БРАВО СДСМ ОВА Е ВИСТИНСКА ЛЕВИЧАРСКА ПАРТИЈА - Каматата веќе не смее да биде повисока од долгот, усвоени измените на Законот за облигациони односи
БРАВО СДСМ ОВА Е ВИСТИНСКА ЛЕВИЧАРСКА ПАРТИЈА - Каматата веќе не смее да биде повисока од долгот, усвоени измените на Законот за облигациони односи
(ВИДЕО) ДУШИЦА МРЃА МУ ГИ ИЗВАДИ ЏИГЕРИТЕ НА СЕЛА: ЌЕ ПРОТЕСТИРАТЕ ЛИ ЗАЕДНО СО МИЦКОВСКИ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ОСУДЕНИТЕ ЗА 27-МИ АПРИЛ?!?!
(ВИДЕО) ДУШИЦА МРЃА МУ ГИ ИЗВАДИ ЏИГЕРИТЕ НА СЕЛА: ЌЕ ПРОТЕСТИРАТЕ ЛИ ЗАЕДНО СО МИЦКОВСКИ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ОСУДЕНИТЕ ЗА 27-МИ АПРИЛ?!?!
ОПШТИНА ГРАДСКО ЌЕ ГИ МЕНУВА СТАРИТЕ СИЈАЛИЦИ СО ЕКОЛОШКИ ЛЕД СВЕТЛА
ОПШТИНА ГРАДСКО ЌЕ ГИ МЕНУВА СТАРИТЕ СИЈАЛИЦИ СО ЕКОЛОШКИ ЛЕД СВЕТЛА
ЖИТЕЛИТЕ НА БУТЕЛ 2 ДОБИЈА НОВ ПАРК
ЖИТЕЛИТЕ НА БУТЕЛ 2 ДОБИЈА НОВ ПАРК
(ВИДЕО) ЗАЕВ: НАРОДОТ Е МУДАР И ЗНАЕ ДА ПРЕПОЗНАЕ КОЈ ЈА ЗЛОУПОТРЕБУВА ТРАГЕДИЈАТА ВО ТЕТОВО ЗА ДА ДОЈДЕ ДО ВЛАСТ, И ЌЕ ГИ КАЗНИ НА ИЗБОРИ ОВИЕ ЛЕШИНАРИ
(ВИДЕО) ЗАЕВ: НАРОДОТ Е МУДАР И ЗНАЕ ДА ПРЕПОЗНАЕ КОЈ ЈА ЗЛОУПОТРЕБУВА ТРАГЕДИЈАТА ВО ТЕТОВО ЗА ДА ДОЈДЕ ДО ВЛАСТ, И ЌЕ ГИ КАЗНИ НА ИЗБОРИ ОВИЕ ЛЕШИНАРИ
(ВИДЕО) Груби: Народот сака фабрики а не судири, Скопје веќе не е Скопје лево и Скопје десно од Вардар туку е едно Скопје за сите
(ВИДЕО) Груби: Народот сака фабрики а не судири, Скопје веќе не е Скопје лево и Скопје десно од Вардар туку е едно Скопје за сите
(ВИДЕО) Заев и Груби во посета на производствена фабрика „One cable“: Продолжуваме со градење добри економски политики за подигнување на животниот стандард
(ВИДЕО) Заев и Груби во посета на производствена фабрика „One cable“: Продолжуваме со градење добри економски политики за подигнување на животниот стандард
Кондовски: Големата ротаријанска идеја не обединува во обврската за континуиран придонес во заедницата!
Кондовски: Големата ротаријанска идеја не обединува во обврската за континуиран придонес во заедницата!

ЛАЖНА ВЕСТ – СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ НЕ Е АМНЕСТИРАН!

Мактел дознава дека против Стевчо Јакимовски се водат 3 кривични процеси од кои само во еден делумно обвинението тангира бесправно градење но има и злоупотреба на службена положба. Другите два процеса се за финансиски злоупотреби и разни местенки на ДУП-ови и одобренија на градба, затоа процесот првично го водеше финансова полиција.

Така што вестите дека Стевчо Јакимовски се спасил од затвор не се точни, допрва ќе му се суди и ќе си го добие она што си го заслужил според доказите и според одлуките на судовите во земјава. Народот и јавноста да не наседнуваат на панични наслови на портали кои имаат за цел да приграбат читаност и кликови ширејќи паника во јавноста.

Инаку овие информации ги потврдува и обвинителката Вила Русковска во изјава за А1он.мк

ОБНОВЕНО: Еве го едниот кривичен процес против него со серија на обвиненија по многу членови од законот за кривична постапка со што е јасно дека тој нема да се спаси од кривичен прогон затоа што се гони по серија на злоупотреби:

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и против други 10 лица, за злоупотреба на службената положба и овластувањето, несовесно работење во службата и за бесправно градење.

