Благоев: Бугарската православна црква ќе мора да ја признае Македонската црква
Благоев: Бугарската православна црква ќе мора да ја признае Македонската црква
Мицотакис: Греши Ердоган ако мисли дека нема да гo бранам суверенитетот на Грција
Мицотакис: Греши Ердоган ако мисли дека нема да гo бранам суверенитетот на Грција
Набавка на тестови и терапија за мајмунски сипаници бара Комисијата за заразни болести
Набавка на тестови и терапија за мајмунски сипаници бара Комисијата за заразни болести
Странски војници предизвикаа нови инциденти во Скопје!
Странски војници предизвикаа нови инциденти во Скопје!
Кој е Убиецот од Тексас: Бил агресивен и го малтретирале во училиште
Кој е Убиецот од Тексас: Бил агресивен и го малтретирале во училиште
Уредничка на Телма повикана од обвинителство и МВР на распит за необјавена вест
Уредничка на Телма повикана од обвинителство и МВР на распит за необјавена вест
Ќучук: Фер е барањето Бугарите во Северна Македонија да бидат составен дел од македонскиот Устав
Ќучук: Фер е барањето Бугарите во Северна Македонија да бидат составен дел од македонскиот Устав
Зеленски прогласен за највлијателна личност на годината
Зеленски прогласен за највлијателна личност на годината

КОШМАРОТ НА ВМРО ДПМНЕ СЕ ОСТВАРУВА – СДСМ СЕ ОБЕДИНУВА, ИГОР ШЕМА И АНДРЕЈ ПЕТРОВ СЕ ВРАЌААТ НА БИХАЧКА, ЗАЕВИСТИ И БРАНКОВИСТИ ЌЕ ГАЗАТ ВМРОВЦИ НА ИЗБОРИ!

СДСМ во понеделник на централниот одбод на партијата ќе ќе го промовира новиот Совет за креирање и имплементација на политики кој ќе го предводи Игор Ивановски, пренесе Телма.

Игор-Ивановски е поранешен висок партиски функционер на партијата, универзитетски професор на скопскиот Економски факултет по професија, со неколку мандати како пратеник. Беше дел и од претседателскиот кабинет на Бранко Црвенковски.

Како пратеник беше дел од пратеничката група на СДСМ и коалицијата кои на 24-ти декември 2012-та (црн понеделник) кои беа исфрлени од собраниската сала затоа што протестираа против новиот годишне буџет, а откако застанаа пред собраниската говорница, тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ употреби повеќе полициски службеници во цивилно, од единицата АЛФИ, за да ја исфрлат опозицијата од Собранието.

Ивановски е дел од таканареченото скопско крило на партијата, а од Скопје треба да биде избран и еден од 4-те потпретседатели на СДСМ. Според извори на Телма, ова место се уште не е пополнето, а има 4 кандидати.

Останатите тројца потпретседатели на партијата извесно би требало да бидат економскиот вицепремиер Фатмир Битиќи кој единствен од старата гарнитура останува потпретседател во партијата.

Нови потпретседатели на партијата ќе бидат Петар Костадинов, градоначалникот на Валандово, кој оствари победа на претстојните локални избори и е еден од ретките градоначалници на СДСМ кој го задржа градоначалничкото место.

Потпретседател на партијата треба да биде пратеничката од Битола Бисера Костадиновска Стојчевска, која при гласањето за кризните корона мерки дојде во скафандер да гласа иако беше болна од Ковид 19. Стојчевска е од Битола.

Миле Зечевиќ кој заедно со новиот партиски претседател Димитар Ковачевски учествуваше во внатрепартиската кампања се очекува да биде нов генерален секретар на СДСМ, на местото на досегашниот Љупчо Николовски.

Од потпретседателскиот состав досега, си заминува Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи чија идна функција во владата се уште е мистерија. Досегашната министерка за образование и наука Мила Царовска заминува и од партиската потпретседателска функција и од министерската. Иста судбина го снајде и досегашниот министер за здравство Венко Филипче.

Според партиски извори, втората позиција во партијата заменик-претседател и натаму останува резервирана за Сања Лукаревска, актуелна директорка на УЈП.

Поранешниот пратеник и градоначалник на Карпош од редовите на СДСМ, Андреј Петров во телефонска изјава за НоваТв потврдил дека разговарал со претседателот на СДСМ , Димитар Ковачевски за ангажман во партијата, но не станало збор конкретно на која позиција.

-Точно е дека се видовме и разговараме со претседателот Ковачевски, но не зборувавме за тоа на која позиција. Ги читам и јас написите, но да почекаме до утре, оставам на претседателот Ковачевски и на органите и телата на партијата да го утврдат тоа, ни изјави Андреј Петров.

Како што е познато, Социјалдемократите утре одржуваат Централен одбор на кој се очекува да биде предложено ново партиско раководство и да биде промовиран Советот за креирање и имплементација на политики , со кој би раководел Игор Ивановски.

loading...

stream anime online. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

My Hero Academia Season 2 (Dub)

anime stream AnimeFreak My Hero Academia Season 5 (Dub)

Pokémon Journeys: The Series Episode 83

High School DxD Episode 7

dubbed anime Horimiya (Dub)