ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО ДПМНЕ ПРОДОЛЖУВА ДА СЕ ГЛУПИРА, МИЦКОВСКИ МУ НАРЕДИЛ ДА ГЛУМИ КЛОВН - БАРА ОД ОСМАНИ ПРЕГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА ДА ГИ ПРЕТВОРИ ВО КИМ КАРДАШИЈАН РИЈАЛИТИ ШОУ!
ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО ДПМНЕ ПРОДОЛЖУВА ДА СЕ ГЛУПИРА, МИЦКОВСКИ МУ НАРЕДИЛ ДА ГЛУМИ КЛОВН - БАРА ОД ОСМАНИ ПРЕГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА ДА ГИ ПРЕТВОРИ ВО КИМ КАРДАШИЈАН РИЈАЛИТИ ШОУ!
Ружин: Францускиот предлог го заштитува македонскиот јазик, Макрон погреши со „Северномакедонци“
Ружин: Францускиот предлог го заштитува македонскиот јазик, Макрон погреши со „Северномакедонци“
Ѓоргиев: За Илинденското востание не сме разговарале во Комисијата
Ѓоргиев: За Илинденското востание не сме разговарале во Комисијата
Арсовска: Започнуваме нов зелен плоштад и парк од 5000 квадратни метри во населбата Ченто
Арсовска: Започнуваме нов зелен плоштад и парк од 5000 квадратни метри во населбата Ченто
ФОТО ГАЛЕРИЈА: ГРАДЕЖНА ОФАНЗИВА ВО СТРУМИЦА
ФОТО ГАЛЕРИЈА: ГРАДЕЖНА ОФАНЗИВА ВО СТРУМИЦА
АНТИ ВАКСЕРИТЕ ЌЕ ГО УНИШТАТ И ОВА ЛЕТО: За 65% зголемен бројот на ново заразени во однос на минатата недела!
АНТИ ВАКСЕРИТЕ ЌЕ ГО УНИШТАТ И ОВА ЛЕТО: За 65% зголемен бројот на ново заразени во однос на минатата недела!
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЦА КОСТАДИНОВ ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ ПРЕД СПОМЕНИКОТ НА БОРИС ТРАЈКОВСКИ
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЦА КОСТАДИНОВ ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ ПРЕД СПОМЕНИКОТ НА БОРИС ТРАЈКОВСКИ
Блинкен: Војната на Русија ќе доведе до глад 40 до 50 милиони луѓе
Блинкен: Војната на Русија ќе доведе до глад 40 до 50 милиони луѓе

Ковачевски: Не гледам промена во ВМРО-ДПМНЕ, може да се види дека сè што ветија во кампањата од локалните избори, излажаа

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски очигледно не се добро запознаени со Уставот и законите во земјата, вели во интервју за МИА лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, запрашан за тоа како ги гледа обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека новата Влада нема легитимитет.

„Новата влада не само што има легитимитет, туку има проширено и стабилно мнозинство во Собранието. Оттаму, Владата има полн легитимитет да ги носи сите одлуки и ја спроведува владината програма. Ваквите обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ се само недостиг на други аргументи против мене, исто како и сите пропратни невистини во нивните секојдневни соопштенија. Мене тоа воопшто не ме загрижува, сега сум целосно фокусиран да прикажеме резултат, а уште повеќе добро да ги изменаџираме сите кризи кои ни претстојат со цел економска стабилизација и развој. Тоа е одговорно владеење и однос кон граѓаните. Она што го прави ВМРО-ДПМНЕ е бескрајна злоупотреба на медиумскиот простор за сеење лаги, дестабилизација и влевање несигурност кај граѓаните“, истакнува Ковачевски.

Во однос на евентуалната соработка со ВМРО-ДПМНЕ, Ковачевски нагласува дека тој секогаш има подадена рака и додава дека политичките опоненти не смее и не треба да бидат непријатели.

„На крајот на денот, имаме иста и заедничка одговорност како политички чинители пред граѓаните. Но, според досегашните потези на ВМРО-ДПМНЕ, не гледам промена кај нив по однос на ова прашање и воопшто во однос на политиките. Да не заборавиме, ВМРО-ДПМНЕ веќе не е опозиција како што беше пред локалните избори. Тие моментално управуваат со половина од општините во државата. Одминуваат 100 дена од нивното владеење и може лесно да се види дека се што ветија во кампањата, излажаа. Ветија дека нема да има одмазда, а почнаа со отпуштања и деградирања уште од првиот ден. Се спроведува масовна партизација на секое ниво како единствен проект на сите градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. Ветуваа низа проекти уште во првите денови а од тоа нема буквално ништо. Градот Скопје е разочарување какво што не се памети во политичката историја на земјата. Блокирано и стопирано е се што е во интерес на граѓаните и започнато од претходната власт. Очигледно е дека кај ВМРО-ДПМНЕ не само што нема никакви промени, туку би рекол дека има сериозно назадувања по одредени прашања и политики. СДСМ ја следи нивната работа, реагираме и во јавноста и преку нашите советници за да се корегираат овие штетни одлуки, ќе направиме сe во интерес на граѓаните и општините.“, вели лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

loading...

https://tai.go88.is/

nhà cái sunwin ở đâu where can i buy sunwink kinh nghiệm đánh tài xỉu sunwin