Драги: Италија поддржува одвојување на Северна Македонија и Албанија на патот кон ЕУ
Драги: Италија поддржува одвојување на Северна Македонија и Албанија на патот кон ЕУ
Што вклучува предлог-решението на бугарскиот парламент за кревање на ветото
Што вклучува предлог-решението на бугарскиот парламент за кревање на ветото
Бугарскиот парламент го одобри кревањето на ветото, се чека премиерот Петков да ја донесе владината одлука
Бугарскиот парламент го одобри кревањето на ветото, се чека премиерот Петков да ја донесе владината одлука
Битола се подготвува за Балкан Гала, ќе настапат бројни македонски и регионални музичари
Битола се подготвува за Балкан Гала, ќе настапат бројни македонски и регионални музичари
Трифонов ги опцу тие што гласаа „за“ францускиот предлог
Трифонов ги опцу тие што гласаа „за“ францускиот предлог
Петков со порака до Македонија: Сега е шансата, не треба да се испушти, апелирам и до Ковачевски и до Мицковски да направат исчекор, јас ја платив цената, ми падна владата
Петков со порака до Македонија: Сега е шансата, не треба да се испушти, апелирам и до Ковачевски и до Мицковски да направат исчекор, јас ја платив цената, ми падна владата
ГРАД СКОПЈЕ: Продолжува изградбата на нови улици во општина Ѓорче Петров – 5 улици во Кисела Јабука за првпат добија асфалт
ГРАД СКОПЈЕ: Продолжува изградбата на нови улици во општина Ѓорче Петров – 5 улици во Кисела Јабука за првпат добија асфалт
Макрон го поздрави гласањето во Собранието на Бугарија и најави продолжување на процесот
Макрон го поздрави гласањето во Собранието на Бугарија и најави продолжување на процесот

Ковачевски: Особено е важно спротивставувањето на дезинформациите од Русија

Премиерот Димитар Ковачевски, Софија 28.03.2022 | Фото: Влада на Р.С. Македонија
Посебно е важна будноста во спротивставувањето на дезинформациите и лагите од Русија, кои се вистинска закана за демократските процеси во Европа и на Западен Балкан, порача македонскиот премиер Димитар Ковачевски во неговото обраќање на Состанокот на шефовите на влади на земјите од Југоисточна Европа членки на НАТО, што денеска се одржува во Софија, Бугарија.

Ковачевски нагласи дека тој и премиерот на Бугарија Кирил Петков, на Романија Николае Чука и на Црна Гора Здравко Кривокапиќ на денешната средба си поставиле за цел да ги нагласат потенцијалните ризици и согледаните закани, како и да ги нагласат премисите што треба да водат кон подобра отпорност и координација меѓу земјите од Југоисточна Европа.

„Oваа средба испраќа уште една силна порака за единство и солидарност со Украина. Оваа средба го отвора патот да спречиме какво било можно влијание врз нашата безбедност и стабилност во контекст на потенцијалните последици што би можеле да се појават од актуелната безбедносна и хуманитарна криза во Украина“, нагласи Ковачевски и додаде дека земјите учеснички на состанокот остануваат цврсто на позиција на осуда на војната во Украина како нелегалната и нелегитимна инвазија на Русија.

Македонскиот премиер зборувајќи за значењето на Северно-атлантската алијанса во ова кризно време, истакна дека да се биде земја членка на НАТО е огромна привилегија и одговорност.

„Северна Македонија ја одбележа двегодишнината од своето полноправно членство во НАТО, како гаранција за нејзиниот суверенитет и територијален интегритет, како и инвестирање во безбедноста и стабилноста во регионот. Пристапувањето на нашата земја во НАТО е силен показател за вредноста на политика на „отворени врати“ како фундаментален принцип дека сите земји имаат право да го изберат својот пат, своите надворешнополитички приоритети и безбедносните аранжмани“, нагласи Ковачевски.

Премиерот на Северна Македонија порача и дека во соочувањето со новата стратешка реалност за европската и трансатлантската безбедност, сојузниците одлучно одговориле на војната во Украина, со воведување санкции без преседан на Русија, силно ја поддржаа Украина. Тој нагласи дека НАТО и ЕУ покажаа дека можат да работат и да дејствуваат заедно во поддршката за Украина, но и за земјите партнери, како што се Грузија, Молдавија и Босна и Херцеговина

„Сега е време максимално да го искористиме потенцијалот на кооперативните безбедносни и партнерски алатки и механизми на партнерите од Југоисточна Европа, бидејќи сме сведоци на влошување на политичката стабилност и пораст на националистичките и популистичките наративи“, рече Ковачевски во своето обраќање на состанокот на лидерите на земјите членки на НАТО од ЈИЕ.

Ковачевски зборуваше за економската несигурност и растечката енергетска криза, а како посебно ризичен го оцени застојот во процесот на проширување на ЕУ, велејќи дека .

„Неприфаќањето дека проширувањето во суштина е безбедносна политика создава дополнителен простор за нестабилност во регионот, а отсуството на кредибилна европска и евроатлантска перспектива за Западен Балкан има повеќекратни негативни тенденции за злонамерно влијание на трети страни со што се зголемуваат неизвесностите во регионот и се создаваат сомнежи што резултираат со намалување на довербата на граѓаните во ЕУ“, рече тој на средбата.

На истото, македонскиот премиер предупреди и на прес-конференцијата по средбата.

„Одложување на пристапниот процес кон ЕУ за земјите од регионот создава дилеми што може да резултираат со намалување на довербата кај граѓаните во ЕУ. Сепак дури и со вакви предизвици Северна Македонија останува силно посветена на одржувањето добрососедски односи и промовирање соработка меѓу земјите од нашиот регион. Наша обврска е да останеме фокусирани на промовирање на тие вредности и принципи, истакна Ковачевски.

Во завршницата тој посочи дека Северна Македонија останува силно посветена на одржување добрососедски односи и унапредување на соработката меѓу земјите од нашиот регион.

„Нашата заложба е да останеме фокусирани на промовирање на овие вредности и принципи за време на нашето претстојно претседавање со ОБСЕ во 2023 година, како и да го искористиме потенцијалот на другите регионални иницијативи со цел подобро поврзување, разбирање и координација на земјите од регионот и Југоисточна Европа“, нагласи премиерот Ковачевски

loading...

download go88.club go88 mới nhóm kéo go88

sunwin pro plus sunwin lừa đảo game sunwin.vn