Џозеф: Бугарското малтретирање на Македонија веќе е проблем и на НАТО
Џозеф: Бугарското малтретирање на Македонија веќе е проблем и на НАТО
Ковачевски со поддршка за Парадата на гордоста: Секој има право на почит и достоинство
Ковачевски со поддршка за Парадата на гордоста: Секој има право на почит и достоинство
Глобално обединети можеме да обезбедиме храна за сите е заклучокот од министерската конференција во Берлин „Uniting for Global Food Security“
Глобално обединети можеме да обезбедиме храна за сите е заклучокот од министерската конференција во Берлин „Uniting for Global Food Security“
ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Сакал да прегази полицајци со комбе, тие пукале во гумите, граѓаните се извадиле од памет!
ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Сакал да прегази полицајци со комбе, тие пукале во гумите, граѓаните се извадиле од памет!
Тренчевска: Преку кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, ја подигаме свеста на значењето на згрижувачките семејства
Тренчевска: Преку кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, ја подигаме свеста на значењето на згрижувачките семејства
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ЖИТЕЛ НА ЈОРДАН И ЗА ДВАЈЦА ВРАБОТЕНИ ВО МАТИЧНО КОИ МУ ПОМОГНАЛЕ НЕЛЕГАЛНО ДА СЕ СТЕКНЕ СО МАКЕДОНСКИ ПАСОШ

Kривична пријава за „Поднесување лажни докази” и „Злоупотреба на службена положба и овластување“

Денеска (16.05.2022) Единицата за финансиски криминал во Секторот за криминалистички истраги при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје против Н.А. (28) од Ирбид-Јордан, заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „Поднесување лажни докази” казниво по член 366-а став 1 од КЗ и „Употреба на исправа со невистинита содржина“ од член 380 од КЗ, Е.Ј. (50) од Скопје и И.Ј. (39) поради постоење на основи на сомнение дека истите сториле кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување” по член 353 од КЗ.

Имено, првопријавениот Н.А. кривично дело го сторил на начин што како државјанин на Јордан во текот на месец Јуни 2019 преку поднесување на лажни податоци дека наводно е син на македонската државјанка В.Ш. од Скопје, се стекнал со македонско државјанство, македонски единствен матичен број на граѓанинот и извадил извод на родени, кој го употребил во постапка за добивање на македонска патна исправа. Истиот аплицирал за постапка за издавање патна исправа каде покрај останатите документи го приложил односно употребил и изводот за родени изваден од Управа за водење матични книги – Подрачно одделение Скопје.

Второпријавената Е.Ј., во текот на месец Јуни 2019 година, во својство на службено лице самостоен референт-матичар во Министерство за правда-Управа за водење матични книги-Подрачно одделение Скопје, по приемот на Барањето за определување на единствен матичен број на граѓанинот со податоци на првопријавениот Н.А., ја злоупотребила својата службена положба со неизвршување на својата службена должност и постапувајќи спротивно на чл.21 од Законот за матична евиденција. Истата без да изврши проверка на точноста на поднесените податоци содржани во документацијата и без да направи дополнителни проверки и да ја утврди точноста на податоците, проследила Барање до Одделението за управни работи за определување на матичен број, со што го сторила кривичното дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл.353 од КЗ.

Третопријавениот И.Ј. во својство на службено лице виш референт-матичар во Министерство за правда Управа за водење матични книги Подрачно одделение Скопје, пополнил и доставил Барање за определување матичен број за првопријавениот Н.А. до Одделот за граѓански работи-Секторот за управно надзорни работи, без да ја провери точноста на поднесените податоците кое нешто како матичар бил должен да го стори согласно чл.21 од Законот за матична за евиденција. И.Ј. го завел првопријавениот во Матичната книга на родени, преку својата шифра одредена од информатичкиот систем во Управата за водење на матични книги, ги внел податоците во електронскиот систем на Управата и на тој начин му овозможил да му биде изготвена и издадена македонска патна исправа, со што сторил кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл.353 од КЗ.

loading...