(ВИДЕО) АРСОВСКИ: Предлогот не е идеален, ама е подобар од претходниот и ни овозможува да ги почнеме преговорите, битката со Бугарија ќе продолжи
(ВИДЕО) АРСОВСКИ: Предлогот не е идеален, ама е подобар од претходниот и ни овозможува да ги почнеме преговорите, битката со Бугарија ќе продолжи
Партија на пензионери: Треба да се прифати новиот француски предлог
Партија на пензионери: Треба да се прифати новиот француски предлог
МАРИЧИЌ ВО ДОЛГО КИЛОМЕТАРСКО ИНТЕРВЈУ ЗА МИА ВО ДЕТАЛИ ГО ОБЈАСНУВА МОДИФИЦИРАНИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕЛОГ: Со модифицираниот француски предлог го добиваме она за што со години се бориме
МАРИЧИЌ ВО ДОЛГО КИЛОМЕТАРСКО ИНТЕРВЈУ ЗА МИА ВО ДЕТАЛИ ГО ОБЈАСНУВА МОДИФИЦИРАНИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕЛОГ: Со модифицираниот француски предлог го добиваме она за што со години се бориме
Спасовски: Вкупниот криминалитет бележи намалување за 8,31 проценти
Спасовски: Вкупниот криминалитет бележи намалување за 8,31 проценти
МЗШВ со поддршка на „Фестивал на биодиверзитет“ – Го јакнеме локалното производство и малите производители
МЗШВ со поддршка на „Фестивал на биодиверзитет“ – Го јакнеме локалното производство и малите производители
БОМБА НА МЕРСЕЛ БИЉАЛИ: ВМРО ја прави третата стратешка грешка!?
БОМБА НА МЕРСЕЛ БИЉАЛИ: ВМРО ја прави третата стратешка грешка!?
Авиони од Русија попладнево ќе ги однесат протераните 70 дипломати од Софија
Авиони од Русија попладнево ќе ги однесат протераните 70 дипломати од Софија
(ВИДЕО) ПОЧНА СЕДНИЦАТА НА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ, ПРИСУТЕН ЦЕЛИОТ ДРЖАВЕН ВРВ, ЌЕ СЕ РАЗГОВАРА ЗА МОДИФИЦИРАНИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ
(ВИДЕО) ПОЧНА СЕДНИЦАТА НА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ, ПРИСУТЕН ЦЕЛИОТ ДРЖАВЕН ВРВ, ЌЕ СЕ РАЗГОВАРА ЗА МОДИФИЦИРАНИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ

Ковачевски: Очекуваме ист пристап и реципроцитет за бугарските граѓани со македонско самосознание

Ние како Влада стоиме зад слободните убедувања на сите граѓани, очекуваме ист пристап и реципроцитет за бугарските граѓани со македонско самосознание, вели премиерот Димитар Ковачевски во изјава за МИА на прашањето да го искоментира отворањето на ккубот при културниот центар „Ванчо Михајлов” во Битола.

– Се работи за контроверзна историска личност, која во Република Северна Македонија е доживувана на различен начин од различни групи на граѓани. Сепак, бидејќи се работи за граѓанска иницијатива, согласно Европската конвенција за човекови права, со која ние сме целосно усогласени, ваквите проекти не се предмет на државен надзор. Во Република Северна Македонија е овозможено сите граѓани слободно да ги практикуваат своите етнички, религиски и идеолошки убедувања, вели Ковачевски.

Тој пристап, додава премиерот, е нешто зад кое ние како Влада стоиме и ќе продолжиме да го практикуваме и понатаму, бидејќи, вели, тоа е нашиот белег и како држава и како општество.

– Воедно и Владата на Република Северна Македонија како и јавноста со нетрпение го очекува денот кога и кај нашите соседи ќе созрее времето кога и таму оние граѓани кои имаат, на пример, македонско самосознание, ќе можат на ист таков слободен начин да ги практикуваат своите уверувања, изјави премиерот Ковачевски за МИА.

loading...