Највисокото раководство на СДСМ вечерва ќе го разгледува францускиот предлог, Богоев пред седницата на раководството на СДСМ: Сега е клучно ВМРО-ДПМНЕ да се вразуми и да се обединиме како држава
Највисокото раководство на СДСМ вечерва ќе го разгледува францускиот предлог, Богоев пред седницата на раководството на СДСМ: Сега е клучно ВМРО-ДПМНЕ да се вразуми и да се обединиме како држава
Ковачевски: Нашите забелешки дека историските прашања и протоколот не може да бидат дел од преговарачката рамка се содржани во новиот предлог
Ковачевски: Нашите забелешки дека историските прашања и протоколот не може да бидат дел од преговарачката рамка се содржани во новиот предлог
(ВИДЕО) ЕФТОВ: НЕ СМЕЕМЕ ДА ИЗБРЗАМЕ И ДА ГО ОДБИЕМЕ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ, ТОА ЌЕ БИДЕ КАРДИНАЛНА ИСТОРИСКА ГРЕШКА
(ВИДЕО) ЕФТОВ: НЕ СМЕЕМЕ ДА ИЗБРЗАМЕ И ДА ГО ОДБИЕМЕ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ, ТОА ЌЕ БИДЕ КАРДИНАЛНА ИСТОРИСКА ГРЕШКА
(ВИДЕО) Денеска општина Кавадарци им ги доделени решенијата на 16 невработени лица се ангажирани за извршување на општо корисна работа
(ВИДЕО) Денеска општина Кавадарци им ги доделени решенијата на 16 невработени лица се ангажирани за извршување на општо корисна работа
Денеска во својот кабинет градоначалникот Митко Јанчев оствари средба со претседателот на Занаетчиската комора на Македонија, Агрон Фазлији
Денеска во својот кабинет градоначалникот Митко Јанчев оствари средба со претседателот на Занаетчиската комора на Македонија, Агрон Фазлији
Модифицираниот француски предлог од утре на увид пред јавноста
Модифицираниот француски предлог од утре на увид пред јавноста
Ковачевски: Имаме план и стратегија која очигледно дава резултати
Ковачевски: Имаме план и стратегија која очигледно дава резултати
БРАВО: Бесплатен паркинг на затворените паркиралишта на ЈП „Градски паркинг“ Скопје при дарување крв
БРАВО: Бесплатен паркинг на затворените паркиралишта на ЈП „Градски паркинг“ Скопје при дарување крв

Ковачевски: Обезбедивме резултати во сузбивање на недозволена трговија и достапност на услугите на граѓаните

Во рамки на тематската владина седница, која денеска се одржа по повод одбележувањето на 100 дена мандат на Владата, премиерот Димитар Ковачевски се задржа и на успешните постигнувања кои во изминатиот период беа спроведени во насока на сузбивање на организираниот криминал со наркотици.

„Резултатите од бескомпромисниот став во сузбивањето на недозволена трговија со дрога се евидентни и овие полициски акции ја позиционираа државата како кредибилен фактор во борбата против недозволената трговија со забранети наркотични супстанци“, рече Ковачевски посочувајќи дека за само три месеци се запленети седум килограми хероин со вредност од речиси 300.000 евра, околу 1.2 тона психотропни супстанци за производство на амфетамин со вредност од милионски износ во евра и над 2,2 тона марихуана со вредност од над 5 милиони евра.

Задржувајќи се на остварената реконструкција и реновирање на полициските станици и воспоставувањето на систем од модерни и опремени објекти за стручна и ефикасна работа на полицијата, премиерот Ковачевски, во своето експозе по повод позитивните остварувања во изминатите 100 дена, ја истакна мотивираноста на полициските работници кои на законит, стручен, транспарентен и одговорен начин ја гарантираат целосната лична и имотна сигурност на граѓаните и неселективно се справуваат со организираниот криминал и корупција.

„Една од позначајните работи е и тоа што со посветена работа на нашата полиција продолжува трендот на намалување на бројот на жртви во сообраќајните несреќи. Во првите три месеци од 2022 година има 18 жртви, што е за 10 помалку споредено со истиот период лани. Само во месец март 2022 година имаме четири жртви, бројка која е дури четири пати помала од 2021“, истакна Ковачевски.

Тој во своето експозе по повод 100 дена мандат на Владата ги наброи и позитивните постигнувања во областа на правосудството, односно успешното продолжување на реализацијата на дигитализацијата и конкретно ставањето во употреба на информатичко-компјутерската опрема во судниците на пет основни суда.

„Обезбедувањето дигитални услуги за граѓаните е наш приоритет. Овозможуваме брз, лесен и едноставен начин на барање и стекнување на документи или податоци за секој еден граѓанин на нашата држава. Електронските уверенија од казнената евиденција за физички лица се во моментов достапни како услуга на националниот портал uslugi.gov.mk. Од скоро истата услуга е достапна и за правни лица. Успешно се спроведува и системот за бесплатна правна помош за граѓаните. Зголемен е бројот одобрени барања за бесплатна секундарна правна помош за над 50%, додека пак примарна правна помош добиле речиси 20% повеќе граѓани во однос на претходната година“, подвлече Ковачевски.

Тој се задржа и на подготовката на законите за изменување на платите на судиите, на членовите на Судскиот совет, на јавните обвинители и членовите на Советот на јавни обвинители, закони кои се во владина процедура, а се во насока на зачувување и обезбедување на достоинството и одговорноста на професиите, судија и обвинител и со цел заштита од притисоци при донесување одлуки.

loading...

https://go88.gg/

mod sunwin SUNWIN cổng game Đánh bài Nổ hũ Siêu Đỉnh không tải được sunwin