На Струмица и се потребни конкретни и прецизни мерки за решавање на загадувањето.
Струмицо моја слушни ме.
Јас како поединец сам нема да го решам загадувањето на воздухот.
Денеска предложив и советот ја прифати една од најважните мерки, директна субвенција на цената на природен гас за домаќинствата.
На секој потрошен кубен метар природен гас ќе добивате по 10 денари субвенција.
Апелирам, користете ја мерката во наредната 2022 година, колку повеќе приклучоци толку почист воздух.
Мораме да ја менуваме свеста, се работи за наше заедничко добро.
Нека Струмица биде пример за цела држава па и пошироко.
Од срце за Струмица ❤️