КАМИЛОВСКИ ОД РОДИНА: ТОА ШТО САМО 200 ДУШИ ДОЈДОА НА НАШИОТ ПРОТЕСТ ДЕНЕСКА ПРЕД ВЛАДА Е ДОКАЗ ДЕКА МАКЕДОНЦИТЕ СЕ СВИЊИ!
КАМИЛОВСКИ ОД РОДИНА: ТОА ШТО САМО 200 ДУШИ ДОЈДОА НА НАШИОТ ПРОТЕСТ ДЕНЕСКА ПРЕД ВЛАДА Е ДОКАЗ ДЕКА МАКЕДОНЦИТЕ СЕ СВИЊИ!
(ВИДЕО) БОМБА: Уапсен уште еден близок соработник на Мицкоски, украл 1 милион евра!
(ВИДЕО) БОМБА: Уапсен уште еден близок соработник на Мицкоски, украл 1 милион евра!
(ВИДЕО) ТЕШКО НАС СО ВАКВИ ПАТРИОТИ, ЕЖОТ СМЕ ГО ОНАДЕЛЕ: МАКРОН САКАЛ БАБИ, А МАКЕДОНИЈА БИЛА СТАРА БАБА?!
(ВИДЕО) ТЕШКО НАС СО ВАКВИ ПАТРИОТИ, ЕЖОТ СМЕ ГО ОНАДЕЛЕ: МАКРОН САКАЛ БАБИ, А МАКЕДОНИЈА БИЛА СТАРА БАБА?!
Ковачевски: Со ладни глави, одговорно да ја поведеме државата на вистинскиот пат
Ковачевски: Со ладни глави, одговорно да ја поведеме државата на вистинскиот пат
Годинешното издание на „Културно лето 2022“, во склоп на роденденската кампања на Општина Кисела Вода, – „67 години Моја Кисела Вода“
Годинешното издание на „Културно лето 2022“, во склоп на роденденската кампања на Општина Кисела Вода, – „67 години Моја Кисела Вода“
Маричиќ: Имаме рамка за решавање на разликите со Бугарија без да биде формален критериум во преговорите
Маричиќ: Имаме рамка за решавање на разликите со Бугарија без да биде формален критериум во преговорите
(ВИДЕО) БОМБА НА МИЛЕНКО: СТРАТЕГИЈАТА НА ВМРО ДПМНЕ Е СДСМ ДА ГИ РЕШИ СИТЕ ПРОБЛЕМИ А ОНИ ПОТОА ДА СЕ ПРАВДААТ НЕ СМЕ НИЕ ПРЕДАВНИЦИ
(ВИДЕО) БОМБА НА МИЛЕНКО: СТРАТЕГИЈАТА НА ВМРО ДПМНЕ Е СДСМ ДА ГИ РЕШИ СИТЕ ПРОБЛЕМИ А ОНИ ПОТОА ДА СЕ ПРАВДААТ НЕ СМЕ НИЕ ПРЕДАВНИЦИ
Петровска со американскиот министер за одбрана: Отпорноста и моќта на институциите и граѓаните е клучно во борбата против хибридните закани
Петровска со американскиот министер за одбрана: Отпорноста и моќта на институциите и граѓаните е клучно во борбата против хибридните закани

Ковачевски: ЕУ конечно да се одважи и да го исполни своето ветување, својот дел од обврската

Европската Унија конечно да се одважи и да го исполни своето ветување, својот дел од обврската и час поскоро да биде одреден датум за одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, со што ќе се означи и почеток на преговорите, побара денеска премиерот Димитар Ковачевски, кој потенцира дека замена за членството во Унијата нема.

Тој денеска на отворениот ден за приказ на воздухоплови кој е дел од вежбата „Swift Response 22“ на спортскиот аеродром „Стенковец“, одговарајќи на новинарски прашања, даде коментар на вчерашната изјава на министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој пак, најави конкретен дијалог и конкретни чекори за решавање на спорот со Бугарија следните две недели, но и порача дека ова лето Северна Македонија ќе ги чека Бугарија и ЕУ да го преземат вистинскиот чекор во однос на земјава, а доколку тоа не се случи, тој смета дека треба да се повлече линија.

