ИНТЕРЕСНА СЛУЧАЈНОСТ: ВО ИСТ ДЕН НА ДВЕ ТЕЛЕВИЗИИ ГОСТУВА ИСТ РЕЛИГИСКИ ЕКСПЕРТ НА ТЕМА МПЦ СПЦ
ИНТЕРЕСНА СЛУЧАЈНОСТ: ВО ИСТ ДЕН НА ДВЕ ТЕЛЕВИЗИИ ГОСТУВА ИСТ РЕЛИГИСКИ ЕКСПЕРТ НА ТЕМА МПЦ СПЦ
БОМБА НА ХАРИ КОСТОВ: ДА ИМ СЕ ЗАБРАНИ НА МЛАДИТЕ ПОД 30 ГОДИНИ ДА СЕ БАВАТ СО ПОЛИТИКА, НАМЕСТО ДА ЛЕПАТ ПЛАКАТИ И ДА ЧЕКАТ ПАРТИИТЕ ДА ГИ УХЛЕБАТ ДА УЧАТ ДА ЗАРАБОТАТ ПАРИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД
БОМБА НА ХАРИ КОСТОВ: ДА ИМ СЕ ЗАБРАНИ НА МЛАДИТЕ ПОД 30 ГОДИНИ ДА СЕ БАВАТ СО ПОЛИТИКА, НАМЕСТО ДА ЛЕПАТ ПЛАКАТИ И ДА ЧЕКАТ ПАРТИИТЕ ДА ГИ УХЛЕБАТ ДА УЧАТ ДА ЗАРАБОТАТ ПАРИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД
Петков по средбата со Ковачевски: Си ветивме дека конструктивниот дијалог ќе продолжи
Петков по средбата со Ковачевски: Си ветивме дека конструктивниот дијалог ќе продолжи
ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА? Митови за менталното здравје
ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА? Митови за менталното здравје
Трајанов: САД ќе ги седнат С. Македонија и Бугарија на иста маса
Трајанов: САД ќе ги седнат С. Македонија и Бугарија на иста маса
АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА МАЛАТА НИЛ НАСУФОСКИ
АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА МАЛАТА НИЛ НАСУФОСКИ
Делегација на СПЦ преводена од Патријархот Порфириј пристигна во Скопје
Делегација на СПЦ преводена од Патријархот Порфириј пристигна во Скопје
Ковачевски: Не може да се зборува за каков било напредок со Бугарија, разговорите продолжуваат
Ковачевски: Не може да се зборува за каков било напредок со Бугарија, разговорите продолжуваат

Образование во време на КОВИД 19 криза: КОВИД 19 поттикна генерален „ресет“ на образовните практики и искуства

„Пандемијата на Ковид-19, најкритичниот момент во модерната историја, со широко влијание врз сите сфери на живеењето, е пресвртна точка во развојот на образованието во Република Северна Македонија. Го промени општественото сфаќање за важноста на системот на стекнување знаења, вештини и ставови, поттикна брз генерален „ресет“ на образовните практики преку продор на дигитализација во самиот образовен процес и во образовните услуги и покажа дека може да изградиме воспитно-образовен систем отпорен на промени и потреси. И веднаш да кажам, тоа не беше ни малку едноставен процес, ниту пак е процес што е завршен“, рече Анета Трпевска, државен секретар во Министерството за образование и наука на денешната меѓународна конференција „Образование во време на КОВИД 19 криза: искуства Република Северна Македонија и Република Словенија“, во организација на Факултетот за применети општествени науки од Нова Горица, Словенија.

Според неа, училиштето е најдоброто место за учење и затоа, „од почетокот на оваа учебна година, во согласност со препораките на здравствените власти, сите ученици почнаа настава со физичко присуство, според утврдени протоколи. Тоа е опција која во целост ги задоволува потребите на учениците, влијае на квалитетот на стекнатите знаења, но и на нивната социјализација и психофизички развој, кои добиваат на значење поради различните ковид-ограничувања“.