Јакимовски, кој е првообвинет, е осомничен дека во периодот од 2011 до 2017 година како градоначалник, во повеќе наврати ја злоупотребил службената положба и овластувањето во постапки за јавна набавка и во постапка за легализација на привремени објекти од деловен карактер и приватизација на градежно земјиште во сопственост на државата.

Според обвинението, тој во текот на 2012 година при спроведување постапка за јавна набавка склучил и потпишал договор со правно лице иако знаел дека правното лице нема доставена банкарска гаранција за квалитетно, а со тоа и навремено извршување на договорот. Тој дозволил изведувачот да почне со изведување на активностите од договорот. По еден месец, поради неквалитетно изведување на работите, го раскинал договорот со изведувачот, со што овозможил правното лице да стекне имотна корист на штета на буџетот на Општината во износ од 303.295 денари, односно 5 отсто од вредноста на договорот за јавна набавка.

Во периодот 2012-2013 година во постапка за јавна набавка Јакимовски му причинил штета на буџетот на Општината во износ од 14.609.653 денари. Кога јавната набавка била спроведена и бил склучен договорот, првообвинетиот давал усни инструкции на изведувачот за изведување дополнителни работи, со што вкупната вредност на работите за изведување надминала 100 отсто од вредноста на основниот договор.

Во истиот период, се наведува во обвиението, Јакимовски во име и за сметка на правното лице – Општината, во својство на инвеститор, без одобрение за градење, изградил деловен административен објект на локалната самоуправа, со што сторил кривично дело бесправно градење. За објектот во 2016 година поднел барање за утврдување правен статус на бесправни објекти од локално значење.

Во периодот 2011-2017 година, Јакимовски заедно со раководен државен службеник во Општината ја искористил својата службена положба и овластувањето постапувајќи во предмети оформени по поднесените барања за утврдување правен статус на бесправно изграден објект. Тие, иако знаеле и биле должни да знаат дека објектите за кои се поднесени барањата се објекти што не смеат да бидат предмет на постапка за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, ги потпишале урбанистичките согласности и дале согласност за вклопување на предметните привремени објекти за деловна намена во урбанистичко-планската документација. Со потпишаните решенија за утврдување правен статус на привремените објекти за деловна намена како да се бесправно изградени објекти овозможиле три правни и едно физичко лице да стекнат право на сопственост на објектите и ексклузивно право на откуп на земјиштето под објектите во сопственост на РС Македонија.

Со тоа им овозможиле на две правни лица со непосредна спогодба да стекнат материјална и имотна корист во вид на градежно земјиште под објект за цена од 438 денари за квадратен метар иако според ценовникот за утврдување пазарна вредност на градежно земјиште и макролокација на зони во град Скопје изнесува 18.000 денари за квадратен метар. Со преземените дејства обвинетите го оштетиле буџетот на РС Македонија во износ од 31.410.000 денари. Во текот на истрагата утврдено е дека едно од двете правни лица, земјиште со површина од 1.533 м2, купено за 671.454 денари, по само дваесеттина дена го отуѓило за 40.528.500 денари.

Освен Јакимовски, обвинети се и вработен во Општината, членови на Комисијата за јавна набавка, одговорното лице во фирмата што ги изведувала градежните работи, лице што вршело надзор на градбата, како и службени лица во Општината.

Втората истрага против него ја води Финансова Полиција:

Финансиската полиција води истрага против поранешниот градоначалник на скопската Општина Карпош Стевчо Јакимовски за три јавни набавки, за старите општински бараки и за плоштадот во населбата Жданец.

Претресот во куќата на лидерот на ГРОМ, Јакимовски трае веќе три часа.

Јакимовски вели дека не е виновен за ништо и дека немал направено никаква финансиска малверзација кога бил градоначалник. Според него, се работи за техничка грешка и за политичка одмазда на СДСМ, а не и за криминал, бидејќи, како што вели, службите заборавиле да ја активираат банкарската гаранција.

„Сите до еден кажуваат дека таа работа нема никаква врска со градоначалникот, ниту пак јас имам било каква врска со банкарската гаранција. Се работи за случај кога фирма која не го испочитувала договорот, сме го раскинале и сме ги дале на суд за надомест на штета. Службите заборавиле да ја активираат банкарската гаранција. Во сите јавни набавки нема ама баш апсолутно никаква врска со мене како градоначалник. Во првите два случаи се работи за општинските бараки, и една за плоштадот во населбата Жданец. Со фирмата пет години сме на суд и ние не можеме да се одбраниме од нападите на таа фирма. Сега очигледно е дека се здружиле заедно, со Финансиската полиција и судството. Им стоиме на располагање за се што треба, максимално ќе соработуваме со истражните органи да се расчисти оваа работа“, изјави лидерот на ГРОМ и поранешен градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски.

