Е ВАКА НЕ ЛИЧИ, КАКО ШТО СМЕ БИЛЕ СО ВЕКОВИ БРАЌА: Бугарскиот министер за одбрана Заков со највисоки државни почести ја пречека македонската колешка Петровска
Е ВАКА НЕ ЛИЧИ, КАКО ШТО СМЕ БИЛЕ СО ВЕКОВИ БРАЌА: Бугарскиот министер за одбрана Заков со највисоки државни почести ја пречека македонската колешка Петровска
Петров: Нашето место е во ЕУ и нема да дозволиме да бидеме предмет на уцени и малтретирање
Петров: Нашето место е во ЕУ и нема да дозволиме да бидеме предмет на уцени и малтретирање
ЛИДЕРОТ НА СОЦИЈАЛИСТИЧКА ПАРТИЈА ГО ПОФАЛИ ПРЕМИЕРОТ: Ковачевски е многу коректен политичар, со висока демократска свест
ЛИДЕРОТ НА СОЦИЈАЛИСТИЧКА ПАРТИЈА ГО ПОФАЛИ ПРЕМИЕРОТ: Ковачевски е многу коректен политичар, со висока демократска свест
ЛИДЕРОТ НА СОЦИЈАЛИСТИЧКА ПАРТИЈА: СЕ ОБИДОВМЕ ДА ВОСПОСТАВИМЕ СОРАБОТКА СО СДСМ, БЕВМЕ ОДБИЕНИ
ЛИДЕРОТ НА СОЦИЈАЛИСТИЧКА ПАРТИЈА: СЕ ОБИДОВМЕ ДА ВОСПОСТАВИМЕ СОРАБОТКА СО СДСМ, БЕВМЕ ОДБИЕНИ
Тактичко-показна вежба и промоција на опрема - одбележан Денот на пожарникарите во Делчево
Тактичко-показна вежба и промоција на опрема - одбележан Денот на пожарникарите во Делчево
БРАВО: Ново училиште во Долно Блаце, од септември децата нема да учат во Косово
БРАВО: Ново училиште во Долно Блаце, од септември децата нема да учат во Косово
Ковачевски: Мојатa сопруга е родена во Крива Паланка, не можам да коментирам за нејзините чукундедовци
Ковачевски: Мојатa сопруга е родена во Крива Паланка, не можам да коментирам за нејзините чукундедовци
Докторка ги снимила ужасите на Мариупол, Русите ја заробиле и се губи секаква трага
Докторка ги снимила ужасите на Мариупол, Русите ја заробиле и се губи секаква трага

Ковачевски: Нѐ очекува најтешката зима досега, однесувањето на опозицијата е неодговорно

„Лидери се луѓе кои носат одлуки и решаваат прашања кои ги афектираат идните генерации и благосостојбата на граѓаните како и справување на најголемите проблеми со кои тие се соочуваат. Не е лидер тој, кој мисли само на својот личен рејтинг и кој мисли само на тоа, кога ќе бидат наредните избори“, посочи премиерот Димитар Ковачевски вечерва на ТВ 21, коментирајќи ги најавите на опозицијата за активна блокада во Парламентот на Северна Македонија.

Подвлекувајќи дека бојкотот ќе им нанесе штета на граѓаните на нашата земја, кои ги бираат пратениците во Собранието, а не на Владата, Ковачевски оцени дека тоа што го прави претседателот на ВМРО – ДПМНЕ е најнеодговорното нешто што може некој да го направи во време на најголемата светска, економска криза по Втората светска војна.

Тој потсети дека и на денот кога се формираше новата Влада нагласи дека заради тешките услови, постојаниот раст на цените на енергенсите, на цените на храната и заради здравствената криза, 2022 година нѐ очекува една од најтешките години.

„Тоа ќе биде најтешката зима затоа велам дека ова однесување на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ е исклучително неодговорно. Собранието е место каде што треба да се носат закони, да се унапредуваат тие закони и каде што треба да се носат брзи решенија заради справување со кризата“, подвлече Ковачевски во дебатниот магазин „Клик“ на ТВ 21.

Тој додаде дека во услови кога гледаме како во Европа сите политички субјекти се обединуваат околу наоѓање на начини за задржување на животниот стандард во државите и преку регионални соработки бараат начини да обезбедат доволно енергенси за претстојната зима, неодговорно е да се врши постојан притисок и блокади на Собранието.

„Меѓутоа уценување или за тоа ќе се разговара или нема да има средба јас не прифаќам. Закани, инфантилни закани, одбројување, тоа се минати времиња. Ние сме демократска држава, ако мисли претседателот на ВМРО – ДПМНЕ дека сѐ уште живее во времето на неговиот претходник и сегашен ментор кога се организираа на две години избори тогаш кога на нему му одговараше тогаш се лаже. Оваа држава веќе не е заробена држава, ни хибриден режим, ова е демократска држава според независното истражување на ЕКОНОМИСТ, држава во која се унапредени правата на новинарите според извештајот на Репортери без граници и никогаш нема да се врати назад во тоа време“, истакна премиерот Ковачевски во емисијата на ТВ 21.

loading...

4anime biz. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

4Anime Death Note

4Anime That Time I Got Reincarnated as a Slime (Dub) Episode 22

english dubbed anime Dragon Ball Super (Dub)

watch subbed anime 4Anime My Hero Academia Season 2 (Dub)

watch animes 4Anime Naruto: Shippuden (Dub)

tải go88