🍃Правото на здрава животна средина е фундаментално граѓанско право. Неговото почитување значи услов за подобро здравје, поквалитетен и подолг живот на граѓаните.
♻️Заштитата на животната средина треба да биде цел на сите граѓани, само така можеме да си обезбедиме здрави услови за живот, за нас и генерациите по нас.
Денеска присуствував на презентацијата на документарниот филм „Некогаш во Венецуела“ организирана од Еколошкото друштво „Планетум“ од Струмица и Амбасадата на Кралството Холандија во Република Северна Македонија во кој станува збор за голема еколошка катастрофа, која би сакал да ја има само на филм, а не и во реалниот живот.
По презентацијата на којашто присуствуваше и амбасадорот на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, г. Дирк Јан Коп, разговаравме за еколошките проблеми во струмичкиот регион и како тие да се решат.
👉Заштита на животната средина како глобален проблем е голем предизвик за Oпштина Струмица и за мене како нејзин градоначалник и таа е на високо место во нашите приоритети за следните 4 години во кои главниот акцент го ставаме на чистиот воздух и зелените површини и паркови.