Во тековната академска година, дури 1.400 студенти од Северна Македонија учат и ја користат бесплатната школарина што Словенија долги години им ја нуди на младите од Западен Балкан за додипломски и постдипломски студии на словенечките универзитети.

„Нашите универзитети со задоволство ги прифаќаат затоа што ги ценат за нивната мотивација и флексибилност, бидејќи обично многу брзо го учат словенечкиот јазик, а згора на се, многумина се одлучуваат да студираат во области кои се сметаат за дефицитарни. Затоа многумина остануваат во Словенија, но во исто време сакаме повеќе од нив да се вратат во татковината и тука да го искористат своето знаење. Затоа е толку важно Северна Македонија да ги донесе европските стандарди дома, без разлика кога официјално ќе започнат пристапните преговори со ЕУ, затоа што тоа сепак го прави за сите овие млади луѓе кои сакаат да живеат во уредна и сеопфатно просперитетна земја“, вели Милан Предан, Амбасадор на Република Словенија во Република Северна Македонија.

Професор д-р Борут Рончевиќ од Факултетот за општествени применети студии, Факултетот за медиуми и Факултетот за информатички студии од Словенија, потсети дека на почетокот на 2020 година, пандемијата ја третиравме како нешто што се случува некаде далеку, во Азија и дека се ќе помине без тешкотии.

„Пандемијата не засегна и нас во високото образование. На факултетите што ги претставувам, секогаш нудиме одлични квалитетни услуги за студентите и направивме се што треба тие да ја добијат таа квалитетна услуга. Пандемијата овозможи да има онлајн настава и тоа го олесни целиот процес на образование. Има многу студенти кои сакаат да студираат во Словенија, но физички се во својата матична земја, конкретно во Северна Македонија. Хибридниот систем на настава ја стартувавме уште на самите почетоци на пандемијата и бевме подготвени за ваков тип настава со висок квалитет и за учесниците во предавалната, но и за оние што учат на далечина. Оваа вонредна состојба за нас претставува одлична можност да се понудат квалитетни услуги за студентите“, рече професор Рончевиќ.

Неговиот колега, професорот д-р Константин Миноски од Институтот за социологија на Филозофскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ објасни дека две нешта круцијално го смениле светот во последниве неколку децении – Интернетот и КОВИД 19 пандемијата.

„Решенијата за справување со пандемијата ги најдовме во примена на оваа информатичка технологија. Претходно многу бавно се движеше и имаше многу проблеми за решавање, преку пандемијата директно се соочивме со овие проблеми и моравме да најдеме решение. Ниту еден од нашите универзитети не беше подготвен за далечинска настава, но и државата не ги искористи нашите капацитети за справување со социјалните проблеми од животот во изолација. Сепак, уште претходно се отворавме кон европските текови – Европски кредит трансфер систем и Еразмус програмата. Како ќе спласнува пандемијата, така ќе се враќаме кон физичката настава“, рече Миноски.

Во своето обраќање Миновски се осврна на неподготвеноста на државните институции за справување со пандемијата: немање соодветни релијабилни информации за Ковид-19 во средствата за јавно информирање, немање соодветни упатства и насоки за дејствување за спречување на пандемијата или за ублажување на нејзиното влијание врз сите аспекти на живеење на македонските граѓани. Тој се осврна и на проблемите со кои се соочија образовните институции со реализирање на наставата, како неповолната дигитална инфраструктура, недоволната обученост на наставниот кадар за примена на новите дигитални технологии во образовниот процес и недостатокот на кадар за техничка поддршка на одвивање на настава на далечина преку интернет.

loading...

AnimeFreak - Watch Anime Online for Free. Subbed & Dubbed. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

Black Clover Episode 169

free anime AnimeFreak SHAMAN KING (2021)

Tokyo Revengers (Dub)

Attack on Titan Season 3 Part 2

watch anime dub Fairy Tail (Dub)