БОМБА НА ХАРИ КОСТОВ: ДА ИМ СЕ ЗАБРАНИ НА МЛАДИТЕ ПОД 30 ГОДИНИ ДА СЕ БАВАТ СО ПОЛИТИКА, НАМЕСТО ДА ЛЕПАТ ПЛАКАТИ И ДА ЧЕКАТ ПАРТИИТЕ ДА ГИ УХЛЕБАТ ДА УЧАТ ДА ЗАРАБОТАТ ПАРИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД
БОМБА НА ХАРИ КОСТОВ: ДА ИМ СЕ ЗАБРАНИ НА МЛАДИТЕ ПОД 30 ГОДИНИ ДА СЕ БАВАТ СО ПОЛИТИКА, НАМЕСТО ДА ЛЕПАТ ПЛАКАТИ И ДА ЧЕКАТ ПАРТИИТЕ ДА ГИ УХЛЕБАТ ДА УЧАТ ДА ЗАРАБОТАТ ПАРИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД
Петков по средбата со Ковачевски: Си ветивме дека конструктивниот дијалог ќе продолжи
Петков по средбата со Ковачевски: Си ветивме дека конструктивниот дијалог ќе продолжи
ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА? Митови за менталното здравје
ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА? Митови за менталното здравје
Трајанов: САД ќе ги седнат С. Македонија и Бугарија на иста маса
Трајанов: САД ќе ги седнат С. Македонија и Бугарија на иста маса
АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА МАЛАТА НИЛ НАСУФОСКИ
АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА МАЛАТА НИЛ НАСУФОСКИ
Делегација на СПЦ преводена од Патријархот Порфириј пристигна во Скопје
Делегација на СПЦ преводена од Патријархот Порфириј пристигна во Скопје
Ковачевски: Не може да се зборува за каков било напредок со Бугарија, разговорите продолжуваат
Ковачевски: Не може да се зборува за каков било напредок со Бугарија, разговорите продолжуваат
Новинарските здруженија реагираат: По кои критериуми е направена селекцијата кои медиуми ќе известуваат од Рим
Новинарските здруженија реагираат: По кои критериуми е направена селекцијата кои медиуми ќе известуваат од Рим

ЛАЖГИ СО ОПАШКИ, БРАТУЧЕДИТЕ СЕ ГЛУПИРААТ БЕЗ ГРАНИЦИ – ГРУЈО НЕ ЗНАЕЛ ДЕКА ПОСТОИ ПАНОРАМА НА ВОДНО, МИЈАЛКОВ ИАКО 10 ГОДИНИ БИЛ ШЕФ НА ДБК И ПРИСЛУШКУВАЛ 20 000 НАРОД АМА НЕ ЗНАЕЛ ДЕКА ФАЛАТ ПАРИ ВО КАСАТА НА ВМРО ДПМНЕ

Не го спомна сопствениот братучед и поранешен премир Никола Груевски. За партиската каса не знаел дека недостигаат пари, а ниту помагал да се исперат тие пари. Откако минатиот петок побара да се подготви за своја одбрана, денеска одговори вкупно на четири прашања од својот бранител. И тоа, прашан дали учествувал и влијалел да се префрлат парите на Груевски на оффшор компанија, обвинетиот во предметот „Плацеви на Водно“, Сашо Мијалков ќе одговори.

БИ САКАЛ ДА КАЖАМ ДЕКА ВО ОВАА ПОСТАПКА ДОБИВ ЧУВСТВО НА НАБЉУДУВАЧ. ВИДОВМЕ ЕДЕН КУП СВЕДОЦИ ОД КОИ ЕДИНСТВЕНО АЛЕКСАНДАР ИВАНОВСКИ – ТЕРАНОВА ГО СПОМЕНА МОЕТО ИМЕ. И ЗАТОА НЕ СЕ НАЈДОВ ВО СИТУАЦИЈА ВООПШТО ДА СЕ ВПУШТАМ, ДА РАСПРАШУВАМ ИЛИ ДА СПОРАМ ДОКАЗИ, ЗАВРШИ МИЈАЛКОВ.

Јас тоа што ќе го кажам во мојот исказ не значи дека вие како судечки совет треба да ми поклоните верба бидејќи јас како обвинет можам да кажам се во моја одбрана исто како и останатите обвинети минатото рочиште, а не зборуваа баш вистина затоа треба да дадете верба во материјалните докази, изјави Мијалков осврнувајќи се на одбраните на кумот на Никола Груевски, Ристо Новачевски и неговиот поранешен бизнис партнер Орце Камчев на минатото рочиште.

