Децата се нашето најголемо богатство и најголемата радост.
Затоа, со посебно задоволство секогаш ги прифаќам поканите за настани на коишто тие се присутни.
Нашата библиотека „Благој Јанков Мучето“ денеска беше местото од каде што стартуваше креативниот караван на љубопитното и штедливо слонче Халки и неговите другари „Приказни од моето маало“.
Ја имав честа да им прочитам приказни на децата учесници во караванот и заедно да понесеме убав спомен од оваа дружба.
Секоја приказна е посебна и важна, како што секој еден е важен во нашата заедница.