ПОКАЗНА ВЕЖБА НА ПОЖАРНИКАРИТЕ ВО ПРОБИШТИП, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НАЈАВИ НАБАВКА НА НОВО ПРОТИВПОЖАРНО ВОЗИЛО КОЕ ЌЕ ПРИСТИГНЕ СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ
ПОКАЗНА ВЕЖБА НА ПОЖАРНИКАРИТЕ ВО ПРОБИШТИП, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НАЈАВИ НАБАВКА НА НОВО ПРОТИВПОЖАРНО ВОЗИЛО КОЕ ЌЕ ПРИСТИГНЕ СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Митева и Пецаков од ВМРО ДПМНЕ учесници на програма која промовира одржлива професионална врска и пријателство помеѓу Република Македонија и САД
Митева и Пецаков од ВМРО ДПМНЕ учесници на програма која промовира одржлива професионална врска и пријателство помеѓу Република Македонија и САД
Е ВАКА НЕ ЛИЧИ, КАКО ШТО СМЕ БИЛЕ СО ВЕКОВИ БРАЌА: Бугарскиот министер за одбрана Заков со највисоки државни почести ја пречека македонската колешка Петровска
Е ВАКА НЕ ЛИЧИ, КАКО ШТО СМЕ БИЛЕ СО ВЕКОВИ БРАЌА: Бугарскиот министер за одбрана Заков со највисоки државни почести ја пречека македонската колешка Петровска
Петров: Нашето место е во ЕУ и нема да дозволиме да бидеме предмет на уцени и малтретирање
Петров: Нашето место е во ЕУ и нема да дозволиме да бидеме предмет на уцени и малтретирање
ЛИДЕРОТ НА СОЦИЈАЛИСТИЧКА ПАРТИЈА ГО ПОФАЛИ ПРЕМИЕРОТ: Ковачевски е многу коректен политичар, со висока демократска свест
ЛИДЕРОТ НА СОЦИЈАЛИСТИЧКА ПАРТИЈА ГО ПОФАЛИ ПРЕМИЕРОТ: Ковачевски е многу коректен политичар, со висока демократска свест
ЛИДЕРОТ НА СОЦИЈАЛИСТИЧКА ПАРТИЈА: СЕ ОБИДОВМЕ ДА ВОСПОСТАВИМЕ СОРАБОТКА СО СДСМ, БЕВМЕ ОДБИЕНИ
ЛИДЕРОТ НА СОЦИЈАЛИСТИЧКА ПАРТИЈА: СЕ ОБИДОВМЕ ДА ВОСПОСТАВИМЕ СОРАБОТКА СО СДСМ, БЕВМЕ ОДБИЕНИ
Тактичко-показна вежба и промоција на опрема - одбележан Денот на пожарникарите во Делчево
Тактичко-показна вежба и промоција на опрема - одбележан Денот на пожарникарите во Делчево
БРАВО: Ново училиште во Долно Блаце, од септември децата нема да учат во Косово
БРАВО: Ново училиште во Долно Блаце, од септември децата нема да учат во Косово

КОВАЧЕВСКИ: Почитувани членови на СДСМ, прочитајте ја мојата програма на следниов линк

ОБРАЌАЊЕ ДО СИТЕ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИ

Почитувани социјалдемократи, другарки и другари,
Ви се обраќам, за да ви ја претставам мојата визија и програма за што ја барам
вашата доверба и поддршка за претседател на СДСМ.
Во време на сериозни предизвици со кои се соочуваат нашето македонско
општество и сите наши граѓани, но и во време кога на СДСМ, на македонската
социјалдемократија и на левицата генерално им се потребни брзи и квалитетни
промислувања, одлуки и зајакнувања, одговорно е да се преземат одлучни чекори и да се
делува.

Затоа се кандидирам за претседател на партијата. Преземањето одговорност во
овие моменти, по оставката на претседателот Заев, сметам дека е неопходно и затоа мојот
мотив за заеднички успех го гледам како многу важен за понатамошниот развој на СДСМ,
но и за иднината на државата.
Пред нашето членство и пред сите наши граѓани стојат бројни предизвици кои треба
да се решаваат. Се уште трае пандемијата, се најавува енергетска криза, можни
поскапувања, препреки на европскиот пат, ризици и реални закани земјата да скршне од
европскиот и реформскиот курс, неефикасност во реализацијата на политиките и мерките,
а има и други.
Нам ни треба брз одговор на секоја тема, на секое прашање, соодветно решение.
Јасни одговорности и задачи кои треба да се преземат во партијата и брзи и ефикасни
испораки на услуги кон граѓаните од страна на државата.
Ни треба мотивација, активирање и ангажман на целото членство на СДСМ, но и на
сите граѓани, акција, на сите луѓе кои се подготвени да застанат и да се борат за патот
напред, за достоинството, праведноста, за солидарноста, за еднаквоста, за јавниот интерес,
за европските стандарди, за социјалдемократијата, за нашиот народ, но пред се за
иднината на нашата татковина како едно општество на сите. За обединувањето околу она
што ни е заедничко, за општото и националното добро, наспроти поделбите.
Ни треба граѓанско движење околу клучното – напредокот. Ние сме најповикани,
социјалдемокартите, левичарите, социјалистите, либералите, демократите, зелените сите
заедно. Сите што сме од центарот кон лево, најпрво да се обединиме околу нашите
зеднички и недвосмислени цели, а тоа е европскиот и реформскиот курс, да испорачаме
заедно резултати, а потоа и да подадеме рака на сите од центарот кон десно бидејќи
Северна Македонија е голема идеја и за нејзиниот напредок мораме да придонесеме ама
баш сите.
Тоа е првата суштинска работа на којшто се обврзувам пред вас.
