▫️На почетокот од месецот се договоривме и денеска повторно се сретнавме со претставници на здруженијата и организации кои опфаќаат лицата со попреченост.
Тогаш разговаравме за проблемите и приоритетите, а денеска ги информирав за приоритетите коишто влегоа во програмите на Општина Струмица за 2022 година.
♦️Обезбедивме лични асистенти на ученици со попреченост вклучени во образовниот процес
♦️Продолжува бесплатниот превоз за ученици и и лица со попреченост со специјалното возило
♦️Обезбедена е поддршка на Повеќенаменскиот социјален центар
♦️Развивање и испорака на социјални сервисни услуги за помош и нега во домот и услуга за дневен престој на лица стари и напуштени и лица со попреченост
♦️Јакнење на менталното и физичкото здравје во рехабилитационите центри и специјалниот фитнес центар во Струмица
♦️Поддршка на лицата со попреченост коишто живеат во мали групни домови
♦️Организирање советодавни канцеларии
♦️Надминување на архитектонските бариери и поставување звучна сигнализација
♦️Поддршка со општински средства за проекти од јавен интерес заради вклучување на социјално ранливи и граѓани од социјален ризик
♦️Поддршка на проекти од невладини организации од областа на социјалната заштита, здравството и домувањето на граѓани во ризик
✨Си ја честитавме Новата година и си посакавме успешна реализација на утврдените приоритети со цел поквалитетен живот за лицата со попреченост во нашата oпштина.
Од срце за нашата Струмица.❤️