Бектеши: Изгласани законските измени- сите трговци во туристичките места ќе можат да работат во недела и на празници, а работниците ќе добијат 100% поголема дневница
Бектеши: Изгласани законските измени- сите трговци во туристичките места ќе можат да работат во недела и на празници, а работниците ќе добијат 100% поголема дневница
Вархеји упорен, турка како Сизиф: Нема пречки за Македонија, Бугарија го прифати решението
Вархеји упорен, турка како Сизиф: Нема пречки за Македонија, Бугарија го прифати решението
СТОПАНСКА КОМОРА: Потребна е државна стратегија за компаниите да го преживеат мултикризниот период и да продолжат да функционираат
СТОПАНСКА КОМОРА: Потребна е државна стратегија за компаниите да го преживеат мултикризниот период и да продолжат да функционираат
Бочварски: Преку капитални проекти како водоводот за туристичката населба на Беровско Езеро го развиваме туризмот и локалната економија во Берово
Бочварски: Преку капитални проекти како водоводот за туристичката населба на Беровско Езеро го развиваме туризмот и локалната економија во Берово
НИКОЛОВСКИ: Нов проект во областа на рибарството и аквакултурата во партнерство со Хрватска и со поддршка од ЕУ
НИКОЛОВСКИ: Нов проект во областа на рибарството и аквакултурата во партнерство со Хрватска и со поддршка од ЕУ
МВР НЕ СЕ ШЕГУВА: 637 санкционирани возачи на мотоцикли, 17 мотоцикли одземени
МВР НЕ СЕ ШЕГУВА: 637 санкционирани возачи на мотоцикли, 17 мотоцикли одземени
ОН повикаа на целосно укинување на израелската блокада на Појасот Газа
ОН повикаа на целосно укинување на израелската блокада на Појасот Газа
Димовски – Декер: Интензивните реформи придонесуваат за поефикасни институции во служба на граѓаните
Димовски – Декер: Интензивните реформи придонесуваат за поефикасни институции во служба на граѓаните

КОВАЧЕВСКИ: ЗГРЕШЕНА НИ Е ЗЕМЈОДЕЛСКАТА ПОЛИТИКА, СЕКОЈА ГОДИНА ДАВАМЕ 150 МИЛИОНИ ЕВРА СУБВЕНЦИИ А СЕКОЈА ГОДИНА ПРОИЗВЕДУВАМЕ СЕ ПОМАЛКУ ХРАНА

Државата имаше комплетно погрешен концепт на субвенционирање воведен доминантно заради финансирање покрај на земјоделството и за финансирање на други политички цели, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Одговорајќи на прашање на форумот „100 дена од мандатот на новата Влада на Република Северна Македонија”, Ковачевски истакна дека годишно се инвестирани по осум до девет милијарди денари и повеќе, а секоја година бележиме помало производство на храна, поголем увоз и драматично помало производство на стратешки производи.

За таа цел, потенцира премиерот, изготвен е Интервентниот план за производство на храна.

– Планот е насочен кон стратешките житни култури: пченка, пченица, сончоглед и јачмен, кон извозните култури од овоштарството и поледелството, како и кон зголемување на субвенциите во сточарството, посебно за производството на млеко. Ако ги погледнеме производствените капацитети во државата, ќе видиме дека не може нашето производство на суровина да задоволи ниту 50 отсто од капацитетите што можат да произведат. Затоа беа воведени нови, зголемени субвенции во делот на стратешките култури, овошарството, сточарството и поледелството, а дополнително, за поголемо производство на пченицата и пченката подготвени за распредлба се 6 000 хектари државно земјиште. Се ова го правиме како прв чекор за зголемено производство на храна зашто Северна Македонија располага со земјиште, клима, вреден народ, па храната може да ја произведуваме наместо да ја увезуваме, напомена Ковачевски.

loading...