Но, мора да го зајакнеме учеството на жените во овие процеси. Да ја подигнеме нивната самодоверба, слободно и без предрасуди, да го изнесат своето мислење и да влијаат на квалитетот на управување и донесување одлуки во нивните заедници.
Денеска потврдивме дека тоа го сакаме и можеме.
Во соработка со Организацијата на жените од Струмица, со моите сограѓанки од три заедници, населените места Дабиле и Добрејци и 6-та урбана заедница, разговаравме и баравме решенија за проблеми со кои тие се соочуваат во нивното место за живеење. Се договоривме, проблемите ќе ги решиме во новата буџетска година.
Ги охрабрив да бидат погласни и поодлучни. Жените секогаш ќе ја имаат мојата поддршка. Во мојот градоначалнички мандат ќе се залагам за рамноправна застапеност на жените во раководните структури во општинските институции 50-50, развој на женското претприемништво и формирање на здружение на бизнис жени.
Од срце за жените на Струмица.❤️