Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија
На младите им треба психолошка поддршка, која нема да трае само 15 минути
На младите им треба психолошка поддршка, која нема да трае само 15 минути
Град Скопје ќе доделува годишни стипендии од 24.000 денари за спортисти-средношколци
Град Скопје ќе доделува годишни стипендии од 24.000 денари за спортисти-средношколци
ЛИТАР ГОРИВО ВО ЕУ НАБЛИЖУВА КОН ТРИ ЕВРА: Најскап бензин возат Финците, но и во Грција е скоро 2 и пол евра
ЛИТАР ГОРИВО ВО ЕУ НАБЛИЖУВА КОН ТРИ ЕВРА: Најскап бензин возат Финците, но и во Грција е скоро 2 и пол евра
И Холандија го активира антикризниот план, ги вклучува термоелектраните
И Холандија го активира антикризниот план, ги вклучува термоелектраните
Петар Колев: Доколку Македонија не ја прифати подадената рака на Бугарија ќе биде целосно изолирана
Петар Колев: Доколку Македонија не ја прифати подадената рака на Бугарија ќе биде целосно изолирана

Лажливото овчарче Милошоски

Време е некој дуото ММ ( Милошоски и Мицковски) да го праша кои се тие „доверливи дипломатски извори„ кои лажно ги брифираат. Дали сами ги измислуваат или некои дипломати можеби свесно и за свој интерес им подметнуваат.

Утре од 15 до 17 часот сите ќе бидеме жртва на лагите на Антонио Милошоски. Во тој период на неколку раскрсници во Скопје и во други 9 градови ќе бил блокиран сообраќајот и ќе се одржувале протести од страна на подржувачи на ВМРО ДПМНЕ, затоа што Антонио Милошоски, кој е нивни пратеник и претседател на Комисијата за надворешна политика во Собранието, им кажал дека тој од „свои дипломатски извори дознал дека Заев и Бучковски прифатиле Декларацијата на бугарското собрание да стане составен дел од преговорите на Македонија за членство во ЕУ„.

Антонио е веќе познат по своите лаги „ од дипломатски извори„. По блокадата од Бугарија на преговарачкиот процес изјавуваше дека „од дипломатски извори„ дознал дека блокадата на преговорите ја подржувале и Данска и Холандија па нивните амбасади во земјава мораа да го демантираат јавно и да му соопштат дека шири лажни вести.

Тој од доверливи „дипломатски извори„- кои секогаш се докажувааат како лажни, кажува какво решение е договорено за националноста на Гоце Делчев, какви „бизнис зделки„ во пакет со решнието за почнување преговори се направени меѓу Заев и Борисов, кој каде отишол по провизии за изградба на Клиничкиот центар и кои се нови „национални предавства се подготвува да го направи сегашната влада„.

И така прават сите што како него сметаат дека за нив не постои ниту политичка одговорност, ниту казнивост ниту образ. Да постои срам или елементарна одговорност денес Милошоски би бил многу повоздржан во ширењето на лаги, дезинформации, клевети и навреди. Но што вреди?

Многумина како него сметаат дека можат да се спасат од одговорност само со смена на власта и враќањето на неказнивоста од времето на Груевски. Антонио Милошоски веќе подолго време е еден од обвинетите во случајот „Моќник„ што го покрена Специјалното Јавно обвинителство. Во тој случај, Милошоски е обвинет за злоупотреба на државната функцијата , со која неговото семејство се стекнало со нелегален имот во вредност од 50 илјади евра.

Антонио Милошоски како близок соработник на Груевски во тоа време лажно го обвинил судијата од Кичево Драги Билевски дека бил соработник на тајните служби, нарачал брза лустрација од страна на Комисијата предводена од Томе Аџиевски, по што судијата е лустриран, разрешен од функцијата а криминалот на семејството Милошоски бил успешно заштитен.

Лустрираниот и од работа пред време отстранет судија почина меѓу другото и од неправдата кон него, но Милошоски на Телма за него и дополнително изјави дека „не треба од еден таков удбаш да се прави жртва„. Деновиве судот донесе одлука со која пратеникот Антонио Милошоски е осуден за клевета искажана на Телма кон судијата Драги Белевски, кој како починат, според судот, веќе нема можности како жртва да побара надомест за направената штета.

И се додека Антонио и сличните како него, избегнуваат казнивост и не ја плаќаат штетата, тие со лаги ќе предизвикуваат блокади. Ќе внесуваат вознемеиреност меѓу населението, ќе шират страв од национални предавстава, страв од Бугарите, од Грците од Албанците и ќе ја глумат улогата на лажни бранители и уставобранители.

Оттука, време е некој дуото ММ ( Милошоски и Мицковски) да го праша кои се тие „доверливи дипломатски извори„ кои лажно ги брифираат. Дали сами ги измислуваат или некои дипломати , може би свесно и за свој интерес свесно им подметнуваат.

Мицковски и Милошоски уште долго можат да се забавуваат со викањето „Волк, Волк„ и да им се смеат на оние што протестираат и по што некои во затвор завршуваат. Но, не е лошо уште еднаш да ја прочитаат приказната, бидејќи според неа, еден ден ќе останат сами и волкот ќе ги изеде.

Ѓорѓи Спасов, ФОКУС.МК

loading...

nhóm kéo go88 go88 cổng quốc tế cách ăn tiền go88

tải sunwin 2022 Game bài đổi thưởng Sunwin đẳng cấp link sunwin