Третата истрага е за изградбата на општинската зграда:

Од Управата информираат дека кривична пријава за бесправно градење е поднесена и против Ј.К., надзорен инженер во „Карапанчевски компани“ ДОЕЛ Скопје и против А.М., одговорно лице во правното лице „Алконпроект“ ДООЕЛ Тетово, во својство на изведувач, како и против двете правни лица.

„Истрагата утврдила дека Јакимовски во својство на градоначалник на Карпош како инвеститор на изведување работи за „демонтажа, дислокација и изградба на четврта и петта барака на булеварот Партизански одреди 68 и изведба на демонтирани и четврта и петта барака во рамки на урбанистичката парцела на ОУ „Лазо Трповски“, во тек на 2012 и 2013 година спротивно на членовите 56, 59 и 67 од Законот за градење без одобрение за градење и соодветна архитектонско-урбанистичка документација во име и за сметка на Општина Карпош изградил две бараки наменети за општинската администрација. Потоа Управата за финансиска полиција, поднел барање за легализација на двете бараки кое лично го потпишал иако согласно член 2 став 3 в.в. стр. 1 и 2 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти бараките не можеле да бидат предмет на легализација затоа што се изградени по стапување во сила на Законот за легализација“, се вели во соопштението на Управата.

Според пријавата, надзорниот инжинер Ј.К., кој бил ангажиран од општина Карпош за вршење стручен надзор, во 2012 и 2013 година согласно член 36 од Законот за градење бил должен да врши проверка над изградбата дали е во согласност со основниот проект и одобрението за градење и да го запознае инвеститорот и надлежниот градежен инспектор за утврдените недостатоци или неправилности констатирани во тек на градбата и да ги забележи во градежниот дневник. Спротивно на Законот за градење надзорниот инженер вршел надзор над демонтажата и изградбата на општинските бараки без одобрение за градење, потпишал градежен дневник, градежна книга и времена ситуација, соопшти Управата за финансиска полиција.

Третопријавениот А.М. одговорен во изведувачот на работите „Алконпроект“ во рамки на урбанистичката парцела на ОУ „Лазо Трповски“, ангажиран од Општина Карпош, согласно член 29 од Законот за градење бил должен да изведува градежни работи согласно со одобрението за градење, ревидираниот основен и изведбениот проект. Спротивно на Загонот за градење, почнал со градежни активности на објектот без одобрение за градење и целосно ги изградил општинските бараки.

„Според член 50 од Законот за локална самоуправа според кој градоначалникот е претставник и застапник на општината, раководи со општинската администрација и обезбедува правилно и законско користење, одржување и заштита на сопственоста на општината во согласност со Закон и статут. Според член 56 од Законот за градење, изведувањето градби може да почне со издавање одобрение за градење правосилно во управна постапка, а градбите и деловите од градби издадени без одобрение за градење се бесправни градби. Согласно член 59 од Законот за градење, како што појаснува Управата, инвеститорот имал обврска писмено да го пријави почнувањето на градбата до надлежниот орган, градежната инспекција и инспекцијата на трудот пред почетокот на изградбата“, се вели во соопштението од Управата.

Финансиската полиција на 8 август поднесе кривична и пријава против Јакимовскки за злоупотреба на службената положба и овластување, како и поради соизвршителство против четворица негови соработници. На предлог на Обвинителството, судот им изрече мерки на претпазливост со кои им е одземен пасошот и треба редовно да се пријавуваат во суд.

По изречените мерки од судот, Јакимовски изјави дека дека се работи за монтиран случај со цел да се дефокусира јавноста. Со пријавата за злоупотреба на службената положба и овластување Јакимовски и неговите соработници, според Основното јавно обвинителство, го оштетиле буџетот на Општина Карпош за 36.634.675 денари, овозможувајќи им да се стекнат со противправна имотна корист на правните лица „Алконпроект“ во износ од 33.789.441 денари и „С.М.Компани“ во износ од 2.845.234 денари.

loading...

https://aniwatch.pro dubbed anime

ANIMEFLIX: Legend of the Galactic Heroes: Die Neue These anime episode 12 online free at https://animeflix.nl animeflix bleach

WCOStream Watch anime online, English anime online HD

The Amazing 3 (Dub) (https://animebee.to/m/wbqq) Episode 52

Forum cs-cart: https://forum.cs-cart.com/user/152703-gogoanimebe/

Ttlink: http://ttlink.com/kissanimemx