ЈП УЛИЦИ И ПАТИШТА СКОПЈЕ: Целосно реконструирана пешачката патека од двете страни на улицата Љубљанска во Карпош
ЈП УЛИЦИ И ПАТИШТА СКОПЈЕ: Целосно реконструирана пешачката патека од двете страни на улицата Љубљанска во Карпош
ПРОДОЛЖУВА БИТКАТА НА МВР ЗА РЕД НА УЛИЦИТЕ: 340 санкции за брзо возење ширум земјава, 191 сообраќајни прекршоци во Скопје, 49 за брзо возење
ПРОДОЛЖУВА БИТКАТА НА МВР ЗА РЕД НА УЛИЦИТЕ: 340 санкции за брзо возење ширум земјава, 191 сообраќајни прекршоци во Скопје, 49 за брзо возење
Претрес во Грчец, пронајден кокаин, приведено едно лице, Приведен бегалец од затвор, Приведени четири лица од гостиварско за издржување затворски казни
Претрес во Грчец, пронајден кокаин, приведено едно лице, Приведен бегалец од затвор, Приведени четири лица од гостиварско за издржување затворски казни
ОПШТИНА ЦЕНТАР: 20 нови јавори и друго зеленило во дворот на новата детска градинка во населба Пролет
ОПШТИНА ЦЕНТАР: 20 нови јавори и друго зеленило во дворот на новата детска градинка во населба Пролет
МЗШВ со потсетување до земјоделците: Уште 2 дена рок за доставување апликации за закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари
МЗШВ со потсетување до земјоделците: Уште 2 дена рок за доставување апликации за закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари
Претседателот Стево Пендаровски ја предводи државната делегација на Самитот на НАТО во Мадрид
Претседателот Стево Пендаровски ја предводи државната делегација на Самитот на НАТО во Мадрид
Бројката на загинати во ракетираниот трговски центар во Украина се искачи на 18, 36 лица се водат како исчезнати, ЕУ и САД го осудија нападот
Бројката на загинати во ракетираниот трговски центар во Украина се искачи на 18, 36 лица се водат како исчезнати, ЕУ и САД го осудија нападот
БРАВО - ЕРДОГАН УЧЕЛ ПОЛИТИКА ОД ТИТО: Еден ден откако одби да воведе санкции кон Русија, Турција го крена ветото за влез на Шведска и Финска во НАТО, Бајден веднаш упати честитка до сите
БРАВО - ЕРДОГАН УЧЕЛ ПОЛИТИКА ОД ТИТО: Еден ден откако одби да воведе санкции кон Русија, Турција го крена ветото за влез на Шведска и Финска во НАТО, Бајден веднаш упати честитка до сите

Лекарска комора: Намален опфатот со редовна вакцинација во земјава, особено со МРП вакцината

Поради пандемијата и засиленото антивакцинално движење, во земјава има пад во опфатот со редовната вакцинација, особено со МРП вакцината, соопштија од Лекарската комора.

По повод Светската недела на имунизација од Лекарската комора порачаа дека потребен е заеднички ангажман да се врати неопходниот опфат од 95 проценти со кој се смета дека е постигнато задоволително ниво на колективна заштита.

Вакцинација е најдобрата заштита од сериозни заразни болести, но и една од најуспешните и најисплатливите инвестиции на јавното здравство, а лекарите имаат клучна улога во проширувањето на опфатот со вакцини, додаваат од Комората.

Според Лекарската комора, здравствените политики треба да ги поддржат здравствените работници и во континуитет да обезбедат ефективни, транспарентни и објективни информации за јавноста и да се борат против лажните и погрешните информации.

„Вакцините се безбедни и ефикасни, тие се темелно тестирани и докажано спречуваат сериозни болести, спасувајќи милиони животи секоја година. Лекарите и здравствените работници преку подигнување на нивото на здравствена едукација за придобивките од вакцинацијата и преку споделување на факти засновани на научни докази креираат позитивно општествено окружување за зголемување на опфатот со вакцинацијата. Општата популација ги смета лекарите за најрелевантен извор на информации за вакцинација, што е клучно за прифаќање на вакцините – велат од Лекарската комора.

Во соопштението на Лекарската комора се додава дека лекарите треба да добијат поддршка за подобра промоција на важноста на вакцините, како и да се подобрат нивните комуникациски вештини за соодветен одговор на колебливоста на родителите за примање на редовните вакцини.

Едукацијата на студентите по медицина е од суштинско значење за да им се овозможи на идните лекари ефективно да комуницираат со своите пациенти, а подигнувањето на свеста на родителите треба да се започне уште за време на пренаталниот период и исто така да се одвива континуирано, додаваат од Комората.

Лекарската комора како член на Постојниот комитет на европски лекари (CPME) и Коалицијата за вакцинација го истакнува заедничкиот став дека со рамномерен пристап до вакцините и зголемен опфат со вакцинацијата ќе се обезбеди долг и здрав живот.

„Коалицијата за вакцинација ги повикува европските земји да ги обезбедат следните активности: редовната вакцинација да се смета за приоритет за сите возрасни групи, особено за децата; возрасните, особено ризичните групи и постарата популација да се вакцинираат со бустер доза против Ковид 19, како и да се зголеми опфатот со оваа вакцина кај адолесцентите и децата; да се обезбеди бегалската популација, особено децата, да добијат лесен пристап до вакцинација; да се помогне на здравствените работници да започнат кампањи за вакцинација и да се поддржи зголемувањето на опфатот со редовна вакцинација кај бегалската популација и населението на земјите кои прифаќаат бегалци – се наведува во соопштението на Лекарската комора.

loading...

đánh bài go88 kinh nghiệm chơi tài xỉu go88 go88 gg

https://sunwin.fan/