Растот на просечната плата продолжува. Во ноември 2021 година просечната исплатена нето- плата изнесувала 29.130 денари. Имаме зголемување за 5,6% во однос на истиот месец 2020 година. Тоа се 1.542 денари повеќе споредбено со лани.
Како што најавив, следната недела започнува социјалниот дијалог за зголемување и на минималната плата во државата, заедно со синдикатите и компаниите. Дополнително, следува зголемување и на пензиите.
Како Влада сме посветени на покачување на платите, тоа директно ќе влијае на подобрување на стандардот на граѓаните и економијата во земјата.