Ковачевски истакна дека е на иста линија со шефот на дипломатијата, нагласувајќи дека повеќе пати досега истакнал оти земјава веќе 17 години е кандидат за членство и досега 45 отсто од нејзиното законодавство е хармонизирано со законодавството на ЕУ.

„Како држава имаме направено многу работи и граѓаните имаат сторено многу во однос на очекувањата за преговорите со ЕУ. На тој пат се имаме откажано од некои работи, имаме донесено тешки одлуки и ЕУ треба конечно да ја донесе одлуката, зборувам за сите членки и за соседна Бугарија, за одржување на првата меѓувладина конференција -рече Ковачевски, кој додаде дека секој процес, кој трае долго, а кој нема резултат на крајот доведува до намалување на довербата кај граѓаните во земјава, кои, пак, даваат силна поддршка на евроинтергативниот процес.

За тоа каде ќе се движи земјата ако не добиеме датум за преговори во јуни, Ковачевски истакна дека правецот се секогаш евроатлантските интеграции.

„Оваа владина коалиција ја донесе одлуката за зачленување во НАТО, донесе тешки одлуки и станавме дел од НАТО, остана предизвикот да се зачлениме во ЕУ. Секако тука е спорот со Бугарија, но ние ќе работиме, како што и досега работевме на усогласување на законодавството, на процесите во државата за зголемување на нашата соработка со сите зејми-членки во ЕУ, но и на зголемување на нашиот стратешки партнерски однос со САД – истакна Ковачевски.

Стратешкиот дијалог почнува јуни во повеќе сфери – надворешната политика, економија, инвестиции, образование, одбрана, а следната недела ќе биде дефиниран тимот на министри и експерти, кои ќе престојуваат во Вашингтон и ќе имаат таму состаноци на соодветното ниво. Најавеното стратешко партнерство со САД, потенцира Ковачевски, не е замена за членството во ЕУ.

„Ние сме дел од Европа, со ЕУ имаме дневна соработка во поглед на финансирањето на голем број проекти, кои се релизираат преку ИПА програмата. Во време на најголемата ковид криза макрофинансиска помош користевме од ЕУ“,

рече Ковачевски, кој најави дека кон средината на следната недела заминува за Брисел на состанок со земјите од регионот.

За тоа дали ќе поднесе оставка во случај на несупех на преговорите со Бугарија, премиерот нагласи дека кога се зборува за успех на преговори потребно е да се договорат двете страни.

Тој нагласи дека уште на првата средба со бугарскиот премиер Кирил Петков истакнал дека разговорите мора да бидат водени на база на европски вредности, со почитување на принципите на достоинство на политичарите, кои разговараат, на институциите, на граѓаните и оти низ тој процес не смее да се наруши гордоста на граѓаните на двете држави.

„Ако се изнајде решение, кое ќе биде базирано на тие вредности и принципи и прифатливо за двете држави, во тој момент можеме да кажеме дека имаме успешни преговори, ако не се дојде се уште до тоа решение тоа значи дека тие преговори ќе продолжат -рече Ковачевски.

Тој лично, како што напомена, не се врзува за датуми, но сепак нагласи дека проширувањето на ЕУ во регионот во моментов не е само политичко и економско прашање, туку и геостратешко, поради војната во Украина и интересот на трети земји да не се случи проширувањето со земјите од Западен Балкан.

Во врска со престојното чествување на Свети Кирил и Методиј на 24 мај во Рим и дали ќе се одржи заедно со Бугарија, Ковачевски одговори дека чествувањето е во фаза на организација, земјава ќе има делегација, тој лично ќе замине за Рим, но протоколот се уште не е финално утврден.

loading...

GO88 - Cổng Game Đổi Thưởng 2022 | Link Tải Mới Nhất nhà cái go88 mã code go88

sunwin 4050 cm cnc laser engraver