БОМБА НА КАЕВСКИ: Мицкоски да одговори дали нудел поддршка за францускиот предлог во замена за амнестија за криминалот?
БОМБА НА КАЕВСКИ: Мицкоски да одговори дали нудел поддршка за францускиот предлог во замена за амнестија за криминалот?
Николовски: Ги золемуваме површините под житни култури - Склучуваме рекордни 258 нови договори за закуп на земјоделско земјиште
Николовски: Ги золемуваме површините под житни култури - Склучуваме рекордни 258 нови договори за закуп на земјоделско земјиште
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, присустуваа на Фестивалот на биодиверзитет кој се одржа во Паркот на Франкофонија

Тренчевска: Ги повикувам општините да аплицираат на јавниот повик за развој на социјални услуги на локално ниво, кои се во интерес на сите граѓани
Тренчевска: Ги повикувам општините да аплицираат на јавниот повик за развој на социјални услуги на локално ниво, кои се во интерес на сите граѓани
Николовски на жетва на јачмен во светиниколско - Постигнавме висока откупна цена и очекуваме добар принос од 140 000 тони
Николовски на жетва на јачмен во светиниколско - Постигнавме висока откупна цена и очекуваме добар принос од 140 000 тони
Николовски на средба со Мрежа на земјоделски задруги по повод Меѓународниот ден на задругарството
Николовски на средба со Мрежа на земјоделски задруги по повод Меѓународниот ден на задругарството
7. ГОДИНА ПО РЕД – 100 БЕСПЛАТНИ ПРЕГЛЕДИ НА БЕНКИ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“
7. ГОДИНА ПО РЕД – 100 БЕСПЛАТНИ ПРЕГЛЕДИ НА БЕНКИ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“
Потпишани договори со ЕБОР за финансирање на изградбата на автопатот Скопје-Блаце и фотонапонските електрани Осломеј 2 и Битола
Потпишани договори со ЕБОР за финансирање на изградбата на автопатот Скопје-Блаце и фотонапонските електрани Осломеј 2 и Битола

Култура: ПичПрич на тема Љубовни писма | Крушумли ан 02.10. во 20 часот

ПичПрич, иницијатива за промовирање на женската усна историја, ве поканувa на својата традиционална гала вечер каде што ќе раскажуваме за еден од најстарите и најтрадиционалните начини на додворување – љубовните писма. Овогодишната тема на ПичПрич галата ќе го стави во фокус овој вид на комуникација, како и формите што ги добива низ дигиталната ера. Низ оваа призма ќе го разгледаме прашањето за согласноста, како и начинот на кој односите на моќ и доминација се провлекуваат низ ваквиот тип на изразување љубов во писмена форма.

Од несмасни и скромно срочени реченички, до претенциозни висини на поетскиот израз, љубовните писма се насекаде и вешто се трансформираат и на интернет. Дали ова значи дека содржински се менуваат или едноставно се дигитализираат ќе слушнеме од нашите раскажувачки.

Во сабота (2 октомври), со почеток од 20 часот, во дворот на „Куршумли ан“ нашите раскажувачки ќе споделат приказни за највпечатливи љубовни писма коишто ги добиле или пак некому ги напишале. Настанот ќе го модерираат Румена Бужаровска и Ана Василева, а приказните ќе ги раскажуваат: филмската критичарка и новинарка Марина Костова, топ моделот Катарина Ивановска, новинарките Сашка Цветковска и Ивана Смилевска, колумнистка на феминистички текстови Елена Гаговска и Маја Казакова – радио водителка.

ПичПрич ќе ги следи сите актуелни мерки за здравствена заштита и според тоа ќе може да се присуствува само со сертификат за извршена вакцинација, односно применa најмалку една доза вакцина или сертификат за прележан ковид во изминатите 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за сите лица над 18-годишна возраст. Влезот на настанот е бесплатен, но бројот на места ќе биде ограничен и нема да може да се резервира однапред.

По настанот се упатуваме кон Ла Кања во Стара скопска чаршија, да се освежиме со диџеј сетот на Мартина Пенева.

Овој настан се реализира во соработка помеѓу ПичПрич и Тиииит! Инк. и со поддршка од Фондацијата Квина тил Квина.

Tiiiit! Inc.

loading...

go88 m1 cách ăn tiền go88 kéo go88

đăng ký sunwin Tải Sunwin trực tuyến 2022 - Sumwin đổi thưởng bản mới sunwin kubet