📌 Денот го искористивме за интересна средба со Бубо Каров, заедно во добро друштво на Марин Докузовски, носител на листа на кандидати за советници и Виктор Исјановски, кандидат за советник.
Со малку хумор, но и сериозни поенти разговаравме за поддршката која треба да ја добијат сите културни работници.
Културните работници се нашиот прозорец кон културата, магијата на уметностите, пренесувањето на трајните вредности. 🎭
Нашата поддршката на оваа фела, е приоритет, а главниот инструмент односно платформа за тоа, ќе биде Општинскиот центар на културата, со библиотека и читалница.
Клучен проект за оваа целна група е реконструкција и надградба на Амфитеатарот на кејот на Вардар, кој треба да прерасне во општински културно-забавен центар на отворено.
Бидејќи Карпош го заслужува само најдоброто. ✊
#сдсм #најдобротозакарпош #душковесковски12 #локалниизбори2021 #карпош