Изведбата на проектот за Дом за стари лица во општина Пробиштип е во тек, се изведуваат повеќе фази истовремено согласно акцискиот план, извршено е рушењето и демонтажа на внатрешната столарија каде се просториите за сместување, завршена е ѕидаријата на новопланираните ѕидови, направен е новиот влез.
Се работи на поставување на водоводната и електрична инсталација.
➡️ Согласно динамиката и надминатите проблеми кои се јавија во почетокот на работите, а кои веќе се надминати, ми дава за право да се надевам и кажам дека веќе во месец мај овој проект ќе биде завршен и општината ќе добие дом за стари во кој 55 наши сограѓани ќе добијат достоинствено сместување по сите стандарди.