2
Нашето движење да зајакне, прво дома, во нашите редови, а потоа и надвор. Со
граѓаните, со граѓанските организации, со синдикатите, со работниците, земјоделците,
професорите, наставниците, младите, студентите и да влијае за позитивни промени и кај
другите политички субјекти.
СИТЕ НИЕ ЗАЕДНО!
Затоа што ние, со прогресивните, демократски граѓани ја придвиживме нашата
земја во вистинскиот правец за само неколку години. Не смееме да дозволиме повторно
враќање назад, во неизвесност. Наша одговорност е да направиме се, земјата да продолжи
напред.
Секој од нас знае дека се нужни промени во начинот на којшто се управува со
институциите, во начинот на работата, во односот, во одговорноста, пристапот кон
граѓаните и најважно, во ефикасноста во работењето и решавање на системските и
секојдневните проблеми на граѓаните.
Колку ефикасно се спроведуваат социјалдемократските политики толку напредокот
на земјата ќе биде посигурен, толку граѓаните ќе бидат посигурни, спокојни, задоволни.
Затоа ја барам вашата доверба. Не за промени само заради промени. Не за замени
и не за наследници. СДСМ е голема партија и уште пред вториот круг на изборите се одважи
кажа дека грешките се увидени, а промените се неизбежни.
Јас не стојам пред вас за да испорачам “бомбастични” промени кои се однесуваат
на имиња и презимиња, туку драстични промени во однос на начинот на работа и
функционирање. Зајакнување на она што било добро и сериозна корекција на се што не
функционирало. Да создадеме ефикасен систем кој им служи на граѓаните на поинаков
начин, еднакво брзо и еднакво квалитетно за секого, и во кој за секој што сака да се вгради
има место.
Вашата доверба ја барам за ТИМСКА РАБОТА, СО ЈАСНИ ПРАВИЛА И
ОДГОВОРНОСТИ, ЈАСНО УТВРДЕНИ СО ЦЕЛ ДА ПРЕДИЗВИКААТ ПОДОБРО за секој
граѓанин. Тоа е мојата втора заложба на која се обврзувам.
Како што реков, без замени и без наследници. Низ консултации развивам нов
концепт на лидерство кое значи споделени обврски за однапред дефинирани заеднички
цели, а тоа е за доброто на нашиот народ, на нашата татковина.
СДСМ има бројно и силно членство, има огромен потенцијал во партијата кој чека
да биде искористен. Време е потенцијалот на СДСМ да добие шанса, да дојде до израз.
Заедно. Заедно да одиме и чекор напред, преголеми се нашите заложби, а премала е
нашата држава за да исклучуваме било кого.
3
Затоа ќе вклучуваме и ќе споделуваме, во партијата и надвор од партијата, ќе
бараме поддршка од нашите природни сојузници, од демократите, социјалистите, од
младите, од жените, од мажите, од возрасните, од професорите и научниците, од
работниците, од земјоделците и домаќините, од сите оние кои и мислат добро на
татковината.
Можеме да. Со јасен план, со решенија, со систем кој создава и реализира.
Имам длабока почит за успесите кои ги постигнавме преку водството на нашиот
другар Зоран Заев, како претседател на СДСМ и како премиер. Времето ќе го потврди тоа
што многумина денеска не можат или не сакаат да го видат. Направено е многу за нашата
држава, во различни сегменти, остварени се стратешки национални интереси, живееме во
слободно и демократско општество, парите конечно почнаа да одат кај граѓаните.
Јас, Димитар Ковачевски, не се гледам како наследник, ниту пак очекувам некој
некого да наследува. Подготвен сум да водам со јасен концепт, план и визија.
Три клучни столбови на кои се потпира мојата визија, која ја дефинира патеката по
која ќе водам и за што барам ваша поддршка:
1. СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКА ВИЗИЈА
Политика втемелена врз јасни социјалдемократски вредности, од
кои извираат принципите на работењето и резултатите;
2. РАСТЕЧКА ЕКОНОМИЈА
Стабилен и брз раст на економскиот стандард на нашите граѓани,
како мој, наш влог за подобар живот на граѓаните;
3. ЕФИКАСНО И ОДГОВОРНО УПРАВУВАЊЕ
Знаење, ефикасност и фер шанса како нов систем кој ќе создава и ќе
го реализира се она што сме го ветиле, зацртале, посакале, за
доброто на нашата земја и нашиот народ.
Ја барам вашата поддршка да започнеме веднаш со нашиот нов активизам, со ваш
придонес во секој од овие три клучни столбови, подеднакво важни и потребни.
Може да споделуваме и да градиме вредносен систем само ако тој му служи на
јавниот интерес, на општото добро.
Можеме да обезбедиме подобар живот на граѓаните, со поголеми плати, месечни
примања, но квалитетот на животот е во директна врска со квалитетот на услугите во
образованието, здравството, социјалата, редот и мирот, здравата животна средина.
4
Може да создаваме ефикасен систем само ако законите, правилата, прописите
важат еднакво за сите. Без правичност, правичен пристап и ефикасност во дистрибуцијата
на правдата реално нема правда. Нашиот граѓанин, нашиот човек, бара правда и
правичност затоа што знае дека чесните се понижени а нечесните глорифицирани, затоа
што му тежи кога гледа дека оној што почитува прописи се смета за наивен, а оној што не
ги почитува за снаодлив. Затоа правдата е јавен интерес.
Корупцијата во изминатите три децениии навлезе предлабоко во секоја пора на
општеството. Не смееме да прифатиме дека корупцијата и митото се дел од нашата култура,
тоа мора да го промениме, заедно. Посебен акцент во ефикасноста на институциите
ставаме на борбата против корупцијата. Некои процеси се започнати, но граѓаните велат
дека тоа не е доволно и затоа јас ќе иницирам и зајакнување на постоечките, но и нови
ефикасни и спроведливи антикорупциски мерки.