Тој не го спомна својот братучед Никола Груевски кој е обвинет дека како партиски претседател и претседател на владата организирал група за да го сокрие вистинскиот сопственик на имотот на Водно. Адвокатот Давидовиќ го праша дали „знаел како се стекнати средствата на Груевски и дали дал на располагање оф-шор компанија со цел прикривање на вистинскиот сопственик ?

НАЈОДГОВОРНО ЌЕ КАЖАМ, И СТОЈАМ ЗАД ОВА ДЕКА НИТУ СУМ ЗНАЕЛ НИТУ СУМ МОЖЕЛ ДА ЗНАМ ДЕКА ТИЕ ПАРИ ПОТЕКНУВААТ ОД КРИВИЧНО ДЕЛО. ОВА НЕ СУМ МОЖЕЛ ДА ГО ЗНАМ БИДЕЈЌИ НИКОГАШ НЕ СУМ ИМАЛ ПРИСТАП ДО ПАРТИСКАТА КАСА КАКО ПАРТИСКИ ФУНКЦИОНЕР НИТУ ПАК СУМ ЧУЛ ОД СОПАРТИЈЦИТЕ ОСОБЕНО АКО НЕДОСТАСУВА ТОЛКАВА СУМА ПАРИ ТОА НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ НЕЗАБЕЛЕЖАНО, ИСТАКНА МИЈАЛКОВ, КОЈ ВО ПЕРИОДОТ НА ИЗВРШУВАЊЕТО НА КРИВИЧНОТО ДЕЛО ЗА КОЕ Е ОБВИНЕТ БЕШЕ ДИРЕКТОР НА УБК ВО МВР, МИНИСТЕРСТВО ЗАДОЛЖЕНО ЗА ГОНЕЊЕ КРИМИНАЛ И РАЗОТКРИВАЊЕ НА КРИВИЧНИ ДЕЛА.

Дека, учестувал во купувањето на плацевите за Груевски, веднаш по Мијалков во судницата ќе проговори сведокот и сопруг на сестрата на обвинетиот Орце Камчев, Мето Стојчевски. Повикан и прашан од обвинителката Лиле стефанова ќе раскаже како се одвивала купорпдажбата на имтот и палцевите преку него.

ДАЛИ МЕТО ИМАШ НЕКОЈА СЛОБОДНА ФИРМА, МЕ ПРАША САШО. ДА. ЗОШТО, ГО ПРАШАВ, НЕ МИ ОДГОВОРИ. ПО НЕКОЕ ВРЕМЕ МЕ ПРАША ПАК. МУ ВЕЛАМ МОРАМ ДА ЗНАМ ЗА ШТО Е, НА МОЕ ИМЕ Е ФИРМАТА. ЗА ДА СЕ ПРЕФРЛИ НЕКОЈ ИМОТ, МИ КАЖА САШО. ЧИЈ? НА НИКОЛА ГРУЕВСКИ МИ РЕЧЕ. ПОМИНА ВРЕМЕ, ВО 2016 ГОДИНА МИ СЕ ЈАВИ ОРЦЕ. ВЕЛИ ТРЕБА ДА СЕ ПРЕФРЛИ УДЕЛ ВО ТВОЈАТА ФИРМА, ОД ПАНОРАМА. ВО 2017, ВО 2018 ГОДИНА ГО ПОТПРАШАВ САШО, НЕ МИ КАЖА ШТО Е СО ТОЈ ИМОТ. МИ СЕ ЈАВИ ОРЦЕ ВО 2020 ГОДИНА ПАК, МИ ВЕЛИ ЌЕ ГИ КУПИШ СЕГА УДЕЛИТЕ ОД ПАНОРАМА, КАЖА СТОЈЧЕВСКИ.

На минатото рочиште повеќе сведоци, Орце Камчев, Ненад Јосифовиќ и кумот на Груевски Ристо Новачевски во своите сведочења тврдеа дека зад целата операција и организација стои поранешниот премиер, а сега бегалец во Унгарија, Никола Груевски. Камчев пак соопшти дека на крај Груевски го заменил плацот на Водно за три големи апартмани во Панорама Резиденс во истиот дел на Скопје, кои се со вкупна површина од 750 квадратни метри. Становите биле на екс премиерот, но се воделе на друго име, тврдеше Камчев кој исто така е обвинет за перење пари.

loading...

https://animedao1.com/. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

AnimeDao Attack on Titan

AnimeDao Attack on Titan Final Season (Dub) Episode 7

AnimeDao Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba (Dub)

watch anime free AnimeDao Dragon Ball Super (Dub)

Horimiya (Dub)