износ од понудениот или побарувачката беше над 1,6 милијарди евра. Како што беше наведено и при донесувањето на Буџетот за 2021 година, со средствата обезбедени од емисијата на оваа еврообврзница ќе се изврши отплата на надворешниот долг, односно на еврообврзницата издадена во 2014 година која доспева за враќање годинава. Остатокот ќе се искористи за финансирање на дел од буџетскиот дефицит.

Еврообврзницата од 2014 година е во износ од 500 милиони евра и беше издадена по каматна стапка од 3,975%, што значи дека сега каматата е за 2,35 процентни поени пониска“, наведуваат од МФ..

Земјава претходно има седум пати излезено на меѓународниот пазар на капитал со еврообврзници: во 2005 година со камата од 4,625%, во 2009 со камата од 9,875%, во 2014 со камата од 3,975%, во 2015 со камата од 4,875%, во 2015 година со камата од 5,625%, во 2018 година со камата 2,75% и 2020 со камата од 3,675%.

За издадената еврообврзница утре прес-конференција ќе одржи министерот за финансии Фатмир Бесими.

loading...