Кумановци положија свежо цвеќе на бистата на големиот револуционер Гоце Делчев во гимназијата „Гоце Делчев” во Куманово

Делегации предводени од градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски и претседателката на Советот на општината Ивана Ѓорѓиевска, денеска, по повод 150 години од раѓањето на истакнатиот македонски идеолог, национален херој и водач на македонското револуционерно националноослободително движење Гоце Делчев, оддадоа почит положувајќи свежо цвеќе на бистата на големиот револуционер во училиштето СОУ-Гимназија „Гоце Делчев“.