КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ЛАЖЕН УПРАВИТЕЛ И АДВОКАТ КОИ ЗДРУЖЕНО УКРАЛЕ 8 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ОД КУМАНОВСКА ФИРМА

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и соизвршителство

Денеска (21.02.2022) Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против три лица во врска со кривични дела “Злоупотреба на службената положба и овластување“ по чл. 353 ст. 4 и “Соизвршителство“ по чл. 22 од КЗ, и тоа против двајца управители во правни субјекти и еден адвокат, овластен регистрационен агент. Имено, од страна на Единицата за финансиски криминал при ОСОСК кривично-пријавени се М.И. (20) од Куманово за сторено кривично дело “Злоупотреба на службената положба и овластување” по чл. 353 ст. 4 вв чл. 22 “Соизвршителство“ од КЗ, Д.Н. (33) од Куманово за сторено кривично дело “Соизвршителство“ чл. 22 вв “Злоупотреба на службената положба и овластување” по чл. 353 од КЗ и И.Н. (51) од Гевгелија за сторено кривично дело “Злоупотреба на службената положба и овластување” по чл. 353 ст. 4 од КЗ.

Со цел да се стекне со противправна имотна корист, првопријавениот М.И. кривичното дело го сторил на начин што, во периодот од 04.10.2021 до 02.11.2021 , во координација со второпријавениот и третопријавениот, кој е адвокат и регистрационен агент, спротивно на законските прописи незаконски бил назначен за втор управител со неограничени овластувања во две оштетени правни лица од Куманово, без за истото да постои согласност од вистинскиот сопственик и управител на правните лица. По незаконски стекнатите овластувања во оштетените правни лица, првопријавениот на 02.11.2021 и 03.11.2021, спротивно на законот и надвор од своите службени овластувања на сметката на своето наменски формирано правно лице во Куманово неосновано се стекнал со парични средства во вкупен износ од 8.100.000 денари на штета на оштетените правни лица.

Со чинење на горенаведените криминални дејствија постојат основи на сомнение дека првопријавениот М.И. го сторил кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување” по член 353 став 4 в.в. член 22 „Соизвршителство“ од КЗ заедно во соизвршителство со второпријавениот Д.Н.. Имено, второпријавениот Д.Н., како поранешен втор управител со неограничени овластувања во оштетените правни лица располагал со сознанија за финансиската состојба на сега оштетените правни лица, кои ги искористил во координација со првопријавениот и со тоа го сторил кривичното дело “Соизвршителство“ чл. 22 вв “Злоупотреба на службената положба и овластување” по чл. 353 од КЗ.

Третопријавениот И.Н., адвокат и овластен регистрационен агент, кривичното дело за кое е пријавен го сторил со тоа што постапил спротивно на одредбите од Законот за едношалтерски систем, без да го утврди идентитетот на учесниците во постапката за упис на промени во Централниот регистар, документацијата доставена по електронски пат од страна на пријавените М.И. и Д.Н. ја заверил со свој дигитален потпис и извршил електронско поднесување на документацијата потребна за именување втор управител до Централниот регистер по што М.И., спротивно на законот бил назначен за втор управител со неограничени овластувања во оштетените правни лица.

Со преземање на горенаведените криминални активности од страна на кривично-пријавените, постапувајќи спротивно на законот и со злоупотреба на службената положба и овластувања било нанесено штета на правните лица во вкупен износ од 8.100.000 денари.

sun win

sun win

sun win

sunwin web game sunwin sunwin apk

game bài sunwin