Бислимовски: За 98,8 отсто од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 отсто
Бислимовски: За 98,8 отсто од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 отсто
Ковачевски: Јавниот сектор треба да има поголеми плати, согласно методологија за раст и зголемена продуктивност
Ковачевски: Јавниот сектор треба да има поголеми плати, согласно методологија за раст и зголемена продуктивност
Маричиќ: Пред нас се многу предизвици, важно е да останеме на европскиот пат
Маричиќ: Пред нас се многу предизвици, важно е да останеме на европскиот пат
Спасовски: Се преземаат интензивни мерки за говорот на омраза
Спасовски: Се преземаат интензивни мерки за говорот на омраза
Парното греење во Скопје ќе го преземе државата, кажа премиерот Димитар Ковачевски денеска одговарајќи на пратенички прашања во Собранието
Парното греење во Скопје ќе го преземе државата, кажа премиерот Димитар Ковачевски денеска одговарајќи на пратенички прашања во Собранието
Мираковска: ЕП дава јасна поддршка на земјава за евроинтеграцијата – во донесениот документ внесени македонските црвени линии
Мираковска: ЕП дава јасна поддршка на земјава за евроинтеграцијата – во донесениот документ внесени македонските црвени линии
Ковачевски: Не треба да има предвремени избори, Владата се грижи за националните интереси и за достоинството на граѓаните
Ковачевски: Не треба да има предвремени избори, Владата се грижи за националните интереси и за достоинството на граѓаните
Јовева: Европскиот парламент дава целосна поддршка за почеток на преговорите
Јовева: Европскиот парламент дава целосна поддршка за почеток на преговорите

Ковачевски: Низ разговор со синдикатите ќе дојдеме до решение во кое ќе имаме зголемување на платите во целиот јавен сектор

Најлесно е да се покачи платата во јавниот сектор – Синдикатот ќе побара, Владата ќе одобри, а ќе ја платат даночните обврзници, но тие даночни обврзници треба да добијат и повисоко ниво на услуга кога плаќаат за платата која е повисока, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски.

– Низ разговор со синдикатите и со репрезентативниот синдикат ќе дојдеме до решение во кое ќе имаме зголемување на платите во целиот јавен сектор. Апелирам наставниците да се вратат во училиштата. Секогаш сум на нивната страна и затоа го имаме отворено дијалогот со СОНК, кој е во постојан континуитет освен тогаш кога СОНК ќе реши да штрајкува без да има завршен дијалог за кој постојат законски прописи и рокови. Уверен сум дека ќе дојдеме до решение и тоа не само до краткорочно, туку до достоинствено долгорочно решение за наставниците и за другите вработени во јавниот сектор, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање по денешното означување на почетокот на градежните активности за реконструкција на салата „Партизан” во Карпош.

Тој порача дека заедничко решение може и ќе се најде, меѓутоа, како што нагласи, СОНК треба да биде искрен пред своите членови дека Владата уште од првиот ден е отворена за преговори и за разговори и дека преговори не се водат под уцена, туку се водат низ економско-социјалниот дијалог.

– Ја покачивме минималната плата и постои законски рок од шест месеци за усогласување на платите. Тој рок не е истечен. СОНК без да го отвори дијалогот во рамки на тие шест месеци го започна штрајкот. Според мене, ги доведе во заблуда наставниците, рече Ковачевски.

Тој посочи дека на вчерашната прес-конференцијата претседателот на СОНК ги образложи членовите од колективниот договор и од законот за законско исплаќање на плата во време на штрајк. Меѓутоа, потенцира премиерот, не беше искрен до крај, не ги кажа точните членови и не ги кажа докрај сите членови во однос на тие законски решенија.

– Тоа треба да го направи. Кажавме дека ќе разговараме и тоа се заклучоци на Владата дека ќе разговараме со репрезентативниот синдикат во однос на зголемувањето на платите во јавниот сектор и во однос на воведување на нова методологија за зголемување во иднина на платите во јавниот сектор. Но, и за отворање на процес за изработка на нов закон за плати во државата со кој ќе се отстранат голем број на неконзистентности кои постојат во јавниот сектор и отворање на процес на реформи во јавниот сектор, бидејќи брои повеќе од 132 илјади вработени кои се платени од вработените во приватниот сектор и доколку се покачува платата, што треба да се направи, треба да се испорача и подобра услуга за граѓаните кои ги плаќаат тие плати, посочи Ковачевски.

Во врска со разрешувањето на директорот на „Пошта” Јани Макрадули, Ковачевски рече дека тоа е направено низ „меѓусебен договор помеѓу премиерот и директорот на Македонска пошта заради унапредување на работењето на претпријатието” по што, како што нагласи, дојде до менаџерската промена.

loading...

go88 đăng nhập bằng facebook anh tài xỉu go88 go88 nhà cái ở đầu

sunwin nhận code