Одбојкарите на Струмица 47&72 доминантно, без пораз, завршија уште една сезона на домашната одбојкарска сцена. Финалната серија против Шкендија ја решија експресно, а со претходно освоената куп-титула ја потврдија двојната титула освоена и минатата година. Деветтиот шампионски пехар во рацете на Струмичани е императив да се оди чекор понатаму, европска промоција на македонскиот одбојкарски шампион.
„Среќни сме за титулата, колку таа и да изгледаше доминанто освоена. Навистина се вложивме до максимум и оваа сезона. Сега малку ќе одмориме, па повеќемина од нас ги чекаат репрезентативните обврски. Потоа почнува подготовката за новата сезона во која ќе играме и во Европа“, порачува искусниот македонски репрезентативец Владо Милев, кој од оваа сезона ја има и улогата на претседател на струмичкиот шампион.
Струмица 47&72 со освојувањето на шампионската титула ќе има право за настап во најсилното европско натпреварување, иако таму треба да почне уште од првото елиминациско коло.
„Чекаме да се отвори пријавувањето за европските купови. Ние како шампиони сакаме да се пријавиме за настап во Лигата на шампионите на ЦЕВ. Сепак, останува да се видат условите. Ако играме во Лигата на шампионите, ќе мора тоа да го направиме од првото квалификациско коло. Под услов и да загубиме, според правилата на ЦЕВ ќе продолжиме во ЦЕВ Купот, што практично значи дека ќе имаме најмалку 4 европски средби. За тоа игравме цела сезона и навистина сите посакуваат да излеземе во Европа“, дополни Милев.
Струмица 47&72 доминацијата на домашната сцена планира да ја продолжи и следната сезона, а амбициозното раководство се надева дека ќе ја врати и славата на македонската клупска одбојка од пред деценија-две.
Со големата поддршка во спортот и инвестирањето во здрави животни стилови се создаваат шампиони во спортот.
Спортот е само една фаза во животот кој понатаму креира трајна дисциплина, карактер и вредност.
Преку спортот создаваме и национален патриотизам.
Струмица е лулка на спортот во Македонија и темел на одбојкарскиот дух во државата.
ОК Струмица е доминантна во одбојката, а оваа сезона со двојна круна во купот и шампионатот.
Деветкратен шампион во Македонија.
Чест ми е што НИКОБ МЕДИКАЛ е генерален спонзор на ОК Струмица оваа сезона, и затоа најавувам дека сме во завршни преговори за поддршка за идната сезона како генерални спонзори, со цел атакување кон државната титула, но и силен тим за европското клупско натпреварување.
Спремаме новини и интересни изненадувања.
Одиме уште појако!!
НИКОБ СО ШАМПИОНИТЕ
Кирил Лазаров сопственик и главен менаџер на Никоб Групација