Членовите и активистите на СДСМ најдобро ги знаат проблемите и секогаш добронамерно сугерираат кога работите одат во погрешна насока.
👉 Не смееме да бидеме глуви за овие пораки, треба да ги слушнеме и уште поважно, да постапуваме.
👉 Партијата треба значително да ја засили работата на телата од најниско ниво како месните организации па се до партиските комисии. Во програмата предвидувам активација на партиските комисии кои ќе бидат основни тела за развој на политики, проекти и поддршка на институциите.
👉 Тука ќе членуваат најкомпетентните партиски членови, но и луѓе од надвор а идеолошки блиски до партијата. Месните организации ќе добијат одговорности и активности а нивната работа редовно ќе се евалуира. #Заедно
