(ВИДЕО) Заев во Европскиот Парламент на средбата со Сасоли: Во Брисел сме за да порачаме дека итно треба да се одблокира европскиот пат, но преговори за македонскиот идентитет не се опција
(ВИДЕО) Заев во Европскиот Парламент на средбата со Сасоли: Во Брисел сме за да порачаме дека итно треба да се одблокира европскиот пат, но преговори за македонскиот идентитет не се опција
ГАК: Починатата пациентка не беше родилка, злонамерни се шпекулациите за причините за смртта
ГАК: Починатата пациентка не беше родилка, злонамерни се шпекулациите за причините за смртта
БРАЌАТА ШВЕЃАНИ СЕ БОРАТ ЗА НАС: Шведска бара итен почеток на ЕУ преговорите со С. Македонија
БРАЌАТА ШВЕЃАНИ СЕ БОРАТ ЗА НАС: Шведска бара итен почеток на ЕУ преговорите со С. Македонија
СПАСОВСКИ: Одделот за специјални полициски операции добива нова униформа.
СПАСОВСКИ: Одделот за специјални полициски операции добива нова униформа.
ВИДЕО: Пендаровски домаќин на претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили која носеше маска со знамето на Северна Македонија
ВИДЕО: Пендаровски домаќин на претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили која носеше маска со знамето на Северна Македонија
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧЕЛО - СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИТЕ ВО ПРИЛЕП СЕ КРЕНАА НА НОЗЕ ВО ЕКОЛОШКА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ГРАДОТ
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧЕЛО - СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИТЕ ВО ПРИЛЕП СЕ КРЕНАА НА НОЗЕ ВО ЕКОЛОШКА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ГРАДОТ
Вице премиерот Груби се вакцинираше и апелира до граѓаните да се регистрираат на vakcinacija.mk
Вице премиерот Груби се вакцинираше и апелира до граѓаните да се регистрираат на vakcinacija.mk
КОЖУВЧАНКА ДОО со донација од 100.000 шишиња вода Изворска и 22.000 лименки безалкохолен пијалок Sinetta за потребите на пунктовите за вакцинација ширум земјава
КОЖУВЧАНКА ДОО со донација од 100.000 шишиња вода Изворска и 22.000 лименки безалкохолен пијалок Sinetta за потребите на пунктовите за вакцинација ширум земјава

Костадинов кон Мицкоски: Извини се на граѓаните за сите твои лаги, клевети, хистерии со кои работеше против својата татковина!

Срушени се сите клевети на ВМРО-ДПМНЕ дека се распродавал македонскиот идентитет, потопени се сите лаги на Христијан Мицкоски дека се распрачувала нашата татковина, порача портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Македонскиот идентитет не е распродаден туку е сочуван, а нашата држава не е распарчена како што хистерично лажеше Мицкоски. Додека ние работевме за граѓаните и ги браневме државните позиции, европската иднина и македонскиот национален идентитет, Мицкоски смислено и оркестрирано ширеше хистерични лажни вести и клевети поткопувајќи ја државната позиција.

Пред само неколку денови Мицкоски на собир за одбрана на својата фотелја лажеше дека во Софија ни се распарчувала државата. Клеветеше дека се распродава идентитетот, дека се тргува со антифашистичкиот темел на нашата држава, ширеше лажни вести, поттикнуваше говор на омраза.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа единствените кои гласно навиваа Северна Македонија да не добие датум за почеток на преговори. Единствените кои намерно и свесно блокираа реформи и закони важни за интеграцијата во ЕУ, но уште поважни за нашите граѓани.

Нивните лаги дека освен Бугарија и други земји не ја поддржуваат нашата интеграција ја демантираа европски држави. Секогаш кога се работи за државните и национални интереси, Мицкоски го покажува своето антидржавно и антиевропско лице.

Таков е и случајот со стратешката грешка и неодобрувањето на меѓувладината конференција за Република Северна Македонија од страна на Република Бугарија. Не издржа Христијан Мицкоски, па поита овој пораз на европските вредности, да го воспева како своја победа.

Ништо ново од партијата која правеше се за да го блокира напредокот во интеграцијата, партијата чиј претседател не смогна сили ниту да го честита членството во НАТО. Се потврди дека се што излегува од устата на Мицкоски е ноторна лага и ова е уште еден негов пораз.

Затоа Мицкоски, те повикувам да излезеш и да им се извиниш на граѓаните за сите твои лаги, клевети, хистерии со кои работеше против својата татковина, против својот народ.

Излези и извини се на македонскиот народ! Излези и извини се на сите наши граѓани! Остануваш Мицкоски уште долго во опозиција, ние продолжуваме да работиме за граѓаните, за државата. Ние сме свои на своето. Македонци, кои зборуваат македонски јазик. Нашата македонска иднина е европска.

Станавме земја членка на НАТО како Македонци, кои зборуваат македонски јазик, ќе станеме земја-членка на ЕУ како Македонци, кои зборуваат македонски јазик“, додаде Костадинов.

loading...

AnimeHeaven one piece anime heaven: Watch That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 Episode 1

ANIMEFLIX animeflix hunter x hunter: Naruto: Shippuden (Dub) (https://animeflix.nl/m/5djy) Episode 500