Вчера го поддржав настанот организиран од Форумот на жени на СДСМ, по повод кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“ за подигнување на општествената свест за важноста на индивидуалниот, но и колективниот придонес во борбата за спречување на родово базираното насилство.
Цврсто верувам дека зајакнувањето на жените и нивното вклучување во процесите на носење одлуки и креирање политики е од суштинска важност. Се залагам за еднаква застапеност и рамноправност помеѓу жените и мажите на секое ниво во политиката.
#заедно