Делегација на СПЦ преводена од Патријархот Порфириј пристигна во Скопје
Делегација на СПЦ преводена од Патријархот Порфириј пристигна во Скопје
Ковачевски: Не може да се зборува за каков било напредок со Бугарија, разговорите продолжуваат
Ковачевски: Не може да се зборува за каков било напредок со Бугарија, разговорите продолжуваат
Новинарските здруженија реагираат: По кои критериуми е направена селекцијата кои медиуми ќе известуваат од Рим
Новинарските здруженија реагираат: По кои критериуми е направена селекцијата кои медиуми ќе известуваат од Рим
Јавниот долг e 57,1 отсто од БДП, на ниво под мастришкиот критериум
Јавниот долг e 57,1 отсто од БДП, на ниво под мастришкиот критериум
Топ шефови го напуштаат Twitter по преземањето на Маск
Топ шефови го напуштаат Twitter по преземањето на Маск
ДУИ распишува конкурс за претседатели и членови на ограноци
ДУИ распишува конкурс за претседатели и членови на ограноци
Маричиќ: 23-ти мај, симбол за општествениот и културен придонес на Власите во современата македонска држава
Маричиќ: 23-ти мај, симбол за општествениот и културен придонес на Власите во современата македонска држава
Под слоганот „Години будни”, организацијата Tiiiit.Inc. оваа година го најави 10-тото издание на единствениот феминистички фестивал во нашата земја, ПРВО ПА ЖЕНСКО
Под слоганот „Години будни”, организацијата Tiiiit.Inc. оваа година го најави 10-тото издание на единствениот феминистички фестивал во нашата земја, ПРВО ПА ЖЕНСКО

ЛДП: Европа мора да одлучи каде оди, а Северна Македонија заслужува да биде дел од ЕУ

„Либерално-демократската партија потврди дека не се занимава со секојдневните политички пазарења од кои се изморивме изминатиот период, туку сме насочени кон меѓународната политика и да направиме се што е возможно да се деблокираат сите прашања за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ”, потенцираше претседателот на партијата, Горан Милевски на денешната регионална конференција на АЛДЕ и ЛДП „Обновен наратив за забрзана интеграција на ЕУ”.

-Најголеми поборници за влез на Северна Македонија во ЕУ се нашите партнери премиерот на Холандија Марк Руте кој пред неколку денови беше во државата, како и претседателот на Франција Емануел Макрон . Тие се дел од европските Либерали, кои се едни од најголемите лидери кои се борат да се решат проблемите на земјава и да се деблокира патот кон ЕУ, рече Милевски.

Тој дополни дека на денешната конференција бил присутен токму секретарот на Руте, пратеници од парламентите на неколку европски држави како што е и Австрија, Словенија, Хрватска и Бугарија, меѓу кои и европратеникот Илхан Ќучук.

-Целото либерално семејство на ЛДП и АЛДЕ се тука и можеби единствени кои во моментот се трудат да и помогнат на државата на патот кон ЕУ. ЕПП и Социјалистите не ги гледаме дека имаат некоја активност на ова поле или за ова прашање во изминатиот период и затоа навистина сме благодарни на нашите партнери кои се тука и со максимална поддршка за Северна Македонија во процесот на евроинтеграциите, заклучи Милевски.

Европратеникот Илхан Ќучук како заменик претседател на АЛДЕ вели дека испраќа голема поддршка за работата на ЛДП во земјава.

– На оваа конференција присуствуваме сите партнери на ЛДП за да уште еднаш ја потврдиме чистата позиција дека земјите од Западен Балкан треба да бидат дел од ЕУ. Можеби овој сојуз има високи стандарди за животната средина, социјалната политика, но ЕУ треба да одлучи на која страна треба да оди, дали да биде политички сојуз како досега или пак да оди напред за подобар живот на граѓаните. Тоа значи дека треба и да се реши процесот меѓу Бугарија и Северна Македонија да бидат исполнети точките од договорот се со цел да прекине блокадата на Северна Македонија, беше дециден Ќучук.

Како лидер на Либералните партии од 11 држави од Југоисточна Европа, Словенецот Роман Јакич исто така ја искажа поддршката за почеток на преговори на Северна Македонија во ЕУ.

– Морам да констатирам дека во 2004 година заедно бевме на тој пат, имавме претпристапни преговори, Словенија влезе, а Македонија не ни почна. Европа мора да одлучи каде оди, има напредок во дигитализацијата, и другите аспекти, но не и во проширувањето, тоа некако стои во место, додаде Јакич.

Регионалната конфереција на ЛДП и АЛДЕ ја модерираше Емил Кирјас, а настанот го отвори и Здравко Почивалшек, вицепремиер и министер за економски развој и технологија на Словенија, додека на двете панел дискусии – „Иднината на ЕУ: Во кој правец се движи Европа во 2021″ и „Членство на С. Македонија и Западен Балкан во ЕУ: како и кога?” говореа вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и пратеничката Моника Зајкова, како и други политичари од регионот и ЕУ.

ЛДП

loading...

https://animefreak1.com/. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

AnimeFreak Attack on Titan Season 3 Part 2 Episode 7

AnimeFreak JUJUTSU KAISEN (Dub) Episode 15

anime website AnimeFreak Pokémon Journeys: The Series

animes online DARLING in the FRANXX (Dub)

My Hero Academia Season 4