Прв и прекрасен настан по свеченото отворање на Струмичкиот карневал 2022.
Се одржа промоцијата на монографијата „СТРУМИЧКО ЧУДО“ посветена на 30-годишнината од возобновувањето на организираната форма на Струмичкиот карневал на авторите Александар Цицимов и Катерина Милушева.
Како градоначалник на „карневалска“ Струмица, исклучително сум горд на ова значајно дело, а убеден сум дека ќе бидат горди и сите наши сограѓани.
Долговечни да ни бидат монографијата и Струмичкиот карневал.