👫Родовата еднаквост во економскиот развој на oпштината е еден од предизвиците во мојот мандат. Верувам во потенцијалите на жените и нивниот претприемнички дух и заедно ќе ги искористиме сите можности за негово унапредување.
Развојот на женското претприемништво и формирањето на Здружение на бизнис жени, се дел од моите ветувања, а кои веќе почнаа да се реализираат.
👉Денеска остварив средба со претседателката на Националната платформа за женско претприемништво, Валентина Дисоска, на којашто главна тема беше развојот на женското претприемништво.
Дисоска ги претстави целите на проектот, меѓу кои главните се градење на Националната платформи како главен социјален партнер за креирање политики и реформски процеси, олеснување на структурниот дијалог, вмрежување и консултации меѓу засегнатите страни од женското претприемништво на национално и локално ниво, промовирање на жени претприемачи како двигатели на промените во јавната политика, а се интересираше за плановите на општина Струмица во однос на унапредувањето на економскиот статус на жената.
👉 Со потпишувањето на Декларацијата за унапредување на женското претприемништво ја дадов мојата поддршка на политиките и мерките за економско зајакнување на жената и ги презентирав моите планови во оваа област кои предизборно им ги ветив на жените од општина Струмица, а тоа се развој на женското претприемништво и формирање на Здружение на бизнис жени.
▫️Тоа значи максимален влог во создавањето на поволна бизнис клима и поддршка на бизнис идеите на жените. Затоа ги охрабрувам сите жени со претприемнички дух да бидат креативни, упорни и да ги искористат своите потенцијали.