ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО ДПМНЕ, ДИМЧЕ АРСОВСКИ ДЕНЕСКА ЕМ СЕ ИЗГЛУПИРА ЕМ ЈА ПОФАЛИ ВЛАДАТА - СЕДИ ДИМСА, КЕЦ!
ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО ДПМНЕ, ДИМЧЕ АРСОВСКИ ДЕНЕСКА ЕМ СЕ ИЗГЛУПИРА ЕМ ЈА ПОФАЛИ ВЛАДАТА - СЕДИ ДИМСА, КЕЦ!
Христо Иванов: Доколку РСМ не го прифати францускиот предлог, ризикува целиот процес да почне од почеток
Христо Иванов: Доколку РСМ не го прифати францускиот предлог, ризикува целиот процес да почне од почеток
ДЕНКО МАЛЕСКИ: Што ќе правиме со францускиот предлог, ќе го прифатиме или ќе го одбиеме?! Ќе бидеме ли како Палестинците кои секогаш одбиле се што им се нудело и се полошо им е како тече времето...
ДЕНКО МАЛЕСКИ: Што ќе правиме со францускиот предлог, ќе го прифатиме или ќе го одбиеме?! Ќе бидеме ли како Палестинците кои секогаш одбиле се што им се нудело и се полошо им е како тече времето...
ЕВЕ ЗОШТО ЕКСПЛОДИРА АДЕМИ: ВМРОВЦИТЕ МУ ЈА ИСЕКЛЕ РАКАТА СО ФРЛАЊЕ ПРЕДМЕТИ
ЕВЕ ЗОШТО ЕКСПЛОДИРА АДЕМИ: ВМРОВЦИТЕ МУ ЈА ИСЕКЛЕ РАКАТА СО ФРЛАЊЕ ПРЕДМЕТИ
Маричиќ на средба со германски функционери: Имаме перспектива – мора да ја задржиме
Маричиќ на средба со германски функционери: Имаме перспектива – мора да ја задржиме
СДСМ: ВМРО ДПМНЕ СО ПРАВЕЊЕ ИНЦИДЕНТИ ВО СОБРАНИЕ БЛОКИРА НАЗНАЧУВАЊЕ СУДИИ ЗАТОА ШТО ТАКА МИСЛАТ ДЕКА ЌЕ СЕ СПАСАТ ОД ЗАТВОР!
СДСМ: ВМРО ДПМНЕ СО ПРАВЕЊЕ ИНЦИДЕНТИ ВО СОБРАНИЕ БЛОКИРА НАЗНАЧУВАЊЕ СУДИИ ЗАТОА ШТО ТАКА МИСЛАТ ДЕКА ЌЕ СЕ СПАСАТ ОД ЗАТВОР!
(ВИДЕО) ДРАМА ВО СОБРАНИЕТО: ВМРОВЦИТЕ УСПЕАЈА ДА ГО ИЗВАДАТ ОД ТАКТ АРБЕР АДЕМИ КОЈ ВО МОМЕНТИ НА БЕС ПОЧНА ДА ГИ МАВА СО ШИШИЊА И ФИЛЏАНИ!
(ВИДЕО) ДРАМА ВО СОБРАНИЕТО: ВМРОВЦИТЕ УСПЕАЈА ДА ГО ИЗВАДАТ ОД ТАКТ АРБЕР АДЕМИ КОЈ ВО МОМЕНТИ НА БЕС ПОЧНА ДА ГИ МАВА СО ШИШИЊА И ФИЛЏАНИ!
Бугарската влада официјално во оставка, контрадикторни најави за повлекувањето на Борисов од челната позиција на ГЕРБ
Бугарската влада официјално во оставка, контрадикторни најави за повлекувањето на Борисов од челната позиција на ГЕРБ

Ковачевски: Преземени се мерки за службеници за кои има сомнеж дека работеле против добрососедските односи меѓу Скопје и Софија

Односите меѓу Бугарија и Северна Македонија се на многу подобро и на многу повисоко ниво на комуникација отколку што беа во периодот пред доаѓањето на двете нови влади, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

На прес – конференција во Битола, премиерот Ковачевски потврди дека преземени се мерки за македонски службеници за кои има сомнеж дека работеле против добрососедските односи на двете земји.

– Односите меѓу Бугарија и Северна Македонија се на многу подобро и на многу повисоко ниво на комуникација отколку што беа во периодот пред доаѓањето на двете нови влади. Ние веднаш воспоставивме дијалог со премиерот на Бугарија, потоа имавме заедничка владина седница во Софија каде беа формирани и почнаа да работаат групи со веќе видливи резултати во различни области значајни за граѓаните, но и за економските субјекти, за развој на инфраструктурата, развој на образованието, а денес има средба работната група за евроинтеграции. На заедничката владина седница присуствуваа и копретседателите на Историската комисија и карактеристично за нив е што работаат по своја методологија, незвисно од политичарите и од другите работни групи. Кога во таа комисија има заеднички ставови тогаш заеднички соопштуваат и ги испраќаат до владите. Во овој момент нема предлози од страна на Историската комисија до двете влади, изјави премиерот Ковачевски.

Тој додаде дека клучно за комисијата е разговорите да ги водат во позитивен дух бидејќи историските факти и сознанија треба да претставуваат добра основа за градење на пријателство и соработка меѓу две соседни држави.

На новинарско прашање во врска со дејствувањето на одредени служби или поединци против добрососедските односи меѓу Бугарија и Северна Македонија, како и за информациите кои во јавноста ги соопшти бугарскиот премиер Кирил Петков, премиерот Ковачевски потврди дека и во земјава се преземени мерки за тој случај.

-Со министерот за надворешни работи од првиот ден имавме информација за тоа што се случи и тоа беше предадено на службите за безбедност што се задолжени за таа проблематика. Детали не можам да откривам, бидејќи се работи за класифицирани информации. Премиерот Кирил Петков даде јавна изјава дека постојат лица кои работеле против нивните интереси (интересите на Бугарија), а потоа и против добрососедските односи и против постигнувањето на евентуален договор. Како што е познато, во Бугарија има истрага, а јас немам причини да не му верувам на премиерот на Бугарија бидејќи тој тоа многу транспарненто го соопшти во обем на кој може да се соопшти, бидејќи се работи за класифицирани информации и истрага. За нашите службеници преземени се активности, но неможам да ви кажам други детали, изјави премиерот Димитар Ковачевски на прес – конференција во Битола.

loading...

giải mã md5 go88 code go88 go88 giải trí đẳng cấp

https://sunwin.gg/