Демократијата во суштина значи владеење на правото, правилата, прописите и
преземање одговорност кога тоа не се почитува. Најуспешни се демократските општества
во кои ефикасно се спроведува таков систем. Тоа ќе биде и мојот фокус и ако ја добијам
вашата доверба тоа ќе биде фокусот на СДСМ, планови, мерки, ефикасна реализација,
мерење резултати и корекции за подобрување.
Имам став, нулта толеранција за корупција и барам извршување на задачите
согласно сите правни и законски процедури. Доколку ја добијам вашата поддршка за
претседател преземам одговорност дека ќе барам овие принципи да бидат практицирани
спроведувани пред се внатре во партијата, но и во Владата и институциите, без разлика кој
е премиер и кои се останатите раководни лица – нема компромис околу принципот
корупцијата да биде санкционирана согласно сите законски одредби коишто важат во
државата.
Од една страна се системските промени, преку владата во министерството за правда
и во поврзаните институции, во унапредувањето на правосудниот систем, меѓутоа од друга
страна постојат и независни судски органи, бидејќи судството е посебна власт, постои
обвинителство кое одговара пред Собранието.
Корупцијата го уништува целото општество, но создава и лош имиџ за земјата и
директно влијае негативно врз мотивацијата на граѓаните и во нивната доверба кон
институциите, не само од аспект на злоупотреба на некоја положба, туку и од аспект на
намалување на конкурентноста во економијата, од аспект на намалување на слободите.
Судството и Обвинителството мора да бидат независни но исто така и мора да ја
зголемат ефикасноста. Нивната независност и автономија и тоа како подразбира и нивна
одговорност.
5
Може да имаме безброј еколошки решенија, прописи, но потребна е еколошка
одговорност и директно влијание врз однесувањето на нашите институции кон чистата
животна средина што во крајна линија значи и подобро здравје на луѓето.
Затоа, квалитетот на услугите, правдата и екологијата ги ставаме во врвот на
јавниот интерес и нашиот политичко општествен активизам ќе биде фокусиран на овие
теми силно и суштински.
Почитувани другарки и другари,
Таканаречените „големи политики“ ги оставам на крај од моето обраќање до вас. Не
затоа што сметам дека се најмалку важни, напротив,тие се стратешки и исклучително важи,
на нив почива светлата иднина на нашиот народ.
Северна Македонија мора да продолжи по овој веќе трасиран евро-атлански пат,
како слободна и демократска држава, горда членка на НАТО, идна членка на ЕУ. СДСМ е
гарант за тоа.
Стратешките приоритети поставени уште од независноста се стратешки приоритети
на СДСМ, но и на секој слободен човек во оваа наша татковина.
Токму државотворната партија СДСМ низ годините се борела на секој можен начин,
а во последните четири години направи најмногу и успеа целосно да го реализира
членството во НАТО и да ги исполни сите услови за почеток на преговори со ЕУ.
Тој успех, заедно со враќањето на слободата и демократијата, поставувањето на
концептот едно општество за сите и враќањето на парите кон граѓаните се историски успеси
на СДСМ заедно со прогресивните демократски сили и граѓани, трајни придобивки за
нашата земја. Тоа никој не може ниту да го одземе ниту да го негира и за тоа се заслужни
сите граѓани кои го поддржаа овој концепт.
Граѓанскиот концепт на СДСМ, едно општество за сите, во кој целиот наш народ, без
разлика дали станува збор за Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци
или било кои други, нема да дозволиме да биде нарушен.
Договорот од Преспа, Договорот за добрососедство и Охридскиот рамковен
Договор се гарантори на стабилноста и иднината на државата.
Длабоко верувам дека преку столбовите кои ги наведов, вредностите, ефикасноста,
подобрувањето на квалитетот на живот на народот и новиот политички активизам врз
основа на јавниот интерес и правдата, овие историски успеси, овој трасиран евро-атлански
пат, можеме и да го обезбедиме и да го забрзаме движењето на државата по него.
Јас, сите ние, не смееме и нема да го дозволиме да скршнеме од патот за кој тешко
се изборивме.
6
Она што народот го гледа, го чувствува и јасно ни го испорача како порака на
последните локални избори не е поврзано со правецот на државата, со стратешката
поставеност, со граѓанскиот концепт. Повеќето граѓани, демократски партии, здруженија,
активисти, нашиот народ, јасно ни порачуваат дека бараат да се задржи овој про-европски,
западно-демократски и евро-атлански пат на земјата.
Но, нашиот народ има сериозни и основани забелешки за ефикасноста на
спроведување на одредени реформи и за начинот на функционирање на институциите, на
брзината со која се спроведуваат промените, на спориот систем кога е во прашање
правдата, одговорноста, санкционирањето на корупцијата, со еден збор бавно и
селективно делување кога е во прашање јавниот интерес.
Сето ова не води до нужните промени кои треба да ги направиме внатре за да
испорачаме кон граѓаните. Не да го ветиме па да работиме на тие промени, туку да ги
направиме, па да ги соопштиме.
Тоа значи да си ги засукаме ракавите дома и да работиме за уште побрзо да ни оди
државата по вистинскиот пат. Со средени, ефикасни, институции дома.
Затоа ја барам вашата доверба, ајде заедно да го направиме тоа што треба, што
мора, тоа што знаеме и умееме. Не еден човек, сите заедно!
1. СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКА ВИЗИЈА
ПОЛИТИКА ВТЕМЕЛЕНА ВРЗ ЈАСНИ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ ВРЕДНОСТИ,
ОД КОИ ИЗВИРААТ ПРИНЦИПИТЕ НА РАБОТЕЊЕТО И РЕЗУЛТАТИТЕ.
