Почитувани сограѓани, драги пријатели,
Во наредните денови, Јас и мојот тим ќе дојдеме кај секој еден од Вас.
Од мое име ќе Ви се заблагодариме за поддршката кој ни ја дадовте во првиот круг од Локалните избори 2021.
Победата е пред нас!
Покажавме на дело дека Зборот е збор!
Докажавме дека може да ни Верувате!
Ја потврдуваме победата и во вториот круг!
Сите заедно, силно, гордо и одлучно да им ја пратиме конечната порака:
„Времето на уцени, заплашувања и рекет е минато во општина Пробиштип. Ние покажавме и докажавме како се работи чесно, домаќински и одговорно, без делби и поделби по ниту еден основ, како се гради по план и приоритет за секоја населба, за секое маало, за секој еден од Вас.“
Ви благодарам на сите!