Бисера Костадиновска-Стојчевска, министерка за култура / Утрински брифинг
Независните културни работници побараа средба со министерката заа култура да се разговара за нивната петиција „Аудиција сега“. Станува збор за културни рабтници кои работат независно, не се вработени, немаат редовни примања ниту осигурување.
-Не бев свесна дека има толку многу луѓе кои се во таа ситуација. Не смееме повеќе да дозволиме 150 луѓе да бидат на улица, а еден режисер да е вработен и да не се појавил на работа со месеци но режира на други места. Оваа ситуација мора да се реши и со планирање со образованието, вели министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска за Утрински брифинг.
Таа додава дека ќе стори сѐ културните работници да земат плата, без разлика дали таа ќе биде очекуваната. Сакаме како бројка да ги извлечеме оние луѓе кои се на праг на сиромаштија, вели Костадиновска-Стојчевска.
Законот за култура беше повлечен од Собранието оти беше заглавен во комисиите. Министерката вели дека штом сите партии нашле некој недостаток во законот тој ќе треба да се преразгледа и да се слушнат сите мислења, а не само од една фела од културата.
-Сѐ што ќе биде добро аргументирано, треба да влезе во тој закон. Работните групи се веќе формирани. Има и други закони кои треба да влезат во собраниска процедура, но работите се развлекога со дебатата со синдикатите за зголемување на платите, велиминистерката.
Често се зборува за партизирање на културата. Министерката вели дека се надева оти спорот со синдикатите не е поврзан со политички манипулации