Првите чекори мораме дома да си ги направиме, во партијата. Идеолошки и
вредносно пред се, а потоа и во начинот на партискиот активизам, фунционирање и
делување.
Социјалдемократот којшто работи во текстилна фабрика, социјалдемократката која
работи во болница, социјалдемократот којшто работи земјоделие, или во дуќанче, во
училиште, на факултет, во некоја институција, сите тие споделуваат исти вредности.
Но, ни недостига замаецот, насоката која заедно не придвижува идеолошки, за да
произведе соодветни политички акции за промени на општеството.
Внатрепартиски, идеолошки и вредносно тоа ќе го вратиме за да создадеме една
линија, резултанта, која заедно ќе не придвижи во ист правец, со нови чекори.
Нов чекор кој поинаку ги поставува нешата. Активизам за доброто на партијата, ама
пред се за доброто на општеството, на јавниот интерес. СДСМ постои за граѓаните.
7
Не што може да се заврши за мене, туку што може да се заврши за доброто на сите.
А, кога се работи за доброто на сите, со сигурност ќе биде добро и за мене.
Секој да си се погледне во сопственото огледало на своето „јас“ и да си даде
одговор: што можам да променам, што можам да придонесам, што можам да помогнам!
Промените почнуваат од секој поединец и постојано мотивираат нови поединци.
Помалку да се гледаме меѓу себе, едни спроти други, помалку да бараме вина еден
од друг, повеќе да бараме од себе, да бараме од сите нас заедно, повеќе да дадеме, за
повеќе да добиеме.
Нов чекор за отвореност кон нови луѓе и од надвор, поддржувачи на слободната
мисла, на одговорното комуницирање, на државните интереси, на социјалната правда, на
почиста животна средина, на сите теми кои не обединуваат.
Нов чекор за директна и отворена соработка со синдикати, граѓански организации,
активисти.
Нов чекор за пошироки економски и социјални права, за подобра живеачка, не само
за ранливите граѓани, туку за сите, за целиот наш народ.
Еднаквост пред законите и нормите, фер шанса за пристап до работа, пристојна и
поголема плата, повеќе време за себе, за семејството, за децата, за забава и дружба.
Затоа што македонскиот социјалдемократски економски модел почива на тој
концепт. Кога зборуваме за пораст на минималната плата, кога зборуваме за детски
додадок, за отворање нови и добро платени работни и места, социјални станови, пристојни
плати, економски раст, мислиме на суштинските придобивки за секој човек.
Кога така ќе се пристапува кон членството, кон активизмот во СДСМ, со идеолошки
вредности кои не само декларативно туку и суштински се потврдуваат со конкретни акции,
тогаш може да кажеме да, успеваме, одиме понатаму.
Уште на почетокот сакам јасно да кажам: вие сте мојот тим. Секој член, секој
активист. Мојот начин на функционирање е споделување на должности и обврски, на
заедничко делување. Не еден човек за се’, не сите за се’. Заеднички, ама секој во својата
област, во својата задача, конкретно и со план, со точни рокови и очекувања.
Сум соработувал со сите досегашни претседатели на СДСМ, на различни начини и
во различни форми од почетокот на моето членување во СДСМ во 1994 година. Бев член на
Локален клуб на СДММ во Куманово, член на Централниот одбор на СДММ, координатор
на месна организација на СДСМ, член на Извршниот одбор на општинска организација
Карпош, член на Централниот одбор на СДСМ во два наврати и член на Извршниот одбор
на партијата во два наврати, член на изборни штабови и на општинско и на централно ниво.
Бев дел од сите активности на СДСМ кога заедно со партиските другари и другарки ја
8
градевме партијата, дел од активностите за промена на минатата власт заради враќање на
слободата и демократизација во државата. Можеби не бев најнапред и највидлив, но бев
постојано тука, цели 30 години, лојален и посветен социјалдемократ, и во добро и во лошо.
Го истакнувам ова затоа што верувам дека процесите низ коишто минува една
партија, не се процеси на еден човек, на неколку поединци, туку заеднички процеси во кои
сите треба да се вградат за да успеат.
Партијата е отворена за сите, јас сум човек кој не поддржува задкулисни партиски
крила и струи, тоа не треба да ни ја одзема енергијата во работењето затоа што сите имаме
иста цел, партијата да ги реализира ветувањата, да работи и го унапредува животот на
граѓаните а за тоа мора да сме обединети и многу да работиме. Го немаме луксузот да се
трошиме на фракции и струи, повикани сме од народот да ја водиме земјата напред и затоа
барам од секој од нас одговорност за моментот во кој се наоѓаме.
Затоа од мене нема да слушате за поделби и струи, од мене очекувајте да
дебатираме за политики, за решенија и сакам да го слушнам сечие мислење за да донесеме
најдобри одлуки, но поважно од тоа ќе биде реализацијата која мора да е брза и ефикасна,
фокусирана на потребите на граѓаните.
Внатрепартиската демократија ќе ја негувам, но нема да дозволам истата да се
злоупотребува за внатрешни поделби и реализација на лични интереси. Јас влегувам со
искрени намери да ја направам партијата ефикасна, организирана и посветена на
решавање и работа на проблемите на граѓаните.
Секој кој ги дели овие вредности е добредојден.
СДСМ секогаш била и мора да остане партија која обединува. На локалните избори
дозволивме да се намали коалицискиот потенцијал на партијата, но се случија и внатрешни
несогласувања што резултираа со поделби на изборите. Моја главна цел ќе биде да ја
обединам партијата и да ги надминеме разликите.
СДСМ е голема партија и во неа има многу способни луѓе. Во партијата сега повеќе
од било кога сите сме си потребни. Треба да се научиме да се критикуваме за слабостите и
да извлекуваме поука од нив за да ги менуваме работите кон подобро. Исто така и да се
почитуваме за стореното и да не забораваме кои се нашите успеси, нашите вредности.
