♦️Денеска е големиот христијански празник, Бадник.
Ден кога веста за Христовото раѓање први ја соопштуваат коледарчињата посетувајќи ги православните домови.
Во духот на оваа традиција, како градоначалник и јас денеска ја отворив вратата на општинската зграда за дечињата – членови на детскиот хор при школата за веронаука на Струмичката Епархија.
Прекрасно беше чувството да се слушаат тие прекрасни деца кои со голема љубов пееја бадникарски песни во холот на зградата најавувајќи го раѓањето на Исус Христос.
👉Мои струмичани, кај и да сте денеска, вечер бидете дома покрај бадниковата трпеза со вашите најблиски.
🔺Нека ни е за многу години денешниот празник, Бадник.