РУСИТЕ ТОТАЛНО ОДЛЕПИЛЕ: БАРААТ НАТО ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД БУГАРИЈА И РОМАНИЈА, ИТНА СЕДНИЦА НА БУГАРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ, ШПАНИЈА ПОНУДИ ДА ПРАТИ АВИОНИ ВО БУГАРИЈА
РУСИТЕ ТОТАЛНО ОДЛЕПИЛЕ: БАРААТ НАТО ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД БУГАРИЈА И РОМАНИЈА, ИТНА СЕДНИЦА НА БУГАРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ, ШПАНИЈА ПОНУДИ ДА ПРАТИ АВИОНИ ВО БУГАРИЈА
(ВИДЕО) БРАВО - Ковачевски - Азески: Комората ќе ја повлече иницијативата пред Уставниот суд, ќе се најдат решенија за предизвиците околу недела неработен ден - се засилува дијалогот меѓу Владата и деловната заедница во интерес на економскиот раст

ВО ПОНЕДЕЛНИК ЗАПОЧНУВА ВТОРАТА ЗИМСКА ШКОЛА НА МСМЈЛК ПРИ УКИМ – НАЈАВЕНО УЧЕСТВО НА НАД 40 СТРАНСКИ МАКЕДОНИСТИ И СЛАВИСТИ ОД СЕДУМНАЕСЕТ ЗЕМЈИ
ВО ПОНЕДЕЛНИК ЗАПОЧНУВА ВТОРАТА ЗИМСКА ШКОЛА НА МСМЈЛК ПРИ УКИМ – НАЈАВЕНО УЧЕСТВО НА НАД 40 СТРАНСКИ МАКЕДОНИСТИ И СЛАВИСТИ ОД СЕДУМНАЕСЕТ ЗЕМЈИ
Папа Франциск: Продолжуваме со својата посветеност да обезбедиме правда за жртвите злоставувани од нашите членови
Папа Франциск: Продолжуваме со својата посветеност да обезбедиме правда за жртвите злоставувани од нашите членови
ВО КАВАДАРЦИ СЕ РАБОТИ: Во тек е изградбата на фекална и атмосферска канализација, како и водоводна мрежа на ул. Ѓорѓи Соколов во должина од 500 метри
ВО КАВАДАРЦИ СЕ РАБОТИ: Во тек е изградбата на фекална и атмосферска канализација, како и водоводна мрежа на ул. Ѓорѓи Соколов во должина од 500 метри
ОЈО нареди вештачење на примероци од крв и урина на возачот што синоќа ја усмрти 24-годишната девојка кај „Сити мол“
ОЈО нареди вештачење на примероци од крв и урина на возачот што синоќа ја усмрти 24-годишната девојка кај „Сити мол“
ВИСОКО-ТЕХНОЛОШКИ ПОГОН НА СИТЕ 4 ТРКАЛА КАЈ OPEL GRANDLAND HYBRID4, OPEL INSIGNIA И OPEL INSIGNIA GSI
ВИСОКО-ТЕХНОЛОШКИ ПОГОН НА СИТЕ 4 ТРКАЛА КАЈ OPEL GRANDLAND HYBRID4, OPEL INSIGNIA И OPEL INSIGNIA GSI
ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: НЕУСПЕШЕН ОБИД НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА ПОЛИТИЧКА ДИСКРЕДИТАЦИЈА
ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: НЕУСПЕШЕН ОБИД НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА ПОЛИТИЧКА ДИСКРЕДИТАЦИЈА

КРИЗА Е, СЕКОЈ СЕ СНАОЃА КАКО МОЖЕ И ЗНАЕ: КАФЕАНСКИ ЖУРКИ И ПОКРАЈ ЗАБРАНАТА, ПЕЈАЧИТЕ СЕ ВКЛУЧУВААТ ОНЛАЈН ОД ДОМА И ПРИМААТ НАРАЧКИ

Пејачите од дома прават концерт, а гостите го гледаат пејачот на неколкуте смарт телевизори поставени низ локалот. (Фото:СДК.МК)

Онлајн свирки се прават низ кафеаните во Скопје. Иако со одлука на Влада по препорака на Комисијата за заразни болести во угостителски објекти е забранета жива музика, кафеанџиите најдоа начин како да прават забави. Пејачите наместо да свират во кафеаната, од дома прават концерт, а се поврзани преку онлајн врска и звучници од кои ечи музика. Гостите го гледаат пејачот на неколкуте смарт телевизори поставени низ локалот, а тој пак од дома на својот телефон или лаптоп. Преку пораки менаџерот на кафеаната му испраќа нарачки со песни од гостите, а потоа тој ги исполнува желбите – ‘Следната песна е специјален поздрав за Благица“, ‘Поздрав за највеселата маса денеска‘, ‘Одиме сега со нешто весело‘…

Атмосферата во кафеаните кои ги посети екипа САКАМДАКАЖАМ.МК е како пред почетокот на пандемијата на ковид-19. Во четврток, петок и сабота не може да се најде слободна маса, резервации се прават неколку дена однапред, а забавата почнува од 17 часот бидејќи работното време е до 21 часот. После 19 часот атмосферата се вжештува, гостите почнуваат да играат и да се веселат, исто како кафеанските вечерни излегувања пред пандемијата.

Во голем број кафеани не се почитуваат ниту протоколите за работа. Масите наместо да се раздалечени метар и половина, се доближени една до друга толку близу што не може да се помине меѓу нив. Не се почитува ниту протоколот на една маса да седат по 4 лица бидејќи се одалечени една од друга само неколку сантиметри. Ретко кој затвора во 21 часот, газдите ја заклучуваат влезната врата и гостите слободно си седат.

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски вели дека во однос на онлајн свирките не можат да интервенираат и да го казнат газдата на кафеаната бидејќи тоа се третирало како електронски пренос на звук. Но, додава Пауновски може да се реагира за непочитување на протоколи.

„Секоја вечер сме на терен и постојано затекнуваме угостителски објекти за непочитување на протоколи или работно време, на кои им изрекуваме забрана за работа. Еве во четвртокот затекнавме кафеана во Скопје како нормално си работеше и во 23 часот, полна со гости и плус пејачка“, вели Пауновски.

Од 21 јануари угостителските објекти работат до 21 часот откако пред Нова година со цел да не се прават новогодишни забави, работното време им беше скратено до 18 часот. Угостителите бараат да работат до 23 часот, но засега Владата ја почитува препораката на Комисијата за заразни болести и не дозволува да биде продолжено работното време.

Вчера протест во Скопје и неколку други градови имаа сопствениците на ресторани за свадби, ноќни клубови, пејачи и музичари кои бараат Владата да им дозволи да почнат да работат под одредени протоколи.

ИЗВОР: СДК.МК

loading...

4Anime - Watch English Anime Online For Free in HD | 4Anime.biz. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

watch anime Attack on Titan Season 2

Naruto Episode 220

4 anime The Seven Deadly Sins: Dragon's Judgement

anime websites To Your Eternity

Higehiro: After Being Rejected, I Shaved and Took in a High School Runaway