СДСМ мора да ја подобри комуникацијата со членството. Не може да ги бараме
луѓето само пред избори или кога нешто и треба на партијата, туку постојано да ги
вклучуваме, а нивниот глас да биде слушнат. И не е доволно само да биде слушнат туку и
да видат дека тоа што го бараат и порачуваат се спроведува.
СДСМ мора да ги продолжи одличните социјални политики, покачувањето на
минималната и просечната плата. Но, треба уште повеќе да зборуваме за решенија на
проблемите за кои граѓаните зборуваат со семејствата, пријателите и кои им го отежнуваат
9
секојдневнието. Партијата која владее треба да биде во постојан контакт со реалните
проблеми и на истите да има одговори.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е државотворна партија и одговорноста
на секој поединец е огромна, важна. Ако потфрли социјалдемократијата, видовме што се
случи, 11 години имавме стагнација во време на ВМРО-ДПМНЕ.
Зборувам за социјалдемократски политики, за визија, за иднина, за нов активизам и
идеолошки вредности од внатре, со сето моето срце, затоа што во тоа верувам.
Верувам дека можеме и верувам дека ќе успееме.
СДСМ НА ОРГАНИЗАЦИСКИ ПЛАН треба постојано да прави квалитетни промени,
структурна реорганизација, демократизација, модернизација и професионализација,
современ менаџмент, отвореност за нови генерации со знаење, создавање кадри,
компетенции и одговорност.
Нова енергија во внатрепартиска демократија
СДСМ треба да продолжи да се менува и реорганизира согласно најновите потреби,
трендови и очекувања на членовите и граѓаните. Овие демократски капацитети потребно е
да продолжат да се развиваат на сите нивоа во партијата, односно да се креира нов
консултативен систем преку кој сите стратешки политики, програмски концепти, политики
на локално ниво и останати мерки ќе бидат креирани во рамки на сите нивоа во партијата,
со членството.
Систем на вредности во функционирањето на општинските организации и
реорганизација
СДСМ мора да е препознаен преку чесни, реализирани, посветени и ангажирани
луѓе што се дел од партијата за да дадат придонес и ангажман во сите општествени
процеси, луѓе со професионални работни вештини и навики и без предрасуди, целосно
посветени на обезбедување услуги за граѓаните и на подобрување на општеството.
Процесот на целосно отфрлање на клиентелизмот дефинитивно е предизвик и цел на што
СДСМ мора сериозно да работи заради напредок и трансформација на целокупното
општество.
Функционирањето на месните одбори комплетно ќе се ревидира при што основите
за функционалноста на партијата мора да започнуваат токму од овие локални, но
суштински јадра на партијата.
Членовите на највисоките раководства во рамки на општинските организации ќе
бидат вклучени во рамки на дебатите за политики кои се одвиваат во рамки на партијата.
Дополнително, ставовите на членството, на општинските организации ќе претставуваат
основа за мерење на ефективноста и ефикасноста од политиките кои ги носи Владата и
10
локалните самоуправи. Нивна фундаментална обврска мора да биде фокус на реалните
проблеми на граѓаните и подобрувањето на животниот стандард и квалитетот на животот,
а не на кадровската политика.
Раководството на партијата ќе биде задолжено за координација со пратеничката
група, функционерите што ја носат одговорноста за одредени институции, конкретно и
уште подетално следење на системското функционирање на општинските организации,
следење на реализацијата на стратешките определби на секоја општинска организација и
функционалност на општинските организации.
СДММ и Форум на жени
СДСМ е единствена партија која со последните измени во Статутот воспостави
родова рамноправност во рамки на сите структури на партијата. Исто така, преку промената
на статутарните одредби, процентот на застапени млади во рамки на органите на партијата
е највисок во споредба со сите други партии. Оттука, неопходно е да се креира стратегија
која ќе се базира на определбата на СДСМ да биде партија која во своите раководни органи
и тела има 50 – 50 претставници на женскиот и машкиот пол, при што минимум 33% се
млади. Оваа стратегија треба да опфаќа конкретни цели и активности преку кои ќе се
таргетира поголемо вклучување, учество и регрутирање на овие целни групи во рамки на
партијата со цел подигнување на капацитетите на партијата. Потребна е силна видливост
на младите и жените на терен се со цел да допрат и ангажираат дополнителни капацитети
и нивно вклучување во сите процеси понатака.
Реактивирање на Централниот систем на комисии на СДСМ
Реактивирање на централниот систем на комисии на СДСМ е неопходно и клучно
бидејќи претставува сериозен механизам за стручно ангажирање и отварање на партијата
кон многу професионалци од различни области и сегменти на општеството. Овој систем на
комисии ќе претставуваат клучна алатка во креирање политики за секоја област посебно,
со широки консултации, преку стандардна постапка која претставува сеопфатна анализа на
секоја политика поединечно. Сеопфатна анализа со мерливи параметри преку кои ќе се
утврдуваат ефектите од секоја ново креирана политика. Исто така, овој систем ќе биде
дополнителна вредност во делот на постојаната обнова и регрутација и развој на кадри со
јасни и отворени идеи за реформи на сите области и подготвеност во секој момент да се
превземе одговорноста.
Потребно е комплетно да го надградиме системот на консултации помеѓу
институциите и партијата. Исклучително важно е во овој сегмент да се води сметка за
линијата која ги одвојува партијата и државата. Системот на консултации ќе служи за
поголема ефективност и ефикасност при имплементација на политики, мерење на
ефективноста и ефикасноста на сите носители на јавни функции и следење на
реализацијата на програмите на СДСМ (централна и локална власт). Партијата ќе
11
воспостави прецизен СОП (Стандардизиран оперативен протокол) на комунуцирање и
координирање со законодавната власт (Собранието и својата праеничка група), со
извршната власт (Владата како централна извршна институција, но и и со секое
министерство и секој ресор одделно), со локалната власт (ЗЕЛС, локалните самоуправи и
секој од градоначалниците избрани од редовите на СДСМ).
