Премиерот Димитар Ковачевсаки вчера бил примен на Инфективната клиника во Скопје поради труење со храна. Денеска бил пуштен дома.
„Премиерот беше примен со болки во стомакот од веројатно труење со храна. Му беше пружена целосна здравствена нега по што состојбата веднаш му се подобри. Вечерта е задржан заради опсервација, а денеска е испуштен во сосема добра здравствена состојба“, потврдија од Владата за Канал 5 .