Покрај тоа што сме партнери во НАТО, Германија е нашиот најголем стратешки сојузник во Европа и силен поддржувач на нашиот евроинтегративен процес.
Сојузна Република Германија е наш најважен трговски партнер, не само поради германските компании што се присутни овде, туку и преку размената на стоки меѓу двете држави. Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија за нас е многу важна партнерска организација и соработката со неа ќе ја продолжиме и унапредиме.
Уверен сум дека силната поддршка ќе продолжи и дека соработката меѓу нашите две држави дополнително ќе се продлабочува.