Развој на специјализирана програма за развој на кадри
СДСМ ќе создаде специјализирана програма за равој на кадри, за креирање
политики и инклузивност со помош на своите меѓународни партнери, сестрински партии,
институти и организации коишто се занимаваат или имаат вакви слични програми.
Паралелно СДСМ останува посветена на зајакнување, доекипирање и развој на
капацитетите на стручните служби на партијата, Аналитичкиот центар и Центарот за
комуникации со јавноста при СДСМ согласно современите текови и потребите на партијата.
2. РАСТЕЧКА ЕКОНОМИЈА
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИОТ СТАНДАРД НА ГРАЃАНИТЕ, НАШИОТ
ВЛОГ
Приоритет на Владата мора да е домашната политика, реализацијата на проекти и
подобрувањето на економскиот стандард на граѓаните, обезбедувајќи професионален
менаџмент низ кој соодветни професионални кадри преземаат соодветна и јасно утврдена
задача и одговорност. Тоа е нашиот влог.
На прво место да го унапредиме економскиот стандард на граѓаните. Стручни
тимови ќе бидат задолжени за создавање ефикасни мерки за заштита од енергетската
криза која претстои. Имјаќи предвид дека се уште трае пандемијата, политиките ќе бидат
насочени кон поддршка на здравствениот систем и целосна заштита на здравјето на
граѓаните, на економска и социјална помош на сите што ќе им биде потребна.
Ангажирањето стручни, компетентни, посветени и отчетни кадри на сите позиции
ќе донесе сериозна промена и ќе ја враќа и зголемува довербата на граѓаните во
институциите, а тоа ќе значи и доверба дека ние како држава можеме и умееме да
успеваме.
Социјалдемократскиот економски концепт којшто се спроведува во изминатите
четири години, враќањето на парите кон граѓаните, зголемување на платите, социјалната
помош, пензиите, поддршката на домашната економска дејност, економскиот раст и
инвестициите ќе продолжи со уште позасилена и поефикасна динамика.
12
Основа на сите економски политики и мерки за нас е човекот, човечкиот капитал,
вложувањето во луѓето и економскиот стандард на граѓаните за што имаме реален и
остварлив План за забрзан економски раст во периодот од 2022-2026 година.
Минимална плата во 2017 година беше 9.000 денари, денеска изнесува 15.200
денари, односно владата предводена од СДСМ ја зголеми за над 6.000 денари. Тоа се 6.000
денари повеќе секој месец во џебот на работникот, на текстилецот, на сите кои работат
многу, а беа платени премалку.
Покачувањето на минималната плата мора да продолжи, најпрво на 18.000
денари. Мора да се цени и вреднува трудот на работникот, особено во услови на криза и
можни поскапувања. Нашиот однос кон унапредување на економскиот стандард на
граѓаните со пониски примања е искрен, чесен и реално остварлив. Низ инсклузивен
процес со вклучување на сите, синдикати, комори, ќе дојдеме до прифатливи решенија за
сите. Нашата порака е јасна, работници, вашиот труд се цени, тука сме за вас, минималната
плата постојано ќе расте.
Просечна плата во 2017 година ја затекнавме 23.850 денари, а во септември
годинава изнесува 28.869 денари. За четири години економските политики на владата
предводена од СДСМ ја зголемија просечната плата за над 5.000 денари. Речиси во сите
сектори има раст на платите, во здравството, во образованието, индустријата, во детската
и социјална заштита, во секторот одбрана, полицијата.
Во време кога се можни поскапувања имаме знаење и имаме издржан, остварлив
план како да го забрзаме и да го зголемиме растот на платите. Зголемувањето на платите
директно влијае на подобрувањето на стандардот на граѓаните и ја стимулира економската
активности, продуктивноста на трудот, како и конкуренцијата.
Тука е нашиот фокус, со сите останати мерки и економски политики, кумулативниот
раст на продуктивноста на трудот да достигне до 15% за да овозможиме и реално
зголемување на нето-платата низ целата економија за 11,4%.
Тоа значи зголемување на просечната плата за над 3.100 денари или за 50 евра
повеќе на месечно ниво. Крајната цел до крајот на мандатот реално ја проектираме на
34.000 денари просечна плата.
Платите ќе продолжат да растат во сите сектори, а истовремено и пензиите.
Просечната пензија денеска е за безмалку 2.000 денари повисока споредено со 2017
година, но тоа не е доволно. На оние што својот труд го вложиле во оваа земја, треба да им
се оддолжиме со спокојни пензионерски денови, да имаат и за секој ден и за внуци.
Секој јануари и секој јули во годината, пензиите ќе растат помеѓу 400 и 600 денари
во зависност од висината на конкретната пензија. Оваа можност ја дава новата
13
методологија за усогласување на висината на пензиите согласно трошоците на живот и
просечната плата.
Невработеноста е намалена на историски најниски 15,9%, имаме над 50.000 нови
работни места отворени во изминатите четири години. Преку Планот за забрзан економски
раст најавуваме намалување на невработеноста до едноцифрена бројка од 8%.
Финансиската поддршка за сите граѓани и за компаниите ќе продолжи и ќе се
зголемува. Како што ќе се креираат мерките за интеревенција поврзани со енергетската
криза, за заштита на здравјето и помош во услови на пандемија, така ќе се моделира и
засилената финансиска поддршка.
