Претрес во Кочани, пронајдена дрога, приведено едно лице
Претрес во Кочани, пронајдена дрога, приведено едно лице
Ковачевски на средба со граѓанскиот сектор: Владата партнерски низ дијалог и консултации носи одлуки во интерес на иднината на сите граѓани
Ковачевски на средба со граѓанскиот сектор: Владата партнерски низ дијалог и консултации носи одлуки во интерес на иднината на сите граѓани
(ВИДЕО) БРАВО: Меѓу ретките општини во Македонија, Кавадарци доби подземен катастар на водоводни линии, шахти и останата подземна инфраструктура на ЈП Комуналец
(ВИДЕО) БРАВО: Меѓу ретките општини во Македонија, Кавадарци доби подземен катастар на водоводни линии, шахти и останата подземна инфраструктура на ЈП Комуналец
ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ВО ЗЕМЈАТА - НИКОЛЧЕ МИСКОСКИ, КРИВОГАШТАНИ
ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ВО ЗЕМЈАТА - НИКОЛЧЕ МИСКОСКИ, КРИВОГАШТАНИ
КОВАЧЕВСКИ КОН МИЦКОВСКИ: Нека мисли малку на народот не само на својата кариера, тој беше против НАТО, сега е против ЕУ, ако сака да живее во изолација нека се затвори сам некаде, но нека не го турка народот да живее во изолација

Ковачевски на средба со дипломатскиот кор: Северна Македонија е членка на НАТО, нејзиното местото е и во ЕУ
Ковачевски на средба со дипломатскиот кор: Северна Македонија е членка на НАТО, нејзиното местото е и во ЕУ
(ВИДЕО) Пивара Скопје инвестираше дополнителни 10,7 милиони евра во модернизација на производството и одржлив развој
(ВИДЕО) Пивара Скопје инвестираше дополнителни 10,7 милиони евра во модернизација на производството и одржлив развој
ДУИ: Земјата има историскa можност за европска иднина и за затворање на сите прашања со соседите
ДУИ: Земјата има историскa можност за европска иднина и за затворање на сите прашања со соседите

Ковачевски: Има јавни претпријатија загубари во кои членови на управен одбор имаат поголеми плати од претседателот на државата и 30 години никој за тоа ништо не преземал

Во наредните шест месеци ќе се работи на изработка на нов Закон за плати, затоа што постои неконзистентност во платите. Имаме јавни претпријатија во коишто членови на управен одбор имаат поголеми плати од претседател на држава и 20-30 години никој тоа не го погледнал, изјави премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на пратеничко прашање во рамки на 70. седница.

Тоа, како што посочи Ковачевски, ќе се прави заедно со синдикатите и ја повика и опозицијата да учествува во работната група заедно со Министерството за труд и социјална политика.

– Мора да се направи реорганизација на системите кои што не се пипнати 30 години. Тоа се јавни претпријатија кои што креираат загуба и тоа мора да се направи, за да направиме ефикасна држава во која што приватниот сектор ќе ги добива најдобрите услуги од јавниот сектор и ќе биде секогаш способен и подобар и попродуктивен, за да може тоа да го финансира и во иднина, рече Ковачевски.

Одговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ, за тоа кога ќе се зголемат платите во јавниот сектор и како ќе се поддржи растот на платите во приватниот сектор, Ковачевски потсети дека државата до крајот на годината ги субвенционира придонесите за зголемување на минималната плата, а активна е и мерката за субвенционирање на порастот на платите во приватнот сектор.

Во однос на растот на платите во јавнот сектор, премиерот рече дека не може константно само да се зголемуваат платите во јавниот сектор, а да се зголемува продуктивноста и ефикасноста во работењето на јавниот сектор.

– Не може приватниот сектор постојано да го финансира тоа, а да не се зголемува продуктивноста и ефикасноста во работењето на јавниот сектор. Тие 435 илјади во приватниот сектор ги финансираат сите плати во јавниот сектор и бараат зголемување на продуктивноста и на ефикасноста на работењето, рече Ковачевски.

Затоа, нагласи Ковачевски, преку економско-социјален дијалог со репрезентативниот синдикат, прво ќе се договори сума за зголемување, а потоа методологија за зголемување.

Собранието денеска ја одржи 70. седница на која пратениците поставуваат прашања до членовите на Владата. Ова е прва седница за пратенички прашања до членовите на Владата на премиерот Димитар Ковачевски, закажана откако поминаа 100 дена од нејзиниот избор.

loading...

https://tai.go88.is/

https://sunwin.fan/