Планот за забрзан економски раст 2022-2026
Имаме амбициозна, но остварлива цел за економско закрепнување и забрзан
економски раст. Насочени сме кон остварување двојно повисоки стапки на економскиот
раст, чии придобивки ќе ги почувствуваат многу повеќе граѓани и кој ќе им оди во прилог и
на сегашните и на идните генерации.
Накратко, целите со овој план се:
 Дуплирање на економскиот раст во однос на претходниот период.
 Инвестиции во јавниот сектор и активирање инвестиции од приватниот сектор.
 Нови работни места со пристојни плати.
 Одржување стабилен јавен долг и негово намалување.
 Намалување на невработеноста под 10%.
Остварувањето на овие цели во превод значат напредна, силна економија, по мерка
на економиите од Европа, кои работат за граѓаните, за компаниите, за сите.
Преку комбинација од нови, иновативни и традиционални начини на финансирање
и имплементација особено ќе се посветиме на подобрување на животот на граѓаните,
економски раст и развој во следните области:
 Зелена економија;
 Дигитализација;
 Иновации и технолошки развој;
 Човечки капитал;
 Инфраструктура;
 Социјална кохезија.
Во рамки на новиот активизам, екологијата и зелената транзиција, за прв пат ќе
бидат емитувани Зелени обврзници. Зголемено финансирање за подобрена енергетската
ефикасност, намалување на загадувањето, олеснување на управувањето со отпадот,
поддршка на одржливото земјоделство и многу други еколошки прифатливи проекти.
14
Во Развојната банка ќе се формира и Фонд за енергетска ефикасност кој меѓу
другото, ќе биде наменет за финансирање инвестиции во енергетска ефикасност и
обновлива енергија во јавни згради.
Посебен “Зелен инвестициски фонд” ќе се воспостави за поддршка на инвестиции
во големи претпријатија и инфраструктура во приоритетни сектори на Европскиот зелен
договор.
Планот за инвестиции
Целосно го застапувам и силно го поддржувам Планот за инвестиции на Владата.
Планот содржи јавни и приватни инвестиции, кои се во согласност со сегашните и идните
стратегии за економски раст на земјата. Инвестиции во енергетиката, патната и
железничката инфраструктура;, преработувачката индустрија, развој на малопродажба,
инвестиции во јавното здравство, во комунална инфраструктура – животна средина
(прочистителни станици, селектирање на отпад и сл.) и во туризмот.
Има многу проекти од овој план, но неколку ги потенцирам и ги сметам за
исклучително важни во поглед на енергетските предизвици и во однос на она што следува
како развој на веќе придвижената економија:
Германската инвестиција најголема странска до сега, за изградба на ветерен пар кој
ќе произбедува 400 мегавати зелена енергија.
Проектите за фотонапонски електрани, сопствена инвестиција на државата, од кои
2 по 10 мегавати во РЕК Битола, во Македонски Брод, во Свети Николе, во Кочани, во
Неготинско, во Брвеница и на други локации, со капацитет од 60 мегавати.
Француската инвестиција на локацијата на порано предвидениот аеродром во Штип
од 477 хектари, каде ќе се гради фотонапонска електрана, една од најголемите на Балканот.
Меѓународниот проект Александруполи во кој ние како држава имаме удел, гасна
електрична централа од 800 мегавати и терминал за природен гас.
Влегуваме во втора фаза на историскиот „Чебрен“, инвестиција на ЕСМ, по пат на
јавно-приватно партнерство. Клиничкиот центар во Ѓорче Петров, ски центарот Попова
Шапка, пречистителната станица за отпадни води во Скопје, фабрика за селектирање и
преработка на отпад во Источниот и Североисточниот регион. Изградба на колектори за
прочистување на отпадни води во Битола, колекторот за отпадни води во Кичево.
Изградбата на акумулации, браната Речани кочанско, Равен речица Гостивар, Коњско
Гевгелија, Слупчанска брана, акумулацијата Штип. Проектот Вардарска долина,
Топловодната мрежа за Битола, Новаци и Могила, Железничката пруга Куманово до
границата со Бугарија. Тоа се инвестициски проекти чија реализација има позитивно
влијание врз економскиот раст и развој
15
Тука припаѓаат и изградбите и реконструкциите на сите планирани и започнати
автопати, експресни и регионални патишта, како и националниот гасовод.
Зацртаното продолжува со посилно темпо. Мојот, нашиот фокус ќе биде на
реализација со рокови и конкретна одговорност во случај на потфрлање. Тоа е промената
којашто граѓаните ќе ја видат. Тоа значи новиот чекор, поголема ефикасност. Подигање на
степенот и брзина на реализација на капитални инвестиции, проекти и реформи.
Забрзување значително на сите процеси.
3. ЕФИКАСНО И ОДГОВОРНО УПРАВУВАЊЕ
ЗНАЕЊЕ, ЕФИКАСНОСТ И ФЕР ШАНСА, НАШИОТ СИСТЕМ
Можеме Северна Македонија да ја направиме земја на можности, земја во која
луѓето со знаење, со екпертиза, со посветеност, секој во својата област ќе го имаат
последниот збор. Имаме знаење, имаме потенцијал. Ако можеме да создаваме
најквалитетни производи кои завршуваат на светски и европски најпребирливи пазари,
можеме самите да направиме многу.
Затоа, најавувам поставување на способни и стручни лица на клучните позиции,
целосно посветени на работата и на квалитетот и на брзината во служењето кон граѓаните
и кон државата. Најавувам ангажирање на дел нови лица, но и активирање на дел
подзаборавени но искусни експерти, стручни и компетентни. Политиката ќе ја опкружиме
со стручњаци на секое ниво, домашни и странски по потреба. Кога политиката е опкружена
и преплетена со стручност, тогаш таа прераснува во менаџмент и конкретен резултат за
граѓаните. Тоа е основната идеја на оваа моја реформска мисија.
Образованието е многу важно и посебен акцент ќе ставиме на образовниот процес.
Затоа што е образованието ги оформува нашите деца, ја оформува нашата иднина, ама и
нашата сегашост. Ако сакаме вистинска промена во општеството таа мора да започне од
најважното, образованието. При тоа, сите крупни и важни прашања во образованието, сите
реформи мора да се водат преку широк, инклузивен процес на сите засегнати страни,
ученици, средношколци, наставници, професори, родители, сите. Реформи во
образованието, да, сега и веднаш, но не на сила, туку низ дебата, низ консултација, преку
овозможување повеќе опции, преку согледување на позитивните примери и препораки,
заеднички, со желба и посветност за подобро денес и подобро утре.
Нашиот систем мора да стане реално инклузивен, многу побрз и да генерира
знаење. А се тоа да биде прифатено, како висок јавен интерес.
Фокус на експертиза во секоја политика. На пример, кога станува збор за енергетска
криза, правиме кризен тим за енергетика со експерти од таа област, а не од политичари.
16
Ќе создаваме тимови и советници кои стручно ќе може да делуваат и ги застапуваат
темите пред граѓаните, во јавноста, а не политички. Нам не ни требаат “слепи послушници”
кои СДСМ ќе го бранат по секоја цена и тогаш кога ситуацијата е неодбранлива, туку лица
со авторитет, кредибилитет и знаење кои ќе ги бранат интересите на граѓаните и кои ќе
даваат максимум од себе и ќе бараат максимум од другите во испораката на сервиси и
услуги кон граѓаните.
Ова значи фер шанса, а некогаш дури и предност и форсирање на стручните,
образованите, вредните, докажаните, неподмитливите, искусните луѓе, на вистински
места. Ова значи систем кој испорачува, ефикасно и навремено, систем кој генерира
одговорно однесување и повикува на одговорност доколку не се успее. Систем кој служи,
ефикасно, брзо и еднакво квалитетно за сите и кон сите.
За мене “цврста рака” не значи и не може да значи враќање кон старите пракси на
газење врз луѓето. Не, ако сакаме да зборуваме за “цврста рака”, тогаш тоа може
единствено да значи, а тоа и го најавувам, одговорно управување и одговорност при
непостапување или работење спротивно на јавниот интерес. Некои тоа го нарекуваат
технократски пристап, но во суштина значи јасен мерит систем кој носи одговорност.
Фокусот на владата, реториката и комуникацијата ќе се променат. Нема да
зборуваме и да се убедуваме за транспарентност, тоа е законска обврска, не е проект туку
должност, задолжителна обврска. Нема да зборуваме за правда, тоа е должност и
законска обврска, туку ќе бараме одговорност од оние кои ја прекршуваат. Нема да
зборуваме само за ЕУ и иднината како единствено решение за народот, туку работиме на
решавање на проблемите дома со нашето знаење и можности. Нема да зборуваме за тоа
што е обврска на функционерите и службениците, туку тоа ќе го работиме. Она за што ќе
зборуваме се потребите на луѓето, на нашиот народ и начините како побрзо и квалитетно
да се обезбедат потребите на граѓаните, бидејќи тоа во суштина значи и подобар живот.
Присуството на клучните луѓе ќе биде на терен, со граѓаните, со работниците, со
инвеститорите, помалку во канцеларии. Фокусот ќе биде на економијата, на конкретни
проекти и решенија.
Во однос на меѓународната политика, стратешката поставеност останува иста, таа
која е непроменета, со одлуки на Парламентот и согласно ставот на огромното мнозинство
граѓани. Нашата национална реторика ќе биде одговорна, демократска, отворена, широка,
но пред се достоинствена. Македонскиот народ, граѓаните на Северна Македонија се
достоинствени и ние мораме да комуницираме во нивно име. Не може да очекуваме друг
да ни ги реши проблемите. Ние сме суверена држава членка на НАТО која е безбедна, силна
и мора да има влада која мора да ги решава пред се проблемите дома.
Ние направивме се што беше потребно, ги исполнувме условите за почеток на
преговори со ЕУ, се стремиме кон целосна интеграција во Европската Унија и тоа ќе
17
продолжиме да го правиме. Но, тоа не треба да ни биде единствената карта за успех.
Приоритет мора да е домашната политика, реализација на проекти и подобрување на
економијата работејќи со професионалци кои знаат тоа да го направат.
Нови технологии, дигитализација, зелена агенда, правда и правичност, фокус кон
потребите на граѓаните.
Затоа што еден демократски систем, може да биде успешен, само ако има:
соодветен мерит систем, компетентни луѓе на вистински места, одговорност односно
правда.
Почитувани социјалдемократи, другарки и другари,
Ве повикувам, секој од вас, да се посветиме на подобро утре, да се здружиме околу
социјалдемократските визии, да одработиме за подобра економија и за подобар живот на
сите граѓани и да испорачаме брза и ефикасна работа во интерес на народот и на државата.
Ве повикувам да ме поддржите на изборите за претседател на СДСМ и на тој начин
да станете активен учесник во концептот “Сите ние заедно” бидејќи тоа е новиот чекор кој
СДСМ го носи во победа на следните парламентарни и претседателски избори.
Да живее СДСМ!
Да живеат граѓаните!
Да живее Република Северна Македонија!

loading...

animeflix website. Animeflix - your number one source for FREE anime, subbed and dubbed. Watch your favorite anime online FREE.

ANIMEFLIX That Time I Got Reincarnated as a Slime (Dub)

ANIMEFLIX My Hero Academia Season 3

Evangelion: 3.0+1.0 Thrice Upon a Time

animeflix ANIMEFLIX That Time I Got Reincarnated as a Slime

watch subbed anime ANIMEFLIX The Daily Life of the Immortal King [Chinese